Јее! Заврши, конечно ќе си гледам под среќна ѕвезда! Го влечкаат, влечкаат, го отупуваат до даска. Ај нека заврши више. Иначе за Виктор бев, али сигурно нема да плачам!
Кај нас ништо не е фер, се е местено а ако не може да е местено тогаш е организирано гласано, што во превод е едно исто. Не ми се верува. Стварно очекував да излезе Дејан, се откажувам од шоуво
Е сеа ај да ми го препрочитате постот кај што ви пишав КОЈ го финансира лиглето Дејан..Златен ТАТЕ!! Да му го поживее бог! Жално за Виктор ама ќе направи кариера многу поголема од било кој за жал или за среќа на некои ама дечкото има изглед, глас и што е најбитно харизма... Иди Дејане удавииии ссеееееее не го јади овој срам сите знаат кој те гура!!!СРАМОТА! п.с. Не сум напалена тинејџерка ама пи*дам на неправди!
Аман бре.Ми ја поплавија почетна со солзи(неможам да ја исцедам,абе вода тече од неа ) Најдобро јас да си бидам офлај цела недела Не е шала работава..
Кој гласа за Дејан бе?!?! Не ми се верува Не дека ми се допаѓа Виктор ама далеку подобар е од Дејан. Сега само уште фали да победи Дејан во финалето
Аууууууу брзо брзо качувајте се повисоко, надоаѓаат води, поплава од тинејџерски солзи Не сериозно овој Дејан има 100 фанови. Оние кои еден ден на свадба ќе му дојдат фамилија и пријатели. Толку. Ама неговите си вложуваат бе во него. Ако Дејан има некад добра музичка кариера да знаете дека и јас ќе станам пејачка!!!
Aма дејан која фацка ја направи, не му се веруваше! сигурно си рекол во себе Jаооооо тате уште 1о сим картички си докупил
Најискрено мислам дека целиот идол е наместен. Не дека сум некој фан на Виктор, ама ми мириса на наместена работа. Како бре Дејан да дојде до финале?!? Толку незабележителен цело време и оп во финале.
НЕ Е ФЕР стварно ми е криво за Виктор не за друго затоа што Дејан отиде понатаму..искрено од моментов јас Дејан го прогласувам за ФЕНОМЕН што успеа вака неприметливо да се провлекува низ сите гали ајде Викторче напред, се знае кој ке ги полни кафичите и салите ТИ!!!
Инаку не ми е жал што Виктор отпадна (иако ми беше фаворит бр.1 ама тоа е) него жал ми е бидејќи Дејан е во тројката Па и во финалето кое што долго го очекував ќе го гледам. За тоа ми е најмногу жал! А Виктор што ќе има кариера тоа не се сомневам, па и затоа не ми е жал.
мирна вода брег рони,дејанчо дух,млитав не знам ти каков ама полека,ненаметливо човекот си стигна до финале алал да му е
Фала Богу дојде времето кога и Виктор испадна! Колку долго чекав да ги гледам наивните девојчиња како ронат солзи, ах што било фино вакаа!
Kako не, сега наместено испадна . Сосема заслужено испадна,мада и овој Дејан да испаднеше не ке беше лошо. Најубаво и двајцата во пакет дома да ги испратевме и после празник за ушиве- Мики и Иван !
Сега ми е јасно спуштањето на топката од страна на жирито. А Македонски идол ќе банкнотираат, нема кој да гласа.
абе која кариера, добро рече некој погоре дејан ќе заврши ко аднан од ОТ ниеден албум нема да му купат, а виктор, мики и иван ќе бидат нова генерација на ѕвезди во македонија, ако ништо друго барем заради тоа не е пропадната работа идолов...
Почнувам да ги жалам Мики и Иван. Како што тргнала работава изгледа Дејанче и на нив ќе му се смешка на крај. Не ми е за Виктор што отпадна, туку повеќе ми е за тоа што Дејан продолжи. Нема смисла очигледно. И замолувам еден фан на Дејан да ми објасни од кои причини Дејан влезе како конкуренција меѓу Мики и Иван. Јас искрено немам ништо против детето, немам ни официјален фаворит денес Виктор, и Мики и Иван ми се создадени за на сцена, но тоа дека Дејан не припаѓа тука е повеќе од јасно.