Зашо да не го изгласаат од Струга? Ако е од Велес,стриктно они треба да го гласаат? Бог да чува и да брани. Си имаат фанови од сите градови бе,не е тоа ограничено.
А ние што немаме претставници од нашите градови, може да гласаме? Баш глупости, јас појма неам кој од каде е. Мики знам дека е од Велес од Офи а Виктор од Битола по дијалектот, тоа е тоа. Нема врска кој од каде е, Macedonian Idol е ова, не е некој бугарски или српски па да се вадиме на тоа дека не не сакаат ради таа причина
Јас сум за Иван, не дека коски кршам и вени сечам, не дека сите Гали ги следам, но едноставно тој најмногу ми оставил впечаток од сите. Најпрво ми се допаѓаше Христијан(Да се разбереме, како појава ) Подоцна стана многу вообразен, и од кога испадна навивам за Иванчо Виктор никогаш не сум го сакала, само зошто девојчињава се ненормалишаа по него, а тој уште толку се крена у плафон. Дечко пази ќе се лупнеш. А Дејан-може слободно да си се удави во пиво, стриктно од пивара, што го спонзориша. Чао.
Јухууууу, морам да ви се пофалам си купив карти за понеделник нај нај среќна, ќе одам таму и ќе го направам најголемиот хармер за Иван, бидејќи тој заслужува и многу повеќе од тоа! П.С личам како мало детенце, ама тоа е тоа кога тој е најдобар (му ветив)
Другарка ми која го следи многу повеќе Идолов од мене, цело време ми дроби - ама види ова, ама види она. И јас стално и кажувам, дека немам време ниту воља да ги следам, и точка. Аматеризам до даска! Вчера ми пушта нешто, и ми вели - и што викаш? И велам, е добро де Muse. Е што со нив? И велам, абе одлична и многу квалитетна група, ама не знам зошто мене депресија ме фрка кога ги слушам, инаку да - одлични се во живо. Ова во живо е нели? Од некој концерт? Ми го врти мониторот и кога гледам - Иван Раденов! Останав Значи после тоа што го слушнав вчера, прости ми Господе, може сакав Викторче да ми биде внуче, ама кога станува збор за квалитет на пеење (се надевам сеуште Идолот е за тоа) го бирам Иван!!! Ај аирлија и со среќа. И дечки браво за гласот. Гевгелија GO!
Така де, а шо Билјана е од Скопје па најодбивна ми беше од сите, јас бев за Виктор кој е од Битола. Нема врска, можно е и така треба да биде да го гласаат најмногу од својот град како поддршка ама не мора да значи.
Многу повеќе од колку што мислиш го пратам шоуто а и многу постара од тебе сум по се изгледа затоа што како што гледам некако со проценкава на луѓето тебе некако слоабо ти иде така што не заклучив од 5 секунди ни ти па овие ке ме разубедат што живееле со него во 10 секунди прилог дека НЕ е арогантен...Па треба човек да е или глупав или неиживеан/неискусен со луѓето за да не види дека не да е арогантен него у небо е дигнат па од месечина се глада тоа и тоа благодарение на таквите како тебе со перде на очите што пиштат и кубат коси оти бил убав(Бог да чува) и затоа те цитирав и пак те цитирам. И пошто нели е демократија и секој може да каже што мисли еве јас си кажувам и ти препорачувам да си го смениш диоптерот и да научиш да проценуваш луге а не да те заслепува нечија лепота..... Ова е за твое добро али малечка си добро ке пораснеш.
^Не ти доликува ваков коментар, ако тврдиш дека си постара, од тебе јас би очекувала друго ниво на дискусија И постот е сосема неразбирлив, те молам користи интерпункциски знаци, доколку не сакаш луѓето погрешно да те разберат. Да, го потенцираа тоа, бидејќи жирито(Игор)рече дека е арогантен и самобендисан, па сите некако му рипнаа во одбрана. Инаку, да мислеле поинаку сите би си кажале, како што беше случајот со Нико.
Тоа што слушам нешо Дејан као демек имал спонзори ово оно за добивање гласови. И што? Да речеме да победи.. и што добива? Ако некој нечесно победи со купување гласови, на чело нека му стои дека победил на Идол, оние што се вистински идоли вистински ке бидат обожувани и ке имаат верни фанови, а понатаму и ке полнат сали со концерти, а тој ни универзална нема да ја напуни. И да победи некој таков на Идол, не добива ништо повеќе од зборот ПОБЕДА. Вистинските идоли си ги имаат фановите, а сите си знаеме кои се тие.. Да не испаднам погрешно сфатена, незнам колку е точно ова за Дејан го земав како пример, пошо колку што слушам не е многу обожуван. Зборувам општо за тој што нечесно игра..
Без разлика кој ќе победи, за мене Иван е комплетен македонски идол...Има добар глас, добар изглед, харизматичен е, а приземјен..
Изгледа ти си таа со перде која несака да прифати ништо поинаку од она што си го зацртала во глава. Ниту сум глупа, ниту неиживеана и тврдам дека Виктор не е арогантен. Да, така изгледа на прв поглед, така мислев и јас и го ругав низ темата, ама со таа разлика што јас не навредував ако некој мислеше поинаку и бев отворена да сменам мислење ако не е така, а не да бутам глава со ѕид Имам веќе кажано, на почеток секој коментар ми беше за тоа како Виктор е дигант и арогантен. Имав шанса да го запознаам во живо, и да гледам од страна како тој се понаша во околината и со сите околу него. Верувај дека поприземјено дете немам видено, и нема шанси да изјавил дека ќе победи или нешто такво, секогаш викаше дека покрај такви вокали ќе биде среќен ако сите до првите 5. И да, не ми беше убав, ниту кубам коси по него Изгледа дека човек треба да е многу затворен и тежок инат за да неможе да гледа на работите поинаку
Почнав да ги читам статусине од девојчињата кои пишувале кај Виктор и прво почнав да се смеам. По 5 минути се загрижив да ви кажам искрено. Она не е комично, она трагично е. Мајка му стара и јас бев колку нив, и јас го сакав Пабло од Млади Бунтовници па никогаш не го правев она. Она е дури болест, мислиш ќе се самоубие некоја заради Виктор. И никако не ми е јасно оти на крај кога пишуваат пишуваат со повеќе букви?! Пример неможамммм повеќееее никогашшшш ?! ?! Нејсе, како што вика Реинбоу аматеризам до максимум. Прво ќе се согласам дека Идоливе не требаше да имаат пристап до интернет влијаеше тоа на нив многу. На Биле најмногу, но и на другите. Кажав веќе дека жирито органски не можам да го поднесам, водителите исто. Е сега за Дејан да кажам конкретно. Сите викаат татко му пари имал и му ги купил гласовите. И?! Снајди се па живеј. Си нашол начин, ќе си турка понатаму така. Е сега дека тоа нема да му направи никаква кариера тоа е така, ама дека машкото си нашло начин да си се пробие низ сите гали си нашло. Впроочем кој корист ќе го имале овие од А1 да го исфрлат Виктор ако им носел толку пари, ќе го искростеа тоа за да продадат повеќе карти во финале. Фановите на Виктор се онакви тинејџерки кои само сечат вени по него, но не гласаат со толкав интензитет. Јас мислам дека Дејан и ќе победи. Колку што бев разочарана со секоја следна гала толку ми е мило што Мики и Иван се во финале. Најдобрите 2 останаа, можеби требаше Бети да се најде тука со нив, ама ајде. Кој сакам да победи не знам, кој и да победи од овие 2ца (макар што мислам дека нема) нема да ми биде криво. Иван е прекрасен, одмерен, самодовербата ја има онаму каде што најмногу треба - на сцената. Мој фаворит од сите негови изведби е на Моја Гитара од Гиш, немам зборови за тоа колку убаво ми ја испеа. Missing, Chain of fools, Oh darling, сите ги испеа прекрасно. И мислам дека може да направи добра кариера, има се што треба да има ѕвезда, кога би правел концерт радо би купила карта. Мики до друга страна има неверојатна енергија, исто така гласиште кое на сцена преовладува, онака ми е кул, си гледа да си испее и не се замара со ништо. А и многу ми е убав мене, тој најмногу ми се допаѓаше од сите машки. Сега па и кога е подослабен ми е преубав. Омилена негова изведба ми беше на Све још мирише на њу, а другите сите настапи ми се допаднаа освен на Smells like teen spirit, ама простено му е, бил болен. Можеби сакам Мики да победи, 1% повеќе од Иван. За Мики и гласав Sex on fire ми ја испеа уште поубаво од оргиналот и од таа вечер го засакав премногу. А да, приметив и многу коментари од типот на А1 крадци, крадат пари по 2 пати направија гласање. Кои крадци бре луѓе? Тие си нашле начин да профитираат, не ве натераа да гласате. Не ви ставија нож под грло и ви рекоја ајде пуштајте пораки. Гласањето е на лична волја, кој сака си гласа. Е сега се за повеќе пари ама никој не ги натера гласачите да гласаат, самоволно е тоа. Приметив и коментари од типот на Билјана пушела и пиела, ваква била таква била. Тоа што прави Биле во приватниот живот нас ама ич не треба да не интересира, требаше на сцена да ја гледаме каква е, а не зад сцена. Па и да пуши и пие, демек ние никогаш не го правиме тоа, никогаш не сме се опиле... Смешно, а и сигурна сум дека тие што ја критикуваа тогаш не се светици и не си легнуваат во 10 часот по пропис и не е дека не се забавуваат никогаш. Понеделник го гледам Идолов и уште еднаш не, освен ако не ги сменат жирито и водителите.
Јас лично сум за Иван да победи зашто мислам дека ги има сите карактеристики на еден македонски идол. Дејан добро пее ама воопшто нема харизма, па да ти е мерак да го гледаш и да го слушаш, не знам како стигна до финале и ако веќе тој победи сигурно било наместено, зашто немам слушнато некој да рече јас сум за Дејан да победи, не е можеби ова причина ама сепак сите досега биле за Мики, Иван или не знам кој па сега одеднаш Дејан идол . Исто и Мики да победи нема воопшто да ми биде мака, за гласот што го има нема да коментирам А Виктор што отпадна ми е мило само за дечињана што кубат коси, сечат вени, пишуваат депресивни статуси и коментари да си помислиш им пропаднал светот. Инаку немам ништо против Виктор туку само против напалените тинејџерки (извинете ако навредив). Се смеам и плачам кога ги читам коментарине на фејсбук.. ццц младинава отиде во бестрага
Дечки ве читкам неколку страни уназад и се чудам.. Што не занима нас дали Виктор е арогантен,флегматичен...Билјана била ваква-онаква... Јана лигава,Нико самбендисан... Нас некако идоливе ни се дадени на тацна и мислам дека претеруваме.. Пред се тие се тука да се докажат на музичко поле..гласовни можности,какви се на сцена..однос кон публика...Тоа нас би требало да не занима... Како да вие знаете какви се вашите идоли..каков е пример Владо Јаневски,каква е Каролина...па да не зборувам за светски ѕвезди... Ги слушате затоа што ви се допаѓа музиката која ја прават,а не дали биле арогантни или напишале лигав статус на фејсбук.
http://www.kupikartizase.com/Events/mac ... _idol_2011 Финалната вечер ке биде во Метропилис арена...тоа е кажано и тука многу пати а и на рекламите !!! Значи кој сака нека си купи карти по 200 ден Јас лично си кажав : Ако оди Виктор во финале одам и јас ама ништо... од дома ке си гледам , ем поубаво , ем почист звук