Јас потполно ја подржувам Наталија и како што кажав криво ми е што не влезе. Ама факт е дека гласачите треба да ги привлечеш покрај со пеење и со настап, изглед и све остало. Така идат реално работите, а да штета е што испадна дефинитивно моќен глас.
Сигурна сум дека Наталија (а и останатите девојки) кога самите би се средиле, милион пати подобро би изгледале. Наталија во Манго фустанот, не изгледаше смешно, жално изгледаше
Лаура, кој сценски настап бре?! Расчекорила нозете чиниш ќе раѓа, и многу ми се чепати, незнам одвратна ми е Биљана е прекрасна има се што треба да има една ѕвезда. Се е убаво склопено во неа, до детаљ, ама како што кажаа е од не многу богато семејство, па така и немаше кој да гласа, за разлика од онаа грознана од Тетово и она гракалоно со Mercy како и да се вика, сеедно. Двете најгрозни влегоа, а Биљана излезе. И да, онаа Наталија треба малку да се земе на себе, што е тоа претеризам, не треба да ја тешат да се огледа на некои дебели ѕвезди туку да ја поттикнат да не јаде толку. За Лаура ми е ќеф што не влезе, многу ми е ќеф. Ама за Биљана неможам да се помирам едноставно, дури ваква останав И незнам вие што очекувате? Не изгиравам портпарол овде на Биљана, ама ај ве молам, просветлете ме во каков филм е влезена, некој така рече назад?! А што треба да биде? Одвратна дебела за да ја тешат? Или глупача ко онаа од Тетово? Се има девојката, буквално се што треба да има, вистински професионалец. И за крај, барем по 15 да беа пораките, ќ пуштев неколку гласа, ама ја претерале малку, плус ДДВ кога ќе ставиш.
И чекајте сега, нема никакви шанси за тие 5 што излегоа? Ебати глупите на крај треба жирито да гласа и да избере, а не публиката и ќе гласааат роднините и семејството 2-3 илјадарчиња и ќе ги потрошат на гласање само . Барем од тие 5 жирото да избере кој да влезе.
Имам впечаток дека само кај нас предност има стасот пред гласот,ако не грешам Сузан Бојл се викаше онаа „згодната“ англичанка во пењоарчиња и куќни хаљини што го растури англискиот идол и како беше оној типот што го имаше на реклама за Т-mobile,човекот како да пушел петарда,ама гласот бре,од мртви дига.
Ќе имаат шанса пак во понеделник, но само една со најмногу гласови што ќе биде и еден од машките што испаднаа.Ама пак на истиот принцип гласање од публиката.
Кај Биљана единствено не ми се допаѓаше фризурата, горниот дел од фустанот и како беше нашминкана. На бабичка ми личеше у фацата. Сепак тие не се криви за таквите утки, инаку многу убав глас има, требаше да влезе. Таа и Наталија наместо гракалото и оваа од Пинк.
јас ќе кажам за билјана не го оспорувам нејзиниот глас и не сум најкомпетентна да зборувам за гласот, едноставно од прва појава кај мене привлече одбивност од она нејзино фолирање пред камера за време на првите аудиции, до некако вештачката реакција дека е влезена во потесниот круг. пред се тоа е мое мислење или ете така јас на кратко сум ја доживеала билјана
Од машките според мене ќе влезе Виктор. Денис не ми се верува, не знам зошто така мислите А оваа Јана многу ме нервираше вечерва. Лигла. Ќе се опереше на крајот од приправање
Мене ми е многу криво за Билјана, преубаво испеa. А тетовката зошто не излезе јас не разбирам???? Од таа ли пејачка ке биде??? Мноооогу лош настап и мнооогу лошо испеано, само музика се слушаше, текстот во Тетово останал
Билјана е дефинитивно спремна за на сцена т.е најспремна мн ми се допаѓаше права реткост и стас и глас и шарм многу ми е јака женската СТИЛ А што се однесува до настапот тоа е песна таа досега се докажала па и на не знам кој пејач од светски калибар се случува да не ја погоди песната и не дојде до израз а тоа и се случи денеска на неа според мене. Многу ми е жал се надевам ќе се врати . Од девојките некои и не заслужија да продолжат ама тоа е ....
Не ги коментирав машките намерно, чекав да поминат и женскиве па да си дадам коментар на мојов целокупен впечаток. Прво, ми иди да си влепам едно пет-шестнаесет шамари, онака убави, затоа што по гледањето на првата емисија од Идолов, реакцијата ми беше, каде побогу ќе најдеме ние 20 души што убаво пеат? Скептик уште поголем станав кога ги изгледав и споредив со српските и бугарските идоли, посебно идоли како Соња Мембрено, таа Магдалена што ја пееше listen oд Бијонси и многу други. Вечерва комплетно си го сменив мислењето. Видов 10 момци и 10 девојчиња сите убави, млади, што прекрасно пеат (додуша им ги утнале на момчињата шминките, и на девојчињава целосните аутфити, тука еден минус) Елизабета предизвика уште полесно да си решавам задачи, Наталија е ѕвер буквално! Како ја испеа песнана, алал да и е. Јас да сум музички продуцент, веднаш се фаќам за работа со неа. Јас лично да има сега Наталија свирка, би отишла без ич да не му ја мислам. Јана, Билјана, Анета, прекрасни! Од момците Мики (дали дека јас ги сакам Кингс оф Лион) ме воодушеви, си го преслушав уште неколку пати потоа. Нико исто. Христијан, Иван, Виктор, Дејан, сите ми оставија убав впечаток. За жал не може секогаш најдобрите да победуваат, по пропорција секогаш во секој круг отпаѓаат предобри вокали. Затоа македонскиве продуценти да си купат наочари со јак диоптер ако не му се гледа, да ги засукаат ракавите затоа што имаат многу работа. Кој сакам да победи не знам, ќе почекам да видам како ќе се носат со различни стилови на музика, па ќе кажам. Во секој случај, браво за комплетниот состав на Идолов (Без Иванна и Ненад тука), си ја вршат работата перфектно. Това е това...
сакав Билјана да влезе, прекрасно ме изненади, разочарана сум од Лаура ми беше фаворит а сега не ми испеа воопшто добро!а таа последна што настапи се сеќавам повеќе пати лошо ја критикуваа на аудициите дури знам и текстот го забораваше, а од машките стварно нз кој ќе се врати мислам дека Виктор!
Реално ако правиме муабет од машките треба да се врати Нико затоа што е извонреден вокал,али не...Балканскиот менталитет прво ќе го избере лепотанот Кико
Стварно не знам зошто толку не ви се допадна тетовчанчето, мене ми беше супер, убаво испеа, а и стајлингот и беше најдобар според мене (ми личеше на една од Лолитките во темата од Роси), сите други беа која од која покатастофа.." " за студентите на ФОН own: own: Криво ми е за Наталија и за Билјана, Наталија има прекрасен глас, навистина направиле утка со стајлингот, катастрофа, а тоа што девојката има глас и знае да пее не е за коментирање, жалосно што ја исфрлија...Бети е лудача во позитивна смисла на зборот, додека ја слушав се наежив, дури и ме расплака, прекрасна изведба, песните на Агилера се тешки за пеење и ретко кој може на ваков начин како Бети да ги интерпретира, настапот во целина со емоции, со движење на сцена фустанот ич не ми се свиѓаше, како некоја тетка беше, ја спаси фризурата...Лаура промашај од глава до пети и стајлинг и изведба, а онаа што ја пееше Falling..толкаво притресување за ваква песна кој ли само гласал за неа..Јана ми беше интересна и ме распеа, мене ми се допадна, а последната не е ни вредна за коментирање Првата што настапи, не знам како стигнала до тука, девојчево или тремата ја изеде или стварно не знае да пее, а изгледот-права теткица, никогаш не би го облекла фустанот..Останатите не ги коментирам, ги заборавив.. И мене ме нервираше што цело време судииве дрндаа за стајлингот, па не се бира најдобар модел, најдобар аутфит, туку најдобар глас..стајлинг па стајлинг