Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Еве и мое мислење за сите вчера

    Мики - Изборот на песните мене не ми се допаѓаше. Првата песна ја изведе солидно али втората ја исфалшира. Може за оправдание да биде тоа што бил настинат, но и претходната гала не ме имресионира, некако се ми е полош и полош а најмоќен глас има од сите.

    Иван: Супер дечко, супер испеа, немам некоја замерка, само што треба со нешто да не изненади, нешто да смени, нешто за да не импресионира. А иначе супер пее

    Јана - Најслабо испеа. Според мене само вокално оценувано она заслужено испадна иако мислам дека Дејан требаше пред неа да испадне.

    Виктор - Мене и двете песни ми се допаднаа како ги изведе.. т.е. највеќе ми се допадна таа песната од Аеросмит, супер ја изведе и во негов стил не имитираше никого(тој Џастинов крик за што зборите вие мислам дека е нешто природно од него, ако пробува да го имитира Тимберлејк нема да може во секоја песнат да го вметне тоа, мислам дека баш и по тоа Виктор се одвојува од другите, има сосема различен тип на глас) А за коментарите на Игор сум без коментар воопшто не се сложувам со тоа Игор што го кажа.

    Дејан - Мене не ми е јасно како стигна до тука, т.е. не ми беше јасно ни кога влезе во големите концерти, попрво би сакала Кико да го видам на местото на Дејан( иако не го сакам кико) отколку Дејан. Дејан освен што знае да пее ништо друго не знае, а и мислам дека имитира, секогаш кога пее мене дремка ме фаќа, многу е досаден.

    бај д веј во среда нема да има 1 на 1 бидејки идолите се во словенија, па кажаа наредната среда ќе биде со двајца кандидати...
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Смешно е. Виктор има 19/20 години а Мики и Иван по 23
    Како може Виктор да биде најобразован од сите?
    Дечкото си пее убаво и тоа си е факт. Кој пее убаво и да не има музичко образование не е толку важно
    Мислам дека Мики и Нико се најобразовани ако веќе збориме за тоа, зашто за Нико читав негде дека студирал музика на некој универзитет во Русија, и ете кажа Офи за Мики
    Браво за нив!!
     
  3. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Јас сум следната гала да си одат Дејан и Игор.Во пакет!
     
    На stefiiM му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Леле остај, и другарка ми ја има оваа на фб и збореле нешто и ми трубеше нешто (другарка ми) братучеди биле, па наочарите и ги давал бла, бла (на оваа на сликава).А на тебе па други глупости ти трескала.Остај бе, и таа некоја лажга опасна.А за бројот на Виктор многу го имаат, не е само таа па да се фали.
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Виктор гревче :) го напаѓаат овие, го малтертираат и психички го силуваат, а кутриот само се смешка и дели бакнежи. Мене одма ми пука филмот и правам масовно САМОубиство :D
     
    На peperutkaa, sugar, TheKiketoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bubbe

    Bubbe Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Е,незнам што се замислуваат овие од жирито.На Виктор му држат предавање од морал? А тие многу се за пример да ги има човек.Игор:коцкар,алкохоличар,разведен,без никакво почитување кон мајкаму додека била жива самиот има кажувано како го барала по коцкарниците низ Скопје,Калиопи двапати разведена,далеку од своето дете,единствено компетентна за музиката,Тони:вулгарен,разведен...Тие се таму да дадат коментар за пеењето,а не за тоа кој што прави и зборува во слободното време?Не можат да помислат дека и во некој друг град има деца со добар глас,мислат дека се почнува и завршува со Скопје.За некој да биде пејач треба да има глас,појава, но имногу,многу харизма.На пр.на Здравко Чолич последниот албум му е ужас ама тој има харизма и продава се што ке сними.Навистина го претераа со детето.
     
    На ViKtOrIjA21 и Tanny им се допаѓа ова.
  7. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Леле ама коментарот дека Калиопи, Игор и Тони боле Колумбо, а Виктор4е изгубен индијанец ли 4овекојадец ли шо беше не знам, ама ме изнасмеа... :) :) :)
     
  8. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Децава го убија Виктор :D . Леле а кога беа тука во Кавадарци, какви гужви беа тоа :geek: ! И утредента сите возбудени .. Оу мај гад :drunk: .
    Зборувам за во Кавадарци бидејќи за тука сум сведок дека се случи тоа, не дека само тука е така.

    Инаку, да си искоментирам и јас.
    Иван и во двата настапи ми беше одличен. Супер изгледаше и добро отпеа. Нема што да полемизираме многу, многу. Мики изгледа имаше проблеми во гласот со настинката. Може тој многу повеќе. Инаку без оглед на тоа, имаше многу енергичен настап што ми остави впечаток. Виктор не беше ништо посебно. Си отпеа просечно како за него, океј. Дејан и тој си е стандар. Не ме воодушеви кој знае колку. Јана .. некако како да знаеше дека ќе излезе, па си вика ај ќе испеам колку да ми мине редот. Таков некаков впечаток ми остави. Инаку ќе сигне девојчево до некаде. Симпатична е, слатка, добро си пее ..
    Јас сакав да испадне прво Дејан, па Јана, ама ајде .. По моја желба најмногу би ми се направил ќеифот ако победи Иван, и Мики тука некаде, ама помило ми е за Иван, сепак.
    Жирито треба да бидат строги до некоја граница и сето тоа. Ги почитувам сите тројца, ама претераа со Виктор. Особено Игор. Навистина веќе нема смисла. Кажаа што кажаа и тогаш кога се случи тоа првиот пат, ама сега веќе нема потреба од такви коментари. И Игор во врска со грешката што се случи во минатиот понеделник на настапот на Иван .. Кажа човекот дека Иван не згреши туку тој, а Игор па вели не заслуживал Иван аплауз, туку бендот. Дали сакаат да бидат т.е да биде многу арен бидејќи се работи за бендот на Тоше .. но што и да е, таков коментар не беше воопшто потребен.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.482
    Допаѓања:
    251.128
    Игор вчера што претра, претера, ама ајде ви се молам ќе го земете нивниот приватен живот на тапет. Ако е така и жирито на Американскиот идол, Стивен Тајлер и Џенифер Лопез имаат неколку брака зад себе, вонбрачни деца, зависник е Стивен и да не набројувам, ама сепак неможе да се оспорува нивната стручност и компетентност. Овие нашиве во споредба со нив се светци :) .

    Туку овој Игор да не го тестира Виктор? Оти оваа ако го прави при чиста свест, не е добро, не личи на него. А јас исто го почитувам како порано, мене ништо не ми смени. Тој на сцената е со години, Виктор е само неколку месеци, и којзнае може по идолот нема ни да го има, така да нема зошто Игор да му е љубоморен.
     
  10. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Виктор го знам можеби и многу подобро од некои други луѓе па затоа можам да кажам дека дечково малце се прави ..знаете како ги штипнува девојчињата, им се насмевнува, им намигнува, и ред други работи (знаете како е тоа)за да гласаат за него.Зошто така не прават Иван и Мики, па нормално тие се знаат дека знаат да пејат најдобро и знаат дека не им требаат гласови и луди тинеџерки кои вриштат како мали деца.Но како и да е Виктор нема да победи, првиот Македонски Идол ке биде Иван или Мики!! (макар да јас сум повеќе за Иван дека дечкото е ЦАР) :) :)
     
    На Schmetterlinge му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Да ви кажам дека сменив фаворит, од Мики сега ми е Иван.
    Ме фасцинираше на последниве настапи, одлично пее, скромен е, итн.

    Јана, многу ми беше слатка ама искрено пеењето :^) најслаб вокал им беше.

    Виктор, мноооогу почна да ме нервира,
    би му препорачала да се приземји малце зашто може да тресне на земја.
    Целиот таков трепка со очињата, уау нема бољи од мене, и се прави попаматен од сите тројца во жирито заедно. И тоа :)
     
    На Schmetterlinge и SaIvnjaann им се допаѓа ова.
  12. foreverinlove

    foreverinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    10
    Жирито нема веќе што да каже па секоја гала се повторуваат со коментарите.Наместо да ги коментираат приватните животи на кандидатите нека почнат д аим укажуваат на нивните грешки,да ги поучат музички.Нели Калиопи е дива кај нас?Таа треба да ги поучи малку повеќе.стварно нема осет жириво.Ради нив веќе не ми се гледа Идолов.Претераа!!!Дај нека се соберат малку!И ако тие го откриле виктор не значи дека тој треба сега д аим се поклонува.Го избрале затоа што е еден од најдобрите!!!И стигнал до тука затоа што има нешто во него(освен глас) што го сакаат девојчињата кај него.Макар тоа биле и девојчиња.Ретки се тие што имаат над 15 години а што фаворит им е Виктор(како јас на пример :D).Ми се допаѓа неговиот став.Не навредува никој само го искажува своето мислење.Само напред и не потклекнувај на секакви провокации од жирито или од било кого во иднина.
    И сега не разбрав дали ќе има во понеделник гала затоа што колку што разбрав Идолите во Словенија ке бидат една недела.
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Можно е да е тест,бидејќи во некоја од предходните гали зборуваа како Виктор не покажува никакви емоции,а овој дека си ги чува само за себе,па можно е да сакаат некаква емоција да испровоцираат,едноставно да покаже нешто - лутина,бес,нервоза и слично.
    Инаку вистина некако многу смирено изгледа овој Виктор,сакам луѓе на кои не им се читаат лутината ,нервозата и бесот од ликот.Што се однесува до пеењето,сосема е ок,но тој не ми е идолот :)
     
  14. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Испаднаа сите девојки, срамота за нас, овие машките не се замараат со Идол, никој не гласа.
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Не знам за вас ама мене досаден ми стана !!!
    Секоја гала е понеинтересна и не знам некако се едно па исто |(
    Жирито сејс -Ти ќе бидеш ова ти она , Ти имаш глас ма прекрасен си , се препукуваат со Виктор , дечурлана се лигави паѓа во депресии :tmi: |( , идоливе некако некако ...... Како да прегоруваат :^) .Јана бледо некако , Мики можеше мнооогу подобро , Виктор исто така , Иван онака со повеќе сила и успеа да се наметне вчера ... Просекот ( Деко ) продолжува а не ми е јасно како па добро бе кој гласа за него ? Да стигне до последни 4 :o никогаш не би помислила :^)
     
  16. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    На Monna.Monna, ViKtOrIjA21, macysh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Уште едно браво за Виктор. Тој само си го искажува својот став и своето мислење. Наредниот понеделник пак ќе го рендат. И заради тоа што го кажа во црвената собе дека на него му го прават тоа што они на Нико му го направиа, а тони заради тоа што кажал дека неговиот коментар бил циничен.
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    вечерва за жал нема да можам да го гледам ексклузивно еден на еден со идол со ЈАНА ајде ќе ги прочитам вашите коментари :lol: :lol:

    И од мене големо :clap: :clap: :clap: за Виктор не сум тинејџерка за да скокам по него но во право е дечково ;)
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ме изненадува Виктор. Во позитивна смисла. Го прочитав интервјуто и нема дел каде можам да речам дека не е во право. Тотално е во право за се што кажа.
    Точно дека овие се постари и поискусни, ама не треба он да се изгуби себе си, за да им удоволи нив. Ионака они само го извреѓаа, не ми дадоа никаков совет. Игор ако е толку паметен ќе отиде во хотел ќе го седне виктор и ќе му рече "дете слушај вака и вака, не треба ова да правиш, не треба она, ова е добронамерен совет, ако мислиш дека сум во право, послушај ме"....а не онака јавно го ремети, демек слушајте сите јас сега ќе кажам нешто многу "интересно и паметно" и ајде сега сите смејте се и аплаудирајте. Со ова не ја покажува неговата висина, туку се спушта на едно ниско и просто ниво. А и он како жири ни еднаш нема дадено некоја критика за пеење, нека размсили малку зашто е таму.....
     
    На mamence, ViKtOrIjA21 и Buubica им се допаѓа ова.
  20. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    вечер нема да има 1 на 1