Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    На mims-89 и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  2. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Можеби е местено можеби не незнам, не го бранам Дејан само ќе ве прашам нешто.Сите тие тинеџерки кои лудуваат по Виктор мислите ли дека гласаат за него???? На пример на некои деца не им дозволуваат да гласат и можеби не гласале оваа вечер, сигурно Виктор имал помалку гласови од Дејан па затоа излезе????Ништо не се знае, искрено мојата фамилија навива за Иван и постјано праќаме пораки, можеби така некој праќа и за Дејан, не се знае.Ама сепак мислам дека треба да ги покажуват кој по колку гласови добива од публиката и се надевам дека така ќе биде во фиале.

    П.С И В А Н најдобар си, само продоложи така и ќе имаш најуспешна кариера во Македонија , па и во странство ! :inlove: :inlove:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    хаха целиот пролог на ексклузив беше поинтересен...
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Немам ништо против Виктор, да се разбереме. :!:

    Баш напротив, ОК си е дечкото.
    И ова на сликава ми се допаѓа. Ми отвора апетит и јас така да се предадам некого, со душа, срце, слух и солзи.
    |(
    Си знаат луѓето што сакаат. Тоа е за пофалба. Дали ќе го добијат - останува под знак прашалник. Така и во реалниот живот - се трудиш да добиеш, но ништо не ти е гарантирано.
    Како и да е, само плачете ми вие. Дај Боже да не дочекате да ве печат солзите.
    Удри народе на солзи.
    Уствари не. Избори се, џабе ви е, останувате во втор план. :wasntme:
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Добро јас ли остарев или друга е работава :o - Виктор роден 1991, Дејан 1989 :o - Колкави се Иванче мој и Мики, не им се гледа на профилите или и тие се помали од мене :D :D :tmi: ?
     
  6. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Иван 1987... Мики си крие :P
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Aбе ајде гласајте за Мики,не сте фер па. :(
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Ништо, киксовите Мики скапо го чинеа изгледа :rofl: А и Дејан мрда по малку :wasntme:
    Јас нон стоп си ја слушам Мисинг, многу убаво ја пее Иванчо :rofl:
     
    На izaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    [​IMG]

    Видете му го изразот на Дејан :lol: и самиот не може да си поверува
     
  10. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    хахах Виктор на сликта :lol:
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Си вика...
    Леле тато,кого уби за ова...колку плати :x

    :lol:
     
    На Forgotten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Значи ова никако да ми стани јасно, како можете да викате местено е за натпревар на кој гласовите се плаќаат....Господи па не се будали овие од А1 намерно да исфрлат некој што им вади пари, нив тоа им е поентата на шоуто, да извадат пари, не дека му е гајле за Иван, Мики или не знам кој, може само финалето да го наместат....е сега дека нешто се одвива неферски е веќе друга работа, очигледно е дека на Дејан гласовите (парите-ништо чудно в раце дадени) доаѓаат од помалку места т.е. од неговите дома...фановите негови да не речам на прсти се бројат, јас го поддржував и го поддржувам (не ми е нешто до толку ужасен во пеењето), но не повеќе од Мики, Иван и Виктор, кога останаа четворицата сакав тој да отпадни и гласав за Виктор(за џабе), но тоа е тоа.
    Всушност и не би било лошо да победи, како којзнае што да е наградата, курс по англиски |( , поглупаво нешто не можеше да им текне |(
    Инаку од тие што останаа фаворит ми е Иван :wasntme:
     
  13. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Само што си го реков ова и гледам - ти си го напишала! :D
    Дејан како да не си верува... Можеби и тој мислеше дека не треба да помине... :lol:
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Може тој што плаќа да биде наместено плаќа повеќе одколку што има гласови :)
    Башка и не ми се верува нешто премногу да гласаат луѓево. Ама како и да е, може само да сеи шпекулираме вака или онака.
     
  15. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    малку награди до сега им даваа се без пари каде ли не ги прошетаа облека без пари парфеми викенди во берово или кој знае каде за оној кој ке отпадне што уште сакат :fubar:
     
  16. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Тие од нив заработиле сигурно дваесет пати повеќе, со гласовите од луѓето, всушност испаѓа дека тие самите се си платија, а наградата би требало да биде албум на пример, договор со некоја поуспешна продукција, нешто од музички карактер, не мислев на пари во никој случај, но наградава им нема врска со ништо
     
  17. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Иначе заборавив да ги пофалам Биле, Наталија и Бети кои беа придружни вокали вчера. Песните многу поубаво звучеа со нив и убаво што им текнало да ги уклучат во нешто барем малку :)

    а еве уште една расплакана слика :lol:
    [​IMG]
    стварно не разбирам зошто толку плачење :?:
     
  18. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240


    Па баш затоа што не се будали намерно да исфрлат некој што им прави пари, се зборува дека е местено :)
    Ако ги читаше трачевите од минатите милијарда страници, ќе видеше дека шпекулациите се дека Дејан има многу пари и татко му ги плаќа гласовите.
    Така што, не се секирај, А1 без пари не се :)

    А дека е факт дека прават некои чучки мучки вистина е и тоа.
    Сепак, не може да ме убеди некој дека за Дејан гласале повеќе луѓе отколку за Виктор. Ниту пак дека е тоа разлика од 2000 гласа, како што чинам, прочитав тука некаде на форумов.

    Ама сепак сметам, дека некако сите премногу сериозно го сфативме шоуто и се соживуваме со него. За една година ќе се види кој вреди, а не наредниот понеделник.
    Тој што ќе го прибере продуцентска куќа и ќе продава албуми и карти за концерти ќе биде среќникот, а инаку според мене сите 20 финалисти, кој повеќе кој помалку, се Македонски идоли, не!? :!:
     
  19. 90210

    90210 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    55
    Се чудам зашто на екранот позади кога испаѓа некој толку ружни слики им ставаат хаха
    Во германскиот идол наградата беше 500 000 евра, а за вториот и третиот по 10 000евра. Исто така откога заврши идолот објавија за секоја гала кој колку гласови имал. А на финалето покажуваа процентуално колку се разликуваат првиот и вториот ама не кажаа кој е кој.
    Дејан изгледа ги избришал постовите на неговиот профил што биле за Виктор
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    токму така, Tammy Deyn се сложувам, очигледно дека е наместено и Дејан некој го форсира упорно, но мене едно не ми е јасно! ако татко му има толку пари да може цел Идол да го поткупи и толку гласови, па зашто воопшто и го пратил на Идол некому да завзема место, нели подобро би било да плати за еден добар менаџер, композитори, аранежери итн. и да го направи пеач, отколку вака ем се мачи, ем некому му завзема место, јас лично не го обожавам Виктор но факт е дека треба тој да е сега на негово место, Кристијан или Нико, сепак се работи за двајца идоли кои имаа навистина обожаватели и гласови.