После ке коментирам за целокупната вечер ама морам да кажам дека кога Тони се расписка И ЈАС ЗАМОЛЧЕВ ПРЕД ТЕЛЕВИЗОРОТ!!!
Леле засрамота дерењее Тонии, добро кај се наоѓа в шума цк, цк. Јана ми е следна за испаѓање, стајлингот 0 , глас - пеење ко без душа, стандард, се си мислам дека таа вечерва лета. Дејан убав настап, вечерва ми е подобар и од Мики, зошто кога пее Мики целиот се криви во фацата, имам чувство како сосила да пее, небаре ќе пукне и ако приметувате од ко ќе испеат тој е најизморен и најзадишан.
Иначе Виктор беше ПРЕКРАСЕН и коментарите со "пиштењето" не држат вода зошто таков му е гласот, такво му е пеењето..повеќе му одговарат поп песни, и како требаше ова да го испее ако само на тој начин може што мене ми звучеше баш симпатично... Браво за Виктор..тој и Иван засега ми беа најдобри!!! :up:
Коментарите си држат вода, толку ја држат што ќе се прелие Треба да знае до каде му оди гласот, до каде е границата за да не се прејде во пиштење. Што очигледно не го знае.
И јас мислам дека Јана ќе испадне , не ми испеа убаво вечерва Ама може и не , па без ниедна девојка после ..
Поради рекламите и одолговлекувањето и со коментари и со црвени соби, и со глупирањто на лиглата Иванннннна.... го занемарив Идолот. Претеруваат значи! Ми е гајле мене за Тафт и Бодилајн.
Јас искрено мислам дека Дејан ќе си оди. некако нема многу харизма и многу публика. Или јас грешен заклучок сум донела.
А ИГОР треба да се засрами со неговите коментари "Не заборавај дека ние сме Колумбо..." бре бре..и како тоа пред цела јавност му зборува на Виктор за цинизам (па и дека од тоа Игор заработува..)..па овој човек од што сака да биде уникатен и оригинален во коментарите ПРЕТЕРА И СЕ ГЛУПИРА.........!!!!
Абе ај што е покрупен, ама со вежбање се се може. А затоа се таму, за да вежбаат. А не да одат натаму-наваму. Тоа од продукцијата се криви.
A Виктор што нема трошка почит? Искрено и јас би му го рекла истото. Наместо да биде благодарен, тој плука по тие што му подале рака и го донеле до оваа сцена.
Дејан испеа најдобро.Се надевам дека нема да излезе,и Иван ми се допадна,другите не толку многу. Мене Тони и Калиопи многу исончани ми изгледаат вечерва И да,немаше смисла навистина коментарот на Игор за Виктор.Престрого.Ко којзнае каков криминал да направил.Го опоменаа еднаш,мислам дека беше доволно.
Леле не е можно, уште прилози. Жими све, сите граници ги поминаа. Ајде Мики може ќе се извади малку. Ако зафркне и сега нема да турка уште многу.