Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. Jovanna.I

    Jovanna.I Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Мики ќе победи постојано го фалат од 1 гала па до сега нема ниеден лош коментар.
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Е ако гледаш кого го фалат - сите треба да победат. :lol:
    А оваа гала ич не заслужи пофалби, посебно не за песната од Нирвана.
     
    На monushka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јана си отиде :o
    Вчера малку фалшираше :?: А кога застана со Виктор си велев ајде Јана ама за Виктор повеќе гласта и тоа е тоа :?:
    Сега Иван и Мики :clap:
    Виктор се надевам нема долго да остане :?:
     
  4. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    мене и виктор ми е фаворит ама сакам и да остане за инат на Игор...
     
  5. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Во финале Мики, Виктор и Иван... :!:
    ако Дејан оди во финале.... поарно веднаш да му ја препуштат титулата Македонски Идол :puke:
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Кога пееше Дејан брзата песна (in the shadows) исто како балада да пее... Ниту да викне, да покаже гласовни можности (ако ги има) ниту ништо :| И незнам како помина.

    Оваа недела ептен се изнашетаа, ама сега во Словенија ехее :lol:

    А Јана, сеедно ми беше дали ке остане или ќе си оди, а децата кои плакаа по Виктор, како брат да им е. Па и мене ми е фаворит ама не сум до толку :rofl: Иван ми се допадна и на двете песни, Мики не толку многу, ама мислам дека беше поради тоа што бил болен, инаку тој каде каде е подобар. Виктор, и така и така, ама во целост ми се допадна. Жирито како да им е досадно веќе од шоуто, само нешто како да се каже. :wasntme:
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Во понеделник ако испадне Виктор а Дејан влезе во финале наместено е шоуво 1000 %.Нема шанси Дејан да има повеќе фанови од Виктор.Дејан си има купено гласови и ич уво не го боли.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Не е наместено, ама најверојатно организирано гласаат за Дејан. Некој стои позади него.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Мислев дека првиот што ке лета од финалистите ке биде баш Дејан.
    Не само тоа, туку не очекував ни дека ке влезе во финалето.

    Ама еве го, гордо и смело стои напред, како недопирлив. Да се замислиш.
    Се мислев едно време дали смуглено Кристијан, предизвикувачон на обиди за самоубиства е поткрепен од генералниот спонзор Витаминка. Ама како да немало влијание. Фала Богу. [​IMG]

    Горенаведениов Дејан, не ми привлекува со ништо внимание. Не е како Нико (да го земам него предвид, зашто имаше огромен талент и квалитет, а отпадна уште поодамна), маж да чуеш, да се здрвиш, да подзиниш... да забележиш талент. Она од Дејан го можеме сите. Само не сме свесни и си го чуваме за под туш. :wasntme:

    Што би рекле стружани, стап за чукање ореј. За дрво не го бидвит. |(

    Уште ова. Жирито можам да констатирам дека има сериозно хормонал дистракшн. Од Игор кој се однесува како тотално сексуално загрозен, манијак од 70 години кој може само да гледа - а да не допира, зашто едноставно не му допира, до Калиопи која очигледно се труди напалените изјави да ги контролира, но стенкањето не го занемарува, а за Тони зборови немам, а воедно нема ни тој. Не знам која книга ја зема пред себе за да црпи фрази.
    Се на се, хорни јунајтед.

    Водителското дуо. Попросто го нема.
    Еден кажи, друг откажи. Еден вака, друг квака. Еден лупнал нешто, другиот го дооплескува. Речник - нула.

    Да не испадне дека ми е хејтерски спичов, еве гоу ахед Иван (ајван |( ).
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Игор Џамбазов овој пат претера со коменатрите за Виктор.
    Не го бранам ни Виктор,ама не сакам да помислам како му било кога ги слушаше тие зборови,а знае дека тоа го слуша можеби повеќе од половина македонска јавност.
    Поготово да зборува коментари од типот "ти си лошо момче, одиш во погрешен правец"..а, заборавил тој до кое дереџе беше стигнат до пред 1 година.
    Навистина ме изненади во негативна смисла, а Виктор овојпат во позитивна за тоа како МУШКИ ги поднесе коментарите.

    А,па за тоа кога ќе размислам подобро ни Тони не е нешто подобар од Игор.
    Тие се cool фаци и имаат право јавно да критикуваат и да плукаат све живо и диво.
    Еве конкретно актуелното видео каде што ја споменува Цаци Паковска која го искритикувала за облеката, изјави "Подобро добар водител-лошо облечен,отколку лош водител-добро облечен"
    Но, добро е што вчера Тони се воздржа од напаѓање, бидејќи сепак нема потреба секоја гала истото да му го повторуваат.


    Дејан... уште ме чуди како не испадна.
    Би требало прво тој,па Јана.
    А,за македонски идол или Мики или Иван, мислам дека тие двајца најмногу заслужуваат.

    и друга работа..
    уствари слика..
    фан на Виктор
    [​IMG]
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    Mики ме разочара многу вчера се изгуби дечково или можи дека грлото го фати :?: иначе најскромен е од сите тоа се гледа почнува да ми станува симпатичен :lol:

    Виктор
    супер беше ми се допаднаја двата настапи :clap: сега за Виктор сум заслужува да победи ;)

    Дејан уште од почетокот чекам да отпадни одвратен ми е ич не убаво ја испеаа In the shadows па треба глас за таа песна кој и да гласа за него Дејан сам треба да сфати дека не е за во финале :envy: :devil:

    Јана мило ми е што отпадна :lol: :lol: но требаше прво Дејан па Јана да испадни ;)

    Иван супер е дечково ама нешто како да му недостасува за да биде идол.

    Жирито катастрофа не го очекував ова од толку мултиталентирани лица :puke: Калиопи се поантипатична ми станува .......Игор уште малку фали да ми стани антипатичен
     
    На ViKtOrIjA21 и macysh им се допаѓа ова.
  12. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Потполно се согласувам со тебе.
    А и виктор беше во право со тоа дека сега на него му го прават тоа што они му го направиа на Нико.
    А за сликаваа... хаха тешко неговоо.. какви се немаа... и уште какви ќе имаа...
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    сакаа ПЕДЕР-БАЛ си добија ПЕДЕР-БАЛ. :D јана не беше профитабилна како виктор, па си замина, сепак за ПЕДЕР-БАЛ- ситуацијава е криво жирито што сите позрели девојќи од 20ката ги отфрли, а машките што продолжија на гала-вечерите , беа далеку позрели и пообразовани од девојќите. сепак Виктор сметам дека најмалку треба да отпадни, бидејќи е најобразован музички од останатите кандидати,10 години музичко образование, не се за фрлање во однос на само основното музичко училиште на мики, и 0 образованбие кај иван и дејан.
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Леле да ви кажам:
    Пред некоја гала, кога пееа екс-ју, другарка ми била и кога завршило и Виктор искочил надвор некоја му рекла сакам бебе од тебе! Абе пукнав од смеење кога ми кажа :rofl: :rofl: :rofl: !
     
  15. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ова го напишав зато шо некој викаа демек, Виктор бил кренат, со некој се сликал, со некој не и сл.
    А ти падна? Ојдоф јас оффтопик... срам да ми е.. :$ :lol: :P
     
  16. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    :wasntme: :wasntme:

    Стигнав до 711 страна. И доста ми е, не можам више да читам. :D

    Да си искоментирам сега јас за сите.

    1. Мики - Ептен се гледаше дека има проблеми со грлото. Не беше најсаен. Ама само ради една утната гала, нема потреба да го напаѓате дека треба да испадне! Да бидеме реални, сите други (освен Иван) досега на Идолов можат вода да му носат.

    2. Иван - Ми се допаднаа двете изведби. :clap: Секогаш е точен и прецизен, и секогаш прави добар избор на песни.

    3. Јана - Првата изведба беше океј, ама на втората изведба, повисоките места како да немаше душа да ги испее. Ми се свиде ептен фустанчето на првата изведба.

    4. Виктор - Па, не беше лош. Иако морам да признам дека изборот на песните не му беше на место. Нема тој глас за да ја пее Намб (ама не беше ни толку лошо испеано, кога ќе заслушам подобро). И жириво, мислам стварно, знам дека не ме засега, нели никој нема утре да и рече фала и да ми даде пари што навивам за Виктор, ама вчера одлепив за коментарите. Кај зарипната, уште викам по телевизорот. Мајка ми , ми се изнамеа. Ама шо сега, кој е бе Игор онака да му вика нему? Тој треба да коментира исклучиво професионално, а за приватни ствари, треба дома татко му и мајка му да си го спаструваат. А јас колку што знам Игор не му е ни мајка, ни татко. |( Јас стварно сум разочарана од него. Што е претерано, е. И по не знам кој пат ќе кажам: САКАМ НОВО ЖИРИ! :!: А на Виктор му симнувам капа што си го брани својот став. :bow: Онака треба.

    5. Дејан - :rofl: Не знам како ова чоекче истурка доовде. Глас, ајде де, проаѓа некако, ама стас?! Жити мене, аман. Ко кловн ми е кога ќе се насмее. И уште ја наведнува главата и гушката како му се гледа. :rofl: :rofl:
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Хеј хеј, ти се читаш ли што пишуваш? Мики има завршено средно музичко и има изучено музичка академија во Бугарија. Ај вака пред да треснете вакви глупости прво распрашајте се па трескајте. Од каде знаеш што има завршено дали само основно музичко или факултет или што год да е.
    Колку за информација...
    Факултет

    NMA"Panco Vladigerov" Sofia
    Генерација 2009

    Средно училиште

    Sredno Muzicko Uciliste Bitola
    Генерација 2005

    http://www.youtube.com/watch?v=rnjOj1wD1Sw
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Абее, па што и ако не е музички наобразован? Талент си е талент. Кој си пее убаво, ќе пее убаво и понатака, а кој рика, џабе му е и факултет и бакрачи. Не викам дека не е потребно тоа, убаво е секој да се надоградува, ама сепак не е тоа пресудно кој колку ќе успее во кариерата. :)
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Музичкото училиште нема врска со талентот за пеење
    Ја може иам завршено музичко и свирам на калвир, а пеење строго во соба со звучна изолација и кршам прозори
    Прво треба да имаш талент, а после да работиш на тој талент. Едно без друго не иде

    А реално денес секој може да заврши било каков факултет. Тоа не е гаранција дека и го бива во таа област
     
  20. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Леле девојчево 6то одделение е кај мене во школо..
    Многу се праи тука немам коментар . Еднаш на фб на чат ми вика Јас го знам бројот на Виктор,јас и Виктор имаме наше место,Мене Виктор ме знае и ми е другар а можда и повеќе ...
    Леле како се замислуваат само . И има една слика со Виктор како ја крева во раце а оваа го терала уште да ја крева во раце и да ја баци во образ. :x