ЈАс сум ЗА- следната гала ИГОР да си замине од Идол (заедно со Дејан). А Виктор се повеќе ми се свиѓа. Спојлер И не..Не сум тинејџерка
немаш право така да ми се обраќаш секој си има право на свое мислење јас може мсиламд ека ти немаш врска не се служи со навреди тука сме за да даваме кометари а не да се навредуваме поздрав
Се согласувам. Јас бев една од обожавателите на Игор, сум го почитувала како ретко интелигентно суштество во Македонија, човек - мултиталент, ама со ова Идолов, толку ми станал одвратен, толку перверзен и манијак, тоа е чудо едно. Ете, дури и во темата лани летото што се отвори на форумов `Македонските јавни фаци`, меѓу првите мислења во таа тема лично јас напишав дека Игор е еден и единствен што вреди во нашава земја од јавните фаци, ама после Идолов, посакувам повеќе да не се појави на телевизија, зашто ќе го фрлам телевизорот, дури и сега зажалувам зашто некогаш сум потрошила цел ден за да му ја прочитам книгата. Џабе му е цел труд, кога сега си ги изнесе фрустрациите на тацна пред целата јавност. Само ете, како за маца23, што си зацртала дека Игор е некој и нешто, така и за други ќе остане, зашто не виделе подлабоко колку исфрустрирано човече е, и налет, па си ги лечи фрустрациите врз некои деца кои се пријавиле за да си изградат кариера. Многу го замразив.
Појма немам што сте пишувале..ме мрза да читам ама конечно сакам да си го кажам моето мислење за денешната гала.. Во глобала сите беа супер..ми се допаднаа освен Дејан со The Rasmus Иван ке бидам искрена и ке кажам дека вечерва беше најдобар не дека само тој добро испеа..ама ми беше комплетен со сценски движења со СЕ!! Посебно со песната од Muse не трепнав 3 минути од пред телевизор Мики закашка малку со пеењето но како што рече има проблеми со грлото (е така е кога ги шетаат натаму-наваму ке ги разболат сите пред финале ) и тоа што на некои места малце утна не ми значи ништо зошто за мене е еден моќен и одличен глас Јана ми се допадна многу..жал ми е што испадна, да останеше барем до следната гала(барем така требаше според моите пресметки ) Виктор Беше прекрасен со Аеросмит премногу ми се допадна, а за Numb иако ја испеа одлично (дури ме изненади со гласот на високите тонови) сепак и јас мислам дека требаше повеќе енергија на сцена.Битно си гласав пак за него..секогаш е одличен Дејан Дејан по незнам кој пат ке кажам не ми е за на сцена незнам зошто...кога пее прави некои фаци така и движењето на сцената не ми е некако како што треба...не пее лошо ама со првата песна ке ме заспиеше а со втората ми го оштети слухот НАЈИСКРЕНО!!! требаше Дејан да излезе... и ова му е многу Иначе може ке се смеете ама не би се помирила со фактот Виктор да излезе пред Дејан НЕ НЕ НЕ!!! Според моите калкулации и желби и незнам што др во финале Виктор, Мики и Иван Уште нешто...денес само Калиопи ми беше смирена, Игор страшно ме изнервира минатата гала со коментарите и за Виктор и за Иван, а оваа гала со ЦИНИЗМОТ за Виктор-ептен се фатил за него ке го докрајчи ..нема смисла....а Тони..леле Тони како се расписка како некој даскал ц ц ц навистина публиката нема "осет " што е нормално кога 90% се шесто и седмо оделение..ама ВЕ МОЛАМ такво однесување од страна на Тони пред цела Македонија кон публиката... неее на ништо не личи..ајде тогаш наредната гала нека се одржи само со присуство на жирито , пејачите , водителите ,бендот и екипата на а1..доволно е нели?? Во глобала мене ми беше убава вечер!!! (во поглед на песните и пеењето)
Јас само си го кажав моето мислење не те нападнав тебе директно во НИЕДЕН пост. Пред се не заборавај дека секој си има право на свое мислење, и ти или јас со цитирање нема да го промениме тоа! Спојлер офтопик за офспринг Игор има поминато низ сито и решето и сите ние заедно не можеме да му се фатиме на малиот прст. ако по Идолот судиш за него како шоумен кој од ништо прави нешто тоа е многу тажно
Има поминато низ сито и решето, да, ама по чива вина? Сам си е крив за се низ што поминал. И пак ќе кажам дека не одговара за вакво шоу, не може да си ја задржи објективноста. Да имаше построги критериуми шоуво, ќе добиеше некаква опомена или замена во краен случај.
Му укажа на детето? 1000 гали по ред,он едно те исто го тупи. Ама укажување.... И може,како повозрасен да се воздржи малку. На крај краева,очигледно ни Виктор ни Игор не трпат негативни коментари. И да напоменам пак, не го бранам Виктор!
Игор многу го почитував и го сакав, преинтелегентен човек ама колку повеќе му дава лоши коментари на Виктор и го навредува толку повеќе самиот си копа дупка, не сум за Виктор мој фаворит е Иван ама вака ствара контраефект ние уште повеќе го сакаме Виктор, мое мислење и мислам дека претерувате со коментарите за Игор како на пример Импотентен, манијак итн не одете во такви крајности ве молам Поздрав
Ве молам отидовте оф топик со препукувањето. Подобро вратете се на дискусијата, отколку кој што и зашто рекол. Сите оф топици од тука натаму ќе завршат во канта.
Јана ќе може барем да си отиде на матура сега, јас мислам дека тоа беше договорено однапред затоа што девојчето како што кажав има и матури и обврски со школо... А и искрено има стварно просечен глас. Мики ми беше фаворит од почетокот, ама мислам дека Иван го има вистинското за да победи и стас и глас! Виктор не ми се допаѓа, го имам видено претходно по свирки што праел низ Скопјево, како човек не ми се допаѓа, а гласот онака. Дејан нема што да го коментирам.
Оваа гала вечер требаше да излезе Виктор не го бидува да пее како Иван и Мики ..ама стварно не е фер сто секогаш поминува, јас мислам дека Јана пее подобро од Виктор и тоа 100% подобро ама тоа е тоа ...Сакам да победи најдобриот, а според мене тоа е Иван Раденов!!!
Една моја другарка беше вчера на идол. Еве што има напишано на фејсбук: Ај сега викајте бил кренат Виктор и никого не гледал... А кога викнал Тони? Да ми пушти некој линкче од Youtube или да ми каже кога викал, т.е. на кој од идоливе?
Игор стварно го претера. Најверојатно е дека му е љубоморен на Виктор. Виктор си кажува дека не се согласува со коментарите од жирито, за разлика од Биљана кој на 1 на 1 кажа дека секогаш се согласувала со нивните коментари и дека воопшто не грешат, вчера во Шпиц имаше интејвју со неа каде што кажува дека се се согласува со тоа дека избрала погрешна песна и мисли дека жирито не е во право. За разлика од неа Виктор не ги мењава своите изјави на секои два дека и се држи до тоа што го кажал. На македонската естрада баш такви ѕвезди и требат, пеачи кои што не се дволични кои што знаат што сакат и имат свој стил. И тоа дека Виктор е циничен е толкава глупост. На Игор местото не му е во Идол. А виктор супер им го спушти со тоа со Нико. Најкултурно од сите таму се изразува. Дури и кога коментираа за нико он највеќе ги избираше зборовите. Го кажува своето мислење без никого да навреди. Тоа со статусот му беше грешка, ама како и он што кажа сите сме луѓе и правиме грешки но од грешките се учиме и стануваме подобри доколкку сватиме што сме направиле. не значи дека ако они се во македонскиот идол дека треба да бидат совршени. Никој не е совршен. Ама бар подобри се од жирито. не сите но некои од нив ќе постигнат поголем успех од сите нив заедно. Се надевам дека тоа ќе биде Виктор, за инает на жирито. А и тој што ќе победи сигурна сум дека ќе остане во сенка на кариерата понатаму. Ке дадам еден пример: Лани на бугарскиот идол имаше тројца македонци Дарко Илиевски Бојан Стојков и Александар Тарабунов. Дарко Илиевски уште на првиот голем концерт испадна. Тарабунов некаде во средина а Бојан остана до крај. Моментално Бојан никаде го нема, тарабунов ќе се појави ваму таму а Дарко е најактуелен на музичката сцена. Што немора да значи дека тој што ќе победи ќе остане нај познат, туку спротивно. Во иднина може Денис ќе биде попзнат од Мики. Никогаш ништо не се знае.
абе јас го имам кажано и порано тоа Тие што имаат многу фанови -жирито сака да ги навреди,да им најде некоја грешка ЉУБОМОРА хахахахах
Најдобар со гласовни способности е МИКИ во моментов, а голема штета е што не е и НИКО со него.Тогаш ќе беше многу тешко да се одлучи кој е подобар, но сега само МИКИ и никој друг!!Сета моја подршка до него.