Кај нас веројатно се тројца, да соберат повеќе пари од гласови. Инаку да, треба да имаат по една песна, за публиката да добие претстава каков тип на песни ќе пеат по идолот и какви пејачи ќе бидат, па да се одлучат за кого ќе гласаат. Кај нас, нормално, не важат никакви правила.
Точно што е право, право си е Ама мислам дека го тупеа со тоа (се извинувам на речник), поради тоа што бираат Македонски идол...Сега, по логиката на нештата, ако е идол на некој (а Виктор барем на тинејџеркиве, мислам дека им е идол во правата смисла на зборот ), тој некој ќе се огледува во него. Ќе ги следи неговите постапки, неговото облекување и неговото однесување... Мислам дека тоа е тоа, иако нели се треба да си има свои граници!
Кај нас премногу внимание се обрнува на нивниот карактер бидејќи не беа изолирани и имаа пристап до интернет. Еве на американскиот идол се гледа само она што продукцијата ќе го пласира за идолите. Никој не вика дека овој или оној бил самобендисан, нарцисоиден или штотијазнам. Се оценува само начинот на пеење. Жирито не коментира дали Лорен била премногу самобендисана, туку коментира избор на песна, начин на изведба, фалширање и сл. Затоа нашево шоу ја изгуби смислата.
^ Точно, шоуто е повеќе рекла-казала отколку музички натпревар. Иван се меркал со Билјана, Нико бил егоцентричен, Виктор лигле... и што ни е нам гајле? Најбитно треба да биде дали убаво пее, како се однесува на сцена, контактот со публиката и најважното - умее ли да не' забавува? За жал, кај нас генот не го дозволува тоа, секогаш не' интересираат други пикантерии, отколку талентот и трудот кој го вложуваат на сцена.
Пак, еднаш е матура каква и да е, ни со нејзините дома не прослави, ни со генерација и професори. Зборам за неа, лош потег за неа, сама кажува колку и се битни другарките + и ги знам Знам дека постојано пред идолов беше со нив си има друштво, значи таа сакала да оди на матура,ако ти не си сакала пример.Само одбрала за Словенија, тежок избор и сама кажа. И затоа го сметам за лош потег и не требала.
Oколу матурава: Јана кажа и била тешка одлуката ама па јас мислам па и не е матура којзнае што. Барем мене ми е далеку од wow. Сега па како што славиме година, па 2 години од матура... глупости живи. Сега да ме прашаш дали би избрала матура или било каде, би избрала било каде. Така верувам дека на Јана па и не и било така тешко да избере да оди во Словенија. Плус се навикна со екипата од идолот колку време се нон стоп заедно. Ете и било тешко првиот ден после ко ништо да не било
Штом го направила така сакала и ти не можеш да кажеш дека е лош потег Јас од финалево во понеделник не очекувам ништо спектакуларно, откако го изгледав американскиов Просечно, колку-толку, само нека заврши веќе.
Ако некој ја прегледа оваа сезона а верувам дека има такви тешко дека ќе им ја обноваат лиценцата,со ништо не се покажаа,освен што ги влечкаа идоливе натака,навака за реклами и пари правење.Ни гости имаа на самите гали,ниту пак да викнат музичари да ги поучаат идоливе во врска со пеење,во секој поглед одстапуваа од правилата на идол. Најголемата утка ја праваат со финалето каде немаат посебна песна само за нив направена.
И на бугарскиот и на српскиот (Ноне кај што пееше) не пееја свои песни. Ова изглеа кај нас и кај комшииве само го има. Затоа сме толку назад. Никаков напредок нема ниту во организацијата а најмалку кај идолите, место на крај најмногу да се покажена, овие од организацијава ги изморија и сите се вокално се изгубија.
Мој фаворит беше Бети,иако имала некои испади при интервјуата,тоа сметам ке го искорени со тек на времето,сепак нема мн искуство,но според мене ги има совршените гласовни можности Уживав кога ја слушав и мн ми беше криво што таа отпадна пред Еми,Јуле,Јана,Кико(без навреда на фановите на овие споменати). Ја запамтив уште на М2,и нејзината песна во финалето ми беше хит неколку месеци и ја знаев на памет(ма да и сега памтам делчиња) А од овие 3-ца јуначишта,па штознам,Иван ми се допага,има навистина чист глас,Мики гази,а и Дејан не е лош,онака просек,мн ми е шармантен. Мислам дека Виктор каков и да беше,сепак заслужи да ја понесе победата на мак идол,бидејки за кратко време постигна невидена слава,и река од обожавателки,каде после Тоше,немам видено волку обожавателки,без разлика дали имаат 13 или 23 години,а и самото име на натреваров кажува јасно што се бара покрај талентот(кој несомнено сите 20-мина го имаа),зборот ИДОЛ кажува кои се ситните разлики помегу тие 20,збор кој Виктор го достигна за неколку месеци.
Еј замисли сите 20.000 членови да пишат овде по еден ваков пост "Сакам Иван/Дејан/Мики да победи " Kewl oh wait, абе сме си имале анкета за такви работи.....модераториве се парти брејкери
не учествувала на идол на М2 беше.. таа и македонија лани да детска еворовизија ја претставуваше има 15 години
на српскиот пееа свои песни.. се секавам таа победничката Ивана имаше некоја песна луда.. или така некако беше.. само не можам сега да ја најдам на youtube.. eдит победничката се викала Мина еве ја песната http://www.youtube.com/watch?v=MOq3gSO5 ... re=related
Oдговорот е наменет за AlicaIntWonderland од прееска пошто не се цитита 3 пати: И ок е тоа беше набрзина напишано и ајде дај да не етикетираме пошто стваро е простачки. Општо зборот ми беше дека во ова шоу гледа на квантитет наместо на квалитет. Прво бројот на испратени пораки за гласањето требаше да биде ограничен а не заради нечија корист да префрлаат којзнае колкави суму на посебни трансакциски сметки пошто таа на А1 нели е блокирана. Второ народот сам требаше да си одлучи кој ќе му биде фаворит-но во овој случај остава само фаворизирањето, и ненадејно напумпаната и вештачки искреирана слава која ги поремети и самите натпреварувачи, па вокалните способнисти и не можеа да дојдат којзнае колку до израз. Иван го познавам, башка сограѓанин ми е и му посакувам се најдобро. Цел живот е со својот бенд и нормално е дека ќе привлече внимание со тоа како изгледа и со песнитее кои му се извежбани и ги пее цел живот. Мики добро направи што де пријави за самопромоција ете дечкото и на Макфест пеел но и не е баш којзнае каков талент, а дотука стигна пред се заради упорноста на Велешани оти нели најбитно е да те поддржи градот од кој доаѓаш без разлика како пееш. Дејан ми личи на новиот Ламбе кој како случајно да влетал во шоубизот па се му е некако ново и нетипично за него, но тука талентот е неоспорен. Точно е дека народот ги прави ѕвездите но треба и да ги препознае затоа што сценичниот настап, односот со публиката, со јавноста, изгледит сето тоа се учи ако се сака и не треба заради тоа да не му се признаваат вокалните способности. Некој едноставно е роден за на сцена и да е само шоумен. Но изгледа за Македончето или некои поединци е својствено сеуште да мислат сека ѕвезди се оние кои треба да однесуваат контроверзно, да изгледаат кичасто онака мачо мен стајл, да ги пратат едно чудо скандали, а на сцена да се препотентни недопирливи и единстевени, а да и редовно да се препукуваат со колеги. Па оттука се прават грешки од типот на Тоше кој мораше да се докажува надвор од Македонија зашто тука имаше публика само на бесплатни или хуманитарни концерти.
^Е што има врска дека Мики е од Велес ?! Јас на почетокот бев многу против Мики, воопшто не ми се допаѓаше ни како појава ни па ми беше нешто посебен. Ама, откако ги видов другите тогаш ми стана фаворит. Убав он, ќе гласам во понеделник за него. И сакав уште да кажам, многу ме нервира што во неколку наврати, и на телевизија и по форумиве читам дека Мики не требало да биде првиот македонски идол. Зошто ?! - Затоа што после една отпеана песна се препотувал. Бре прост народ, што да прави сега затоа што се поти дечкото ? Во тоа салата е урнебес, нашминкани се со триста пудри, плус возбуда... Самото пеење ти е како трчање, и баш некна приметив дека сите се потеа а не само Мики. Бре бре бре, само да се тресело глупости без врска.