иван секако дека заслужи аплауз , и повеке од тоа , немам ништо против него само ја дадов како пример ситуацијата и за иван а и за копилето џамбазов кога се испонаша ко кретен кретенски! Ко што тргнала работава ќе почнеме да се прашуваме еј абе овие јадат, имаат коса
http://www.youtube.com/watch?v=U1ztLr9nF4s Ништо страшно тоа со цигарите ама.. еве од дамна го најдов овој клип на нејзиниот профил постиран од страната на МАЈКА ТИ ТАТКО ТИ (ресторан или што е тоа) па чисто да го погледнете веќе кога се прашувавте дали пуши или не. А лично иако ја почитувам и никогаш немав мислење дека е дигната или незнам што, некако кога рече во еден прилог дека омилен алкохол и е ракија..ке поверувам и со тоа пред пробата
плавушо,а од кај ти знаеш колку е запознаена со пороците билјана?да не си и прва другарка,прва комшивка или слично?да не ја следиш во чекор кај оди,што прави,евиденција да не и водиш? мислам глупости..едно е да кажете дека некој не ви се допага,а сосема друго е да оцрнувате нечија личност неосновано..девојчето пушело цигари и ај сеа да ја спалиме на клада готово единствена е она што пуши никоја од нас феминките не пуши и не пушела никогаш у живот..или ако пиела ракија,(ако уопште било ракија у шишето)никоја од нас не се напила алкохол никад у живот..ајде ви се молам.. и калиопи не ја опомена неа само,туку сите идоли,обракањето нејзино не беше насочено само кон билјана.рече- се однесува на сите вас..жирито многу пати така прави,ке коментира за идолот што пеел,и ке почне да коментира за некоја сосема трета работа,или сосема друга личност,и после пак се врака кон коментарот за тој што пеел..
Леле вечер кој ли ке си оди Едвај чекам да почне , многу ме интересира што г*омна ке изеде Џамбазов или Михајловски .... Да не има некоја нешо интересно да сподели околу финалето ?
Ете ја мојата прогноза за вечерва: Ќе си оди или Дејан или Виктор ! Добро ќе биде ако замине Дејан пошто според мене од остатаните финалисти моментално е најслаб, и тогаш ќе останат Виктор, Иван и Мики! Од нив тројца кој и да победи нема да биде грешка! Но ако си отиде Викторчо ќе се надевам дека Дејан нема да победи бидејќи отпаднаа страшно добри вокали па не дај Боже просечен глас како Дејан да ни стане идол!
Веќе ми станува досадно, воопшто не се креативни ни околу изборот на песните, ни околу настапите а жирито веќе од што не знае што да каже се губи! Наместо да направат една вечер латино, па рап, па хеви метал... Не дека ми се омилени стилови ама како изведувачи мора да знаат да пеат и такви песни. Овие како ја затупеа, стварно не ми го држат вниманието веќе. Најдобра вечер досега, според мене, се македонските евергрини. Дуетите исто беа супер, ама се друго е тоа па тоа. Па уште и карти продаваат за финалето, големи ѕвезди тие! Знаат дека децава ќе се избацат и ќе изнакупат карти, баш ме интересира колку пари е една карта. И АПЕЛ до МИКИ да се земе на себе и да почне пак да ме воодушевува како порано. Последната гала - ептен ме разочара.
Мене Мики ми е фаворит...Не од почеток али..Мене па највише ми се допадна последниот настап :Р. Ухх вечер едвај чекам да ги слушнам хехе
Ако вечер не испадне Дејан стварно не е фер. Незнам како стига до тука. Мислев дека само јас не знам некој што го сака ама во саботава коа беа во веро многу многу ретко некој со него да сака да се слика. Додека до другите неможеш да стигнеш со него можеш и муабет да си направиш.
Не е поентата во сликањето..Мене ми се допаѓа како пее Дејан. Сакам вечер Виктор да излезе ( иако тоа не е можно ).Виктор можно е и да победи..
Не сум и ништо ама знам по сликите и клипчето во јавност, цела јавност знае не само јас. А и да, и сама кажуваш ти ги болдирав моментите кога кажа. И да, никој не вика ништо околу тоа само по себе туку се правеше најнаивна од сите ама баш од сите а си ја откри својата црна страна, нели Билето. И да, Калиопи си се запрашала зошто баш неа и рече ?? Да, на сите се однесуваше но и го влепи тоа во фаца токму нејзе. За тоа има коментари многу страни наназад, врати се читај не само јас, многу се запрашаа околу нејзе после тоа со Калиопи. Значи сакаше на некој начин да каже дека не е таква каква што се претставува и успеа во тоа.
Леле не зборете глупости за девојчето, што ако пуши хахаха нејзин избор кој што не зборува ништо за нејзиниот карактер или однесување. А за алкохол во денешно време децата активно пијат од 15 години, па за Билјана ќе пишувате. Е сеа за пред настап ако е точно дека пиела ракија не ја оправдувам, иако не верувам дека е толку ненормална да ризикува да направи некоја глупост. Ама на крај у краева може девојчето сакало да се опушти. Господ да чува каква фама направивте