Зголемено ниво на хормони во исхраната... Море, за плачење е ова...Да имам јас ќерка утре вакви хистерични испади шо ќе има за поглупи од најглупи причини...ќе се пријавам во центар за социјални грижи како неспособна мајка нека ми одземат и старателство и се, штом сум дозволила такви испади, не сум добра мајка. Грозота!!! Според мене вистинските останаа. А шо му фали бе на Дејан, шо не изиграва Том Џонс да му фрлаат танги среде настап? Добро си пее детето. Според мене некои од идоливе (со чест на исклучоците) не се понашаат ко шо треба. Мислам тогаш коа имаа слободен викенд или шо беше, пред Рамстор застанале као кукли на излог демек „да видам колку луѓе ќе ме познаат сега“. Убијте ме, ама мене тоа не ми личи на понашање на ѕвезда, зарем не е финтата со својот квалитет да направиш публиката сама да те бара под дрво и под камен, a не да те споредуваат со артикл од фрижидер?
Ќе да го има синдромот на мојата екс-комшивка. Кутрата, секад беше „на пат“ а секое сабајле ја гледав како фрла ѓубре и оди на работа
Ајде сеа да гледаме реално вака, секоја гала ко ќе требаше некој да испадни на столчето седнувале тој што имал најмалку и тој што имал најмногу гласови, ако предминатата гала Виктор и Јана беа на столче и Јана испадна значи Виктор имал најмногу гласови...и не можи тој за една недела да има најмалку гласови од сите и да дојди на столче (логички ако видиме), е сеа жирито матеше нешо работа затоа циле миле му правеја на Виктор оваа гала, односно смируваа топки. Ко седнаа на столчињата Дејан и Виктор зошто имаше прегласување??? И зошто не кажаа кој колку гласови има??? Според мене се е масло на жирито, затоа што Виктор му се спротиставуваше на се и сешто. И да арогантен е до некоја мера, ама не е фер трите гали со ред тоа што му го правеа. И после тоа што го рече на предминатата гала по неговиот настап знаев дека ќе испадни. А и нешо друго е чудно тоа што ги сметаа гласовите само од тој еден сат, а кај се другите?? или Виктор имаше повеќе од Дејан па затоа ... матно е матно П.С: Не сум некој фан на Виктор, уствари Иван е мојот фаворит, ама не беше фер тоа што му го направија...затоа што се знаеше дека тој има најмногу гласови. Позз
На столче не седнуваат тој со најмногу и тој со најмалку гласови. Туку оние со најмалку Значи логично е, Виктор на предходната беше со Јана. Нема никакви конспираси тиори тука, џабе со сила барате нешто што го нема. Зарем уште постои некој на кого не му е јасно дека Дејан си има луѓе зад себе, луѓе што го гласаат. Нема никаква врска ни жири, ни режија, ни Велија, ни а1. А1 нормално ќе го остават тој што им носи пари. Ако Виктор имал најмногу гласови, а си замина, они губат. Проста математика Тоа што Игор не го сака Виктор не влијае врз целата организација. Игор дури нема право на глас, таму се за украс, да помине време, не да кажуваат кој да испаде И за крај, А1 ако сакале да наместат, ќе наместеле, не им треба алиби од типот на 2ро гласање. Тоа со плус гласање е пак да соберат пари, не да наместат. Можат они и без тоа Да, и јас мислам дека наместо Дејан заслужуваат други идоли да се најдат тука. Ама за наместено дека е - тешко. Патем не очекувам Дејан да победи зашто на оваа гала имаше најмалку гласови од тројцата финалисти, а и предходната беше во последните 3. Ама ќе видиме како ќе бидат организирани гласачите негови
http://www.demotivacija.mk/idol-3187.html Го знам девојчево што е на сликава во преден план. Едноставно не ми е јасно, ЗОШТО плачат?! Тој ниту слушнал некогаш за нив, ниту знае дека постојат, а тие пак постојано си ги трескаат главите од ѕид, вриштат и плачат за него. Родителиве нивни ги гледаат ли, нели знаат да им речат аман доста плачеш без потреба?
Леле бе,како може она дете да влезе во финале бе Абе ѕвезда - сатар! Кој гласа за него? Тоа не можам да си го сфатам Најсериозно ама уште аудициите кога беа ,прв пат кога го видов реков: ЛАМБЕ! Исти ! И не мислев дека ќе оди понатаму а камоли во финале бе ?! Извинете ама од кога е почнат идолот, навивам за него ,ама да ИСПАДНЕ ! Може има глас не викам не , ама детено нема никаква ѕвезда и страшно ми е антипатичен. Иначе ,од старт си навивам за Иван !
Јас се чудев како влезе во големите концерти и се надевав дека ќе искочи меѓу првите.. ама ете детето до финале си стигнаааа.. уфф како ме нервирааа
Мене Дејан воопшто не ме нервира Не сум за него али си го сакам многу хР Иначе според мене МИКИ ТРЕБА ДА БИДЕ МАКЕДОНСКИОТ ИДООЛ
добро што сите сте се нафрлиле на Дејан, па баш е супер дечкото..Скромен е, не е дигнат у облаци ( како на пример виктор, по кој кубат коси сите тинејџерки) знае многу убаво да пее, има карактер добар и е мил. А тоа што велат дека биле купени гласовите нема врска, ако ви испадне фаворитот немора одма да плукате по тој што продолжил понатаму,ипак е ова шоу во кој е само еден победник..Требало да си гласате на врееме да не ви излезе викторе..
Ламбе далеку е од него Ламбе е 10000000 пати подобар до него има харизма шарм убавина глас а овај нема ништо од тоа, добро сега можеби малку наликува ама е многу далеку од него . Мики според мене треба да биде првиот македонски идол
Истото го мислам и јас..Да испаднеше Дејан ќе ми беше многу криво бидејќи мислам дека има подобар глас отколку Виктор..(сепак тоа е мое мислење не ме напаѓајте одма ако Виктор ви е фаворит ).Можеби не игра многу на сцена и е затворен сепак е премил! Финалистиве превише ги сакам ама ЕДЕН треба да биде македонскиот идол..А според мене тоа треба да биде Мики
Ајде де бидеме реални: Виктор?!! Виктор треба цасови по култура бонтон ораторство и понашање и некој така треба да го приземји оти мнооооогу у облаци заминал и нека не го вреѓаат и валкаат името на Тоше со тоа што кажуваат прикаски дека тој би го заменил или веќе го заменал и од тоа ми се гади оти со тоа го вреѓаат и го валкаат Тоше а не го величат овој Џастин Тимберлејк....греотка мисли дека е негова реинкарнација....леле што да кажам има институции за тоа....и со право испадна затоа што како прво не е комплетен ај шо не пее не знам како значи просечен глас има и фалшира невероватно....нека оди нека свири гајда можи појке ке успее.А за кариера...па не е се ви лепотата ке го снема како што се појави по некое време а и да има ако продолжи вака и ако нема некој да го изделка да го спушти на земја убаво....сам ке си ја уништи. Дејан??! Е овој е случај, греотка,Ламбе ист Ламбе може му е клон.....ама ѕвезда не сатар туку он је роџен без ѕвезда не му е загината по пат как на Мики него без Ѕвезда се родил...а како стигна до тука јас морално и одговорно тврдам- прашајте го татко му - да богат е пребогат знајме за тоа ама убаво кажа една форумџика погоре ко на тепка да е праен....а да не ве чуди и тој да победи да ви кажам уше сега. Греотка за него само се смее како зелен....а фацата му е хрома..да неможи чоек да го запамти како што го доживува така да му изгледа. ама тато за се ке се погрижи така да можи ке има кариера. Мики!?? Е него кога се родил ко го земале од болница неговите ѕвездата по пат му испаднала и му загинала- Ѕвезда- зашто нисам вољени! Детето има глас натпросечен Бог му дал таков глас и стварно го почестил ама па му зел од суратот тоа чудо едно колку кутриот си има карано мајката за тоа.И скромен е и воспитан супер дечко ама ете харизма- ич! Ама тоа е...и уше нешто детето пее една песна и готово паѓа у несвес нема сила само за една песна има...да држи концерт- на втората песна со носилки ке го креваат. Нема да успее многу. Иван!? Иван е најдостоен за да биде македонски идол- скромен симпатичен има глас и тоа како на Фреди Мекјури и да им кажам на овие тинејџерките нека прочитаат малку за Фради да научат кој бил тој што претставува и кој вокал бил тој за да не папаат многу бурек. Нека се едуцираат после да коментираат, значи таков глас има што сите светски музичари би му завиделе, има стас, приземен е не летна во облаци, трезен, скромен, одмерен и знае што сака и да...никогаш не исфалшира дури и тогаш Харе ко забега тој си пееше по истата мелодиска линија...е тоа не го може секој. Иван е комплетен без фалинки мислам како кај овие горенаведените. Така да по мое Иван треба да победи. И една информација: Тој Нико бидејки го познавам ке ви кажам само едно: нема полицемерно, позлобно подволично и завидливо чоече од него полно со комплекси кој што го докусуриле и тој има ѕвезда сатана. Ке го разберете можеби еден ден ова од искуство. Позз
Види вака,нормално е сега сите идоли додека се во почетна фаза да наликуваат на некои други познати пеачи. Еве на пример , Дејан претерано ми личи на Ламбе , Иван на главниот во Maroon 5 итн. Со текот на времето,сите ќе си создадат свој стил,своја музика..само треба да почекаме. А незнам зошто толку ги навредувате сите,ваков бил,онаков,не за џабе ВИЕ не се наоѓавте во 20те финалисти туку ОНИ
ај нека си победи мики па да ми дојде душата на место...оној иван пее супер и се е океј ама за негово добро е поарно да не победи.претерано е арогантен и самобендисан,па уште ако победи ќе си мисли дека е подобар и од фреди меркјури ( ако веќе не го мисли тоа)...виктор може и не требаше да испадне,ме фасцинира во понеделникот но што е тука е..а дејан??? уште не разбирам како стигна до тука...како и да е, со среќа нека им е во финалето...
Не ни сакам да се наоѓам ни ти тоа ми е предизвик. Јас сум музичар 10 години и се занимавам со музика и само си кажав реална слика на сите тие така наречени идоли. Не вреѓам него користам епитети кои да груби се ама тоа ни е речникот наш. А ти ако го оправдуваш цело ова препукување меѓу сите на форумов и сите они по мое девијантни појави како тоа плачењето на овие 0-та одделенките и недај Боже ако си една од нив тогаш ке ви кажам најкултурно- Луге ви треба стручна помош. Јас само ја кажав реалноста а реалноста ни е таква а па тоа паѓањето у несвес и плачењето за некој мочко извини ама тоа и е, тоа е стварно болно и девијантно е па тоа е уште позагрижувачко и стварно алармантно. Деца имате ли родители? А ти прочитај уште еднаш што напишав да немаме недоразбирања.
Едвај чекам да дојде вечер, Виктор и Јана да ги гледам во Еден на еден. Верувам дека ќе биде забавна емисијата и баш ме интересира што ќе одговорат на тоа дали се заедно. А Жаре сигурно ќе ги ремети Баш сега се замислив каква реклама направиа идолите за Фемина. Подобро не можеле ни да смислат тие што ја одржуваат страната. И јас кога ја слушнав Бети или Емилија не се сеќавам тогаш првпат ја отворив странава, а исто така гледам дека секој ден има нови членови
a на која песна Иван направил сосема нова верзија? а за менување зборови може да сменат, Мики си сменил на Кажи ми, или што ако го подзаборавиш тексот забрането е тоа?