Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883

    Па токму тоа го кажав надолу во постот, следниот пат читај до крај пред да цитираш :!:
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    26.302
    Мики, Билјана (гушната со Иван), Дејан(кој изгубен одеше три чекора поназад сам) и уште некои непознати фацки, ги видов кај 8 ипол на улица Македонија.. :)
    Мики е многу поситен отколку на телевизија, Иван е ист, симпатичен, а Дејан личи уште помутав отколку на тв.
    :D
    И не, не им направив ништо и не се сликав :)
     
    На Tanny и ANELIJA им се допаѓа ова.
  3. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240

    Пак и пак го препрочитав твојот пост...
    И пак и пак не видов каде се повторувам :?:

    Нејсе, ја немав лоша намера... видов прашуваш, па се обидов со свое мислење да ти одговорам :)
    Без љутиши молим
     
  4. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240

    Епа знаеш ли колку такви квази, а богами и добри музичари се појавија :/
    Веројатно татко му веќе платил менаџер, а тој менаџер бил толку добар и компетентен во својата професија, што проценил дека никогаш нема да може да му ја донесете славата која ќе му ја донесе ако успее со Идолот,со тупа песна и бугарски спот. Па тупата песна и уште потупиот спот веројатно тато, или менаџерот ги ставил во бек-ап плен :rofl:

    Ама тоа е добро осмислената стратегиска игра....која не верувам и дека баш му текнала :^)

    Во секој случај, се си има своја причина...можеби некогаш ќе ја дознаеме, можеби не :lol:


    П.С. извинете што се повторувам пост по пост...мислев ќе се испише уште некое, дури го куцам ова :rofl:
     
  5. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, поентата е што тие не треба да го имитираат оригиналот, затоа и изведбата на Иван не ти ли4и на оригиналот, а од друга страна јас ја преслушав песната, и нема фалш, само на едно-две места Иван ја пее песната поинаку од оригиналот, ама тоа не е фалш, туку ете тоа тој така си го смислил да го испее, за да се разликува од оригиналот...
     
    На SaIvnjaann му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Точно, ете еден човек кој има исто мислење како мене! Браво и јас истото го реков, ама таа мисли дека тоа е фалш, грешка.Нема врска НЕ е!
     
    На Sunday-Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.404
    Допаѓања:
    250.382
    Претеравте!
    Членки со по 2-3 мислења плукаат ли по Дејан бидејќи Виктор им испаднал.
    Уште колку пати ќе напишам дека Дејан е средна класа и нема екстремно богат татко. Ќе ви влезе тоа во глава и ќе престанете да пишувате дека татичко му ги купил гласовите. За Дејан секој понеделник се гласа од неговиот град, но гласаат и многу други луѓе на кои им се допаѓа неговот пеење, неговата срамежливост и скромност. За Виктор очигледно не се гласале доволно и затоа испаднал, но затоа не е виновен Дејан , за кој овде се и сешто напишавте. Кој ви го дава тоа право да го напаѓате и плукате по него. На некого очигледно му се допаѓа. Ај ве молам престанете, ја расипувате темата, еве ви ги профилите на Виктор па таму расправајте дали е наместено или не е, и дали ние овде му љубомориме на Виктор па затоа испаднал. Искрено ниту ми е Дејан фаворит и лично сметам дека му е премногу и оваа што стигна до овде, но оваа е мое мислење но не и на другите кои го гласаат, па тоа не ми дава право да го вреѓам и да ми се повраќа од него.
    Јас ги сакам Мики и Иван, и ај сега ако некој не ги сака или ако не биде некој од нив идол да зеам коси да кубам и да велам дека е наместено.
    Како и да, не е битно кој ќе победи туку кој ќе знае понатаму да го искористи идолот и да напарви кариера.
    Искрено на сите им го посакувам тоа.
     
    На angelce1, butterfly.93, ana-banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    ...

    Абе сите тука тепаме време :)
    Никој не го вреѓаше Дејан не знам како, па толку да ти падне тешко... Си дискутираме на тема Идол, денеска на оваа тема, најактуелен е Дејан, како што минатата беше Јана и се наназад...
    Си правиме муабет, си измислуваме што би можеле да бидат гачките на А1... никој ништо не сфаќа здраво за готово, никој ништо не рече со сигурност, со факти и издржани аргументи...
    Ние сме ти снаи на сред село, вода што тргнале да полнат, само во 21 век :rofl:

    Не се мачи со такви постови, барем јас мислам дека Идолот е шоу за забава, форумов исто...
    Секој со своето право на мислење и глас, нели :!:
     
    На TheKiketoo и RainBow им се допаѓа ова.
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Сега гледам дека си ме цитирала :$
    Во постот сакав само да кажам дека има разлика меѓу местено и неферски, пошто сепак гласовите се плаќаат
    тоа не е фер, исто како и тоа што од едно место може да се гласа сто пати
    не е како некаде да смееш да испратиш само еден глас, туку тука си испраќа кој колку има пари, татко му на Дејан си има пари, па си испраќа, тоа е поентата на Македонскиот музички идол, колку пари - толку музика(пеење), а не колкав талент и колку фанови, неферски е начинот на гласање, доколку начинот беше онаков каков што треба да биде
    да се гласа само по еднаш на интернет на пример и да ти ја гледаат ај пи адресата, за да не можеш да гласаш втор пат
    , а тие без трунка совест му ги зголемуваат гласовите(фановите) тогаш ќе можеше да се нарече местен.
    Бај д веј го блонритав делот од постот што "се повторува".
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Разбрано, примено :lol:

    Љубов до сите, одам да учам :)
    Важниот момент
    Зошто ни Виктор ни Дејан нема да полагаат за мене :rofl:
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ова за погорните коментари за Иван:
    Да, треба да е свој ама во бојата на гласот, сценскиот настап и изнесувањето на песната на свој начин, а не веќе постоечка песна да и прави сосем нова верзија плагијат-изведба. Треба да ја пее точно како што си е, нема што тој да ја испревртува да одзема и додава работи. Не е негова! Импровизација да, ама претеризам и правење своја сосем нова верзија на песната НЕ. Па авторски права постојат бе, не е негова ако ја испеал на едно шоу.И во анкетата погоре си гласав за Мики, највеќе го бива од тројцава.
     
    На vikica.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.226
    Пол:
    Женски
    Си гласав за Мики..едноставно е најдобар. :) Срцкаа! :inlove:
     
  13. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Незнаев која е третата од придружните вокали ама дефинитивно песните беа стварно поубави со вокали..особено Maria Maria на Виктор таму некако најмногу ги приметив и на Whatya want from me...
    како и да е не стигнав да кажам дека во глобала убава вечер со добри настапи и песни :up: (тоа од што бев оптоварена со излегувањето на Виктор :) )
     
    На tweety54 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Не го гледав Идолот но претпоставував дека Виктор ке испадне. Многу му е тоа што до овде дојде.
    Инаку навивам за Иван!!!
     
  15. foreverinlove

    foreverinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    10
    Иван 1987... Мики си крие :P

    Мислам дека Мики има 24 години.
     
  16. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Мислењево ми е напишано на 4-ти април. Сега гледам дека вистина зборувала девојката што ми го кажа ова :?:
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Нешто поназад ја споменувавте Јана, па да додадам некој ред. Вереникот мој ја сретнал некаде во продавница и ја препознала продавачкава и ја прашувала демек што како у животов и оваа коа почнала, паа бев у Парисс, Римм, Лондон, па бев ваму таму, лилеееее, обврски дрн дрн дрн. Вика полигаво неможела да се испонаша а башка што иако има 17години ептен изгледа апла детиште :D па нормално бе ало 17 има, а не 27!
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Аман бре луѓе го направивте Дејан милионер. Јас пак затоа што сум во постојан контакт со луѓе од Радовиш, имам слушнато дека Дејан не е толку богат како што викаат сите. Едноставно многу луѓе стојат за него и многу се гласа. Возрасни, зрели луѓе, а не напалени тинејџерки што ќе гласаат еднаш - два пати и после кога ќе снемаат кредит нема да гласаат веќе. Можеби има и врски, големи врски, ама татко му сигурно не му ги купува гласовите, оставете му ја фамилијата на мира...
    Имам слушнато дека зад него стојат малку повлијателни луѓе од татко му...
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.320
    Допаѓања:
    113.960
    Пол:
    Женски
    http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Vi ... tID=138396

    аман што е ова?? Па не умре детево алооооо!!!! Божееее мајко како рикаат и плачат, мислиш кој знае што се случило. Ај со среќа нека им е на дечкиве во финале. Па да гледаме добро шоу во понеделник.
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Е како не, од коа е излезена е во Словенија и се вратија пред 3-4 дена, вечер треба да е во еден на еден што значи во Скопје е