Во секој случај, машките знаеја многу подобро да се снајдат на сцена и да ја пренесат својата енергија и глас на еден прекрасен начин.. Од женските дефинитивно впечаток ми остави Бети ... Навистина, најкомплетен настап. Ме воодушеви !
Леле оваа Елизабета ме наежи, солзи ми навреа!!! Браво, секоја чест, воедно и единствена што ми остави впечаток оваа вечер. За стајлингот гледам дека веќе се сте кажале да не се повторуваме, живи катастрофи А Данаилова (Наталија мислам беше ) нека погледне еден настап на Адел и да научи како да се носи покрај таква фигура! Дебелината се камуфлира, не се потенцира!!!
Девојчево што ја пееше What's up? ич не ми остави убав впечаток. Не и лежеше песната, бар според мене. Многу ги потенцираше високите тонови некако, а не и одеше баш. Башка што ич не ја забележав на аудициите пред тоа.
Добро бе, мене ми се чини, или оваа Калиопи е болна??? Дефинитивно хормоните ја удриле у глава, како подивена е целата....баш приметете ја кога коментира, страшно ннешто!!! Изглеа им љубомори па забегала скроз!!! Инаку, првата ми е фаворит, најјјјубава од сите е одлично ја испеа песната, секоја чест што ја одбрала таа песна
Биљана Мене ми е фаворит, прекрасна беше, таква сензуалност се покажува, Лаура скроз погрешно се обиде да го долови тоа, не внимаваше на пеењето, па ова сепак е идол. Бети ми беше како тетка, стајлинг нула, и она и Наталија. И девојкиве се дефинитивно подобри. Се покажаа, повеќе страст има, повеќе емоции
Значи гледајќи женскиве можат вода да им носат на машките,тоа дефинитивно....најголем впечаток ми остави Билјана преубав настап и глас и самодоверба едноставно зрачеше ,инаку стајлингот и беше ок,освен фустанот во горниот дел не го капирав ,ама за разлика од другите, таа и елизабета беа најдобри. Првата што настапи и што ја пееше од тони брекстон,незнам како калиопи толку ја ифали кога глас не и се слушаше на таква песна ,и онаа Данаилова пееше супер,е сега што е дебелка дебелка е,а некој ја Спореди со Адел,да гледала од неа како да се носи со дебелината,мислаааам далеку сме од тоа
Јас сега за првпат седнувам онака специјално идол да гледам. Девојчето што ја пееше Sway ич убаво не ми испеа, критиката на Игор му беше на место. А и Блузата во целата комбинација ич не ми се вклопуваше. Девојката во црвениот фустан, косата и беше а и како беше нашминкана како 60 годишна. Инаку убаво испеа. Девојката што ја пееше Hurt ми беше океј само што има слаб глас за таа песна. Наталија ич не ми беше убаво облечена инаку браво за гласот . What`s up до сега ми остави најголем впечаток И сега татко ми ми смени програма и не ми дава и другите да ги изгледам
^ Рејнбоу предходниот пат ми беше многу интересно. Rainbow и Wild Child во живо за Фемина.мк. Директен пренос правевме.
Морам и јас да искоментирам за девојката во црвениот фустан , не знам како се вика Она повеќе како да се бореше со косата Не знам зошто таков жбун и направиле , барем некако да и го средиле
Рано е за Јана. http://www.youtube.com/watch?v=tk_Dj6KDI9o Еве ви го басистов ако ви врши работа. Како ќе ги аплоудираат, така ќе ги постирам. Еве ја имате честа меѓу првите да го погледнете.