Иван супер испеа. Мики очекував подобро но пак ми се допадна и понатаму ми е фаворит. Дејан како на сила да ја пееше песната, се виде дека му е тешка. Виктор не го слушнав, но според краткиот преглед не ќе да е лош. ај да видиме што ќе дадат понатаму.
Иван супер ми беше нормално, освен многу брадичкана си ја пуштил, ја го сакам со брада ама не му треба толкава а и некако смешно ми играше, срцка... јас секако најмногу си ги сакам. ИВАН бтв: во финалето изгледа ќе настапат и отпаднатите идоли со една или две песни
Мене па супер ми е Ивана, баш ми е симпатична како глумата и се преправа..така симпатично смешна ми е...и убава е, има харизма некоја...
Стварно многу го тупат со се во Идолов, ни кандидатите нешто посебно ме воодушевуваат (како да не се замараат многу со тоа како ќе испеат), жирито веќе е предосадно ама најмногу не ми е јасно како од организацијата немаат идеи да направат нешто забавно. Само четворица кандидати се имаат многу време да вметнат некои новитети, поинтересни прилози и слично За пеењето Виктор и Мики ми беа добри накај многу добри, Иван беше одличен, а Дејан најсериозно ненамерно не го ни слушам кога пее
Живи глупости ми е Идолов, го гледам од навика, а доколку има наредната година нема шанси воопшто да почнам да го гледам. Дебилна организација, жирито ми е за грев, учеснициве просечни и наместо да земат да седнат да ги научат нешто тие зеле ги шетаат. Сеедно ми е кој ќе отпадне. Сеедно ми е кој ќе победи, а мислам дека и нив исто. На крајот ќе биде би свадба помина и никој нема ни да се сеќава на нив. Јас им посакувам се најдобро нив, ама од нив најдоброто тешко дека ќе го добиеме ако продолжат вака. КАТАСТРОФА. Крајно разочарувачки
Стварно го отупеа. Едвај чекам да заврши сезонава, не можам сега во завршница да го откачам. И всушност се надевам дека нема да има друга сезона. И треба да им ја земат лиценцата, само го брукаат шоуво. Од американскиот идол очи не можам да одлепам кога го гледам, а ова...
на Билјана и Иван ама им се погодило . Иначе, Виктор се глеа дека му е вежбана многупати. Ептен убаво ја пее
Ми го извреѓа имево со песнава,зажалив што се викам Марија. Ја имал пеено милион пати,и пак не ја испеа ко што треба.
Сега дури го вклучив шоуто, и нормално го фатив Виктор со една од омилените песни. Супер, опуштен и кул. Убаво облечен и ми се допаѓа. Ќе пуштам пораче како и минатиот пат, навистина од почетокот до сега го сменив мислењето за дечкото. Одличен е, има харизма и што е најважно - публиката го сака.
Ни една песна не можат да испеат без да се задишат. Малку ако мрднат готово, отиде пеењето Тапа, бе тапа, озбилно, нека погледнат како колегите од другите идоли го прават тоа, треба да пропаднат во земја.
Опа жирито и Виктор се смирија ова треба да се прослави бе , ама четки си разменуваат , ако ако само хармонично нека биде.
Конечно Игор сфати дека неговите коментари се ништо во споредба со квалитетот на Виктор во секоја смисла. си го подвитка опашот, редно беше. Виде дека има цврст соговорник
Кадееее? Не видов... Е баш беше супер Виктор. Освен на едно делче, чудно го испеа, другото супер беше.
Да, сигурно тоа го увиде Виде дека не му одат во корист коментарите, па реши да ја сврти играта. Многу му е гајле за Виктор.
ВИКТОР БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!!!!!! ОВАА ИЗВЕДБА МУ БЕШЕ МИСЛАМ НАЈДОБРА И НАЈРЕЛАКСИРАНА И НАЈОПУШТЕНА И НАЈ НАЈ!!!! БРАВО ВИКТОРЧЕЕЕ
Кога влегоа заедно со Билјана на масажа. Го дадоа како лежи и пола газ му беше надвор Очекувам БУМ од Мики сега, мислам дека ќе му легне песнава