Бев во веро и беа само тројцата финалисти .. и право да ви кажам,гужва немаше ич.Вистина е тоа дека без Виктор прошетките не им се исти
Веројатно знае, ама има карти за продажба, Стефи.И ве молам да не ја трупате темава со бесмислени постови од по една реченица, само се полнат страни без врска и не е прегледно.
Да да дефинитивно, вчера Арт кафе не беше ни една десеттина полно, а камо ли некој да се тепа да се слика со нив
Слушнав дека Битолчанецот(Нико мислам дека се викаше, заборавив) пеел сношти во Кадмо... па затоа до некаде си во право
Сета таа гужва што се ствараше п нив беше всушност гужва по Виктор.. сега тој кога отпадна нема што да одат по нив... На пример јас и двете саботи бев во Веро само заради Виктор ама сега кога он не е таму што ќе барамм...
Ах бре деца...Па нормално дека нема гужви, но не заради тоа што другите немаат фанови, туку заради тоа што фановите на Иван и Мики пример се малку повозрасни. А кога си постар, не ти е од работа да ги следиш фановите и да вриштиш по нив. Мене пример ми е фаворит Иван, ама јас сигурн нема да одам секаде каде што оди тој, па да пискам и вриштам за да се сликам со него. Тоа е типично за тинејџерките, а Виктор претежно го фаворизираа тинејџерките.
Калиопи е во ред што е во жирито но за Игор и Тони не сум баш нешто многу сигурна.Би требало да повикаат уште некого во жирито како гостин но сепак тоа е нивен избор.....Требаше Виктор да влезе во финале а не како некој што не игра фер....не именувам кој
Спојлер Никој нормален над 15 години нема да трча по некој што го гледа на телевизија само два месеци, да се тепа за да стигне да се слика со него А фановите на Виктор беа под тие години па така да.. тие ја правеа цела гужва се лепеа по излози додека овие беа во некој бутик или парфимерија..
Јас се извинувам за коментрот, меѓутоа тој колку што гледам се однесува на друг коментар и е мое мислење па не знам што би можело погрешно да се сфати освен дека детето е арогантно уше од старт прв пат ко го видов а па сега овие недозреаните уше толку му ја кренале цената и дека секоја зрела личност би го приметила тоа..... ,али еве на кратко да се разбереме: Младината ни оди во погрешна насока, гледаат лепота ( форма не содржина ) не квалитет, Виктор не е адекватен пример од кој младите би извлекле нешто паметно да научат, тоа можеш и сама да го приметиш, Игор во однос на Виктор правилно настапи и постапи затоа што време беше тоа дете да го спушти на земја некој а и сами слушнавте дека ви го читале форумов и ви се смееле...а тука го величаат и го зборат а тој ни се смее така? Не знам што е нејасно во коментарот се извинувам за тоа и мислам дека овој коментар е појасен. Инаку, можеш и ти исите други да ја видите која е публиката на Виктор- 11-16 годишни девојчиња, кои кубат коси и тоа кај него предизвикува контра ефект- уште посамобендисан и дигнат. Не е се во лепотата....тоа ми е цела поента. Убаво имаше напишано една форумџика: "Да бев мајка јас и моето дете да го гледав да плаче и да се притресува за некој онака ќе се пријавев во центар за социјални грижи како неспособна мајка и ке барав да ми го одземат детето." Не е баш од збор до збор цитатов не можев да се сетам ама главно вака беше. Дали сум сега појасна? Не се чудете ако Дејан победи! BTW- Да не бидам погрешно сфатена и утре да ми ги вадите очите....од старт сум за Иван.
Иван 1 македонски идол го обожавам, и ќе си пукнам од мака што утре вечер ми е апсолвентската забава и нема да можам да го гледам финалето а досега 1 гала немам пропуштено, е не е фер.
Фала за информацијата, иако можеше и ти да бидеш покултурна ако веќе зборуваш за култура и да ги изоставиш овие слатку навредливи зборчиња кои за разлика од моите што се општо жаргонски кажани овие се упатени дирекно до мене али демократија нели, и како што гледам збогатени со инает дека сум итн благодарам ама не сум инат, немав намера да навредам никого тоа се жаргони и да не се повторувам на секое, ете ти си била на мое место и можеше поинаку да настапиш али како било сепак -ФАЛА ....
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=138497 http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video= ... tID=138497 (видеото) Ова е старо ама јас денес го гледав на страната и се изнасмеав Носете ни сендвичи, наместо мечиња
Се мислам дека утре сите ќе останеме со подзинати усти кога ќе се каже првиот македонски идол. Имам претчуство дека тоа ќе е Дејан, дај боже да грешам, дај боже На една страна наша ги гледав гласовите, не знам колку е точно не е ни битно, али Дејан беше на прво место на неколку гали. Мислам Дејан алооо? Јас сеуште не запознав човек кој го подржува Дејан, вајда и нема освен родителите и блиските пријатели и семејство. Ама очигледно доволно е Мики со среќа утре
Едвај чекам да видам кој ќе биде првиот македонски идол, па се надевам дека утре ќе се изненадам пријатно. Мики или Иван, сеедно ми е, според мене двајцата заслужуваат, кој и од двајцата да победи нема да биде штета. Само да не е Дејан...
леле нека победи само или мики или иван... само не дејан а имам чувство дека ќе биде дејан... според мене така ќе биде... не го пуштаа до финале само за џабе
Сеедно дали ќе победи Иван илии Мики само Дејан да не е Спојлер Ако победи Дејан ќе го мават со јајца... хаахахах
Видете што најдов.. Од кај знае Дејан кој ќе победи?Па секако,си знае човекот дека наместено он ќе победи..