Како никому, мене ми се допадна Виктор и секогаш ми се допаѓало неговото пеење! Се согласувам и во врска со Мики
Е па не и требаше на Иванна коментарот додека ги гледаа сликите на Дејан, у стил "Аа слика со фановите, ти ли ги натера да се сликаат со тебе?"
Со тешко срце ама Дејан. Значи вокално Дејан ми е мноооогу подобар од Виктор, работава е Виктор е многу похаризматичен, поубав, и повеќе владее со сцена... затоа го гласаат - совршен продукт за продажба низ Македонија
Ете кој бил виновен што во саботата во 5саат сабајле си помислив дека е крај на светот ,тоа идоливе се возеа со авиончиња,туууу да знаев дека се они ќе им мафтав од тераса Жириво вечерва го ставив на МУТЕ немаат ништо интересно или ново да кажаат,а немаат ни идоливе досега ништо посебно да покажаат,стандардно досадно и веќе видено.
Дејан просечно. Онака. Не ми го привлече вниманието. Коментарот на Иваннннннна не го чув. Па богами, убаво му рекла. Кој би сакал да се слика со онаа антипатична насмевка. Гарант им има речено: "Ако се сликате со мене ќе ви дадам карти". Се зафкравам. Едит: Ама го заебава Ивана
Добар беше Виктор, и се’ мои омилени песни одбира! На крајот од песната забележав некои треперења на гласот, забележав дека се потрудил најмногу овојпат за да звучи професионално! На крајот од песната мислам дека повеќе немаше душа,едвај додржа бидејќи енергијата ја потроши во почетокот! И искрено мене неговиот настап ми беше прекрасен! Мики исто така ми се допадна, и изборот на песна му беше добар! Сигурен како и секогаш,песната ја отпеја со ммногу емоции! А Дејан некако неубаво ми звучи, му фали сигурност, имаше доста критични делови во досадната песна која ја исполнуваше, вечерва сакам тој да си оди! own:
Дејан не ме бендиса ич, нема глас за песнава.... http://www.youtube.com/watch?v=4Y2bLN1Z9UM Е вака се пее оваа песна...
Абе ова жирито пак си се врати како што беше на почетокот,па нели последна вечер им е де! Пак почнаа со каментари од типот:многу беше добар,пријатно ме изненади,го повлекувам она што го реков минатиот пат..бла бла Па нели последна вечер е де!Ајде нека се излигават до крај!
Дејан ми е ко умрен во фацата жими се, никаква живост нема едино го видов жив таков разигран во дуетот со Јана тогаш и толку. Цел живот на иста бранова должина, ама ако си стигна до четворицата најдобри, па му е гајлееее
хахаха ајде нешто надвор од пеењето Иван ми е сладок со брадичка, ама не не волкава Ај апел да ја избричи
Еј Иван не се ни сомневам дека ќе испее одлично, песнава му е ептен позната, стално ја пее на своите свирки со бендот.
Мислам дека требало да ја одбере she will be loved, има многу повеќе емоции во песната, немаше да има женско што немаше да го засака
Вршат атентат врз Иван? Како го удрија со мече по глава... За Иван не се сомневам. Секогаш знам. Никогаш не изненадува. Предобар. И може да се подзабричи малку... Ваљда нема поп да го правиме. Ама и вака си е убав.
Леле Ивано дај малку прибери се ептен на шмизла наликуваш, не ти личи на годините мајку му стара, убавината е во скромноста и едноставноста, оваа женска не ја перципирам ама во последно време таа упорно себе си се форсира, ми боде очи некогаш и морав ова да го искоментирам.