Не заборавајте дека научивме многу и за Бране, дека е кока кола за Николче и сл. муабети. Доста едукативна оваа вечер излезе. Веќе на памет го научив што збори, мајке ми.
Кога пееше Дејан незнам дали косата ми се дигаше нагоре или ми се лепаше за уши за да не слушам. Јана многу ме разочара со првата песна. Виктор за пеење проесечно но многу жал ми падна за идиотскиот коментар на Игор. Мики се најдобро но некако не уживам многу во неговото пеење бидејќи некако напнато ми доага. И Иванн ах нема што да се коментира најдобар како и секогаш.
Целото шоу веќе почна да ми гази нерви Спојлер да немав еден куп за учење немаше да го гледам ....Ама ептен се досадни, пеењето трае 25 минути, а го влечкаат 2 саати и не сфаќам зошто има посебна маса за лица со средновечни кризи
Уште неможам да верувам колку лошо Мики ја испеа Smells like teen spirit а уште многу ќе се смеам со пиштењето на Виктор на I don't want to miss a thing бтв: утре идоливе одат за Хрватска, Словенија, и тоа изгледа сите 13 ќе одат. Стварно ги изнашетаа
Што да искоментирам незнам..БРАВО Игоре! Ти личи на маж од 50 години така да се препуцаваш со дете од 19!!! Не знам..не сум за Виктор и Игор ми бил најхаризматична ТВ личност сум го ценела и почитувала па и премногу..али ова вечерва беше надвор од сите вери и граници!! Ние сме колумбо ти си индијанец најден у дивина, Битола ја сакам ради таквите самобендисани ко тебе али они бар се на добро самобендисани ти си на лошо..коментар за пеењето за настапот за нешто такво јок! Доследно си ја врши работата значи! Можам да сватам зашто се изнервирале и сакале да му укажат али АЛО МАЛЦЕ СВЕСТЕТЕ СЕ!! Ми падна жал за детето ептен и да бев на негово место озбилно ќе станев да му акнам бокс на паметњаковичот!!! А што е најтрагично Виктор испеа најдобро вечерва како просек од двата настапи. Жими Тони што му даде некаков фидбек како што личи на едно жири другиве го превоспитуваат и битно да стаат на знаење дека ОНИ го откриле!! Е добро бе вие го откривте и него и сите фала ви многу ај сеа уќутете пошто не е поентата да сте ВИЕ центар пажња него овие деца!! Јана добра беше до сега ама едноставно мислам дека не може да ги следи веќе другите во чекор. Мики има феноменален глас ама ме разочара ептен во втората песна..незнам очекував многу подобро да ја испее. Дejaн ми е бледуњав како и до сега и седам и се чудам кој го гласа. Не дека нема глас ни па дека фалшира напротив мислам дека од сите на Идол само него го немам слушнато да фалшира ама го нема тој Х фактор... Иван е ок само незнам како таа втората песна се класифицира како рок..може пошто јас не ја знам али не ми звучеше како рок. Првата песна подобро ја испеа у секој случај.
Сега еве ги Бране, СДСМ, Нова Демократија и компанија.Абе многу паметни се овие, знаат гледаме Идол па ги даваат сега.
^ Oти на муте рекламите, се попарив од смеење. Мада трагично е, али мала сум, па ќе ми попуштите. А можно е и да нема гала во понеделник. Малку останаа, сигурно нема двајца без тројца во финале да бидат.
Браво за Виктор вечерва како "им го спушти " на жирито,браво мајсторе,не дозволувај да те удираат по глава на секој твој настап.Милозвучните зборови на жирито вечерва беа чисто лигавење,сигурно сфатија колку се изрезилија минатиот пат коментирајќи го статусот на Виктор.Браво Браво уште еднаш! Напред само!
таа песна и павароти да ја пееше (нек му е лесна земјата) ќе звучеше лошо за таква песна не ти треба глас,ти треба jaka гласна жила Спојлер (и малце бело правче уз пут) шаљим се
А околу Виктор, можеби и до некаде не личи 50 годишен маж толку да ајде да речам си игра со 22 дете, ама па и однесувањето на Виктор не личеше на ништо, но толку, не коментирам повеќе за неговото однесување. А околу шетањето, мислам дека барем сега не треба да ги шетаат. Се ближи финале, место да ги остават да ги наполнат батериите, да извежбаат убаво, ги преморуваат.
Кој КУР му е на Игор? Кој Колумбо и бакрачи? Свесен ли е дека он од тоа пари зема, а го поти овде они дека го откриле. Да беше жена ќе речев дека е од климаксот, ама овој или му завидува на Виктор дека има обожавателки, или дефинитивно треба да си најде некоја секс-партнерка и да си ги смири средновечните завриени хормони. Мочко, да бев на Виктор местото, ќе му кажев убаво
да ми звучеше како Мајкл Џексон. Дури до Хрватска и Словенија, па нема да пеат фалш, епа очекувајте другиот понеделник да бидат бетер.
Јас си гласав за Иван, вечерва беше најдобар, ме дрмна, е тоа е рок. Мики, Мики... што ти стана вечерва, ми ги расипа и двете песни што ги сакам, ама ајде настинат си, се гледа дека не ти е добро, па ќе ти простам. Викторе јас на I don't wanna miss a thing се ежам и плачам. Ти ниту ме наежи ниту ме расплача, но кажав ти сепак не си Стивен Тајлер, а јас него го обожавам, па ајде може да се прифати таа твојa верзија на оваа песна. За другата нејќам ни да коментирам. Бледо! Јана истотака бледо, ама ич не ме бендиса. Здрвена е многу, па каде и е енергијата. Јана оваа беше рок вечер. Дејан убаво испеа, има убав глас ама не ми е за рок бе. Сепак примерен дечко, срамежлив и скромен. Тоа ми се допаѓа кај него. Во Идолот ми фали сценски настап, освен Иван, друг никој не понуди. Ивица и Кристијан беа одлични, настапите им беа добри ама ете испаднаа. И Мики беше добар ама се изгуби! Ми фали сценскиот настап, оној кој го имаа на малите концерти. Ми се чини тогаш беа најдобри! Сите!