1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    http://www.youtube.com/watch?v=5ygcvRIH ... r_embedded

    Никаде не работам, работев во радио и уште работам :^)

    и ако не забележавте натпреварувачите беа во кратки закави што е нормално бидејки аудициите се во летото а жирито со шалови и долги ракави што е доказ дека е за монтажа
     
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    * Монтажа е сигурно и тоа лошо измонтирана!!!

    Прозирно е...Друг е тонот кога кадарот е на Игор Тони и Калиопи, а друг кога натпреварувачот зборува.
    Дури не се ни синхронизирани реакциите на кандидатите, со коментарите од жирито.

    Јас знам ова се случуваше на Американскиот идол, еден дечко баш зборуваше на јутуб.
    Вика : Кога влегов внатре, само ме замолија да почнам, ме сослушаа, и ме пуштија..
    (немаше гестикулации, смеење, тропање на маса, коментари цинични, не ме сечеа на пола)
    Кога ја видов снимката на Тв паднав во несвест. Монтирано, монтирано, мајмун ме направија. Неможев да поверувам.


    (ама ај таму, барем истото жири си било)

    А ова кај нас пак е бетер. Игор Тони и Калиопи, ги гледаат на видеобим натпреварувачите, и коментираат како да се пред нив... |(
    Абе ајде...ова Њујорк е, па ќе ни мачкаат очи и никој нема да дознае.

    EDIT> Кога тргаат кандидатите да го земат листот ако се примени, никаде нема кадар како го земаат рака на рака од `жирито` кое ние го гледаме! :wasntme:


    Lame![​IMG]
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Точно така Хејди.
    Инаку, точно е дека лошо е измонтирана снимката, и дека се чувствува преку тонот на сликата (баш тоа го забележав, како некоја пародија кога се прави). А и уште полошо е тоа што им се прави на самите кандидати. И точно е дека таму ништо посебно не е, секој си го пее својот дел и толку... а на ТВ мајмуни ги прават. Нема смисла.
    А да прашам јас, ова треба вака да биде, или ќе остане никому ништо?
    Е стварно безвеза работа :swear:
     
  4. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Незнам баш дали е измонтирано, не ме држете за збор ама минатата сабота ако гледавте имаше едни брат и сеста што свиреа на гитара. Прво девојчето свиреше и пееше и после жирито му кажа дека нема да гласа ако не го каже името на девојката на брат и. Девојчето несакаше да го каже па Игор или Тони незнам баш кои беше му рече да отиде и да го напише на ливче името на девојката. Баш тогаш ги дадоа и жирито и членот во исти кадар. Неможам да го најдам на јутуб, ама доколку го најдам ке го постирам тука. :)
     
  5. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    eве слика од нив, девојчето во сината кошула и момчето
    Едит. да додадам и девојчето е на долги, најверојатно е ладно.
     

    Прикачени фајлови:

    • str1.jpg
      str1.jpg
      Големина на фајлот:
      40,8 KB
      Прегледи:
      202
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    На моја комшика другарка и се пријавила и точно е дека кога се пријавила не биле Игор, Тони и Калиопи. Незнам како ова :?:
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    А момчето е на кратки :^) . Веројатно топло било :D
     
  8. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515

    Е добро се погодиле на една тура може. На останатите биле зафатени :D Си имаат работа луѓето, како... :^)

    Башка ако ја дале во крупен кадар од зад грб како му го подава, и тоа може да се измонтира лесно. А камо ли ако било само подавањето на ливчето во фокус, значи
    кадар1 - девојчето снимано од зад грб жирито се гледа
    кадар 2. трга кон жирито
    кадар 3. разменуваат ливче рака со рака со Игор

    Ако притоа се видат ликовите на двајцата, веројатно се таму, не верувам специјални филмски ефекти да правеле кога тие тонот незнаат да го синхронизираат саглам....

    ЕДИТ: После се прашувате зошто двајца актери земале во жири?

    Па треба ова да се одглуми луѓе, како инаку? Да замислуваш дека разговараш со човеќ кој го гледаш на снимка...
     
  9. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Монтирано е, затоа што во Струмица биле Сузана Турунџиева и уште двајца машки, незнам кои.. Познаник што бил кажа така :^)
     
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Oфлелеееее! Кој FU*KING фактор е Сузана Турунчиева ???

    Сигурно била и со оние мороните нејни Жанко и Станко (како и да се викаше другиот)

    После се чудиме зошто сите проаѓале..
     
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    за жал.. :x
     
  12. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Монтирано? :o Па, тогаш каде се оние кои учествуваат за да се побунат? Оф мори мајко само се лажеме во оваа држава и после нема квалитет, па нормално ќе нема кога сме глупави, слепи и наивни и уште ако им се дава шанса на девојки од типот на Тања Митева |( кој знае што ''ѕвезда'' ке излезе и од ова шоу...
     
  13. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Не разбирам зошто не го пуштија детево понатаму, според мене добро пее.Kалиопи го прекина на пола направи фаца некоја како да ќе заплаче. :^)

    http://mesto.com.mk/video/8D4MAMSKW3DM/ ... %BE%D0%B2-
     
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Мора да прашам:

    Зошто се тргнати неколку наши коментари? Од која причина?

    Кирилични, ненавредливи, аргументирани беа...
    која е причината?
     
  15. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Хајди реков претходно не ме држете за збор, можно е да е монтирано, штом повеќето го потврдуваат тоа најверојатно е така, а баш за неа можеби биле тие, така се погодило :D
     
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Мене право да ви кажам ме бендисува концепцијата на шоуто и искрено ме радува што имаме Македонски идол,доста се шлепаме во Србија,Бугарија.

    Е сега не ми е јасно како во едно шоу за таленти се пријавуваат луѓе кои немаат Т од талент.Ако веќе не приметиле самите зарем никој не им кажал дека не знаат да пејат,дека само ќе се избламираат,оти еве јас да речеме мислев дека вистинските другари треба да бидат искрени еден спрема друг. Не ми е баш сфатлива тука онаа старата Ај да си ја пробаме среќата,мислам каква црна среќа, не те бива и точка,не се прави ударна тема на трачање на фејсбук,по комшии,на школо и сл.

    Па добро ајде нели секој заслужува шанса да си покаже што знае,ама барем нека си признае самиот дали вреди да ги доживува тие сцени кога едноставно не е за таму.Еве убавицата од Струмица си призна,ем пред Олга ем пред сите други! Браво за неа.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Со ова што викате дека е монтирано ми се уништи емисијава. Не ми е интересна повеќе кога е јасно дека е фолирање само |(
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Да, и мене ми се уништи. Баш заприметив сега, многу е вештачки :^)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Сега се ми запнува за око и многу ме нервира. А и денешнава емисија не ја бива некако. Нема таленти.
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    И мене веќе ме нервира шоуто, посебно сега кога е јасно како ден дека е монтирано.
    И стварно ептен се забележува, баш сега го анализирав, бљак, за никаде е.
    Ајде може наредниот круг кога стварно ќе бидат овие (ако бидат), ќе биде поинтересно.