ахх Гарооо го обожавам, он и Четкар, ми се (што би рекол Игор) најандерграунд мажјаци на сценава, се друго ми се копи пејст на светксите рап и хип хоп изведувачи. Гаро и Четкар срцки
А за гости ништо не кажаа,м? Може нема ни да има некој Само стариве ќе си испеат и чао пријатно. Ќе пополнат време со вакви глупости, ќе дрнда жирито пола саат и тоа ќе биде.
Можеле барем во носии да ги облечат. Вака некако чудни се. Мада поубаво вака, отколку дебилни клипчиња.
Со народниве искрено мислам дека најдобро ќе ги покажат своите вокални способности, додека истовремено најдосадни ми се ќе пукнам.
Kолку точно пее. Секоја чест. Малку се тие што можат волку точно да ги прават украсиве. Се наежив, браво Мики!
Мислам дека народниве не се за во финале. Не бираме фолкер, бираме поп идол. Веќе имаме претстава кој како пее, вечерва требаше да добиеме претстава кој каков пејач ќе биде, ама со ова тешко. И досадно е, да. Ептен.
Значи прекрасен е овој Мики. Не можам да му се изначудам колку прекрасно пее. Пак ќе речам сакам тој да победи. Напред Мики....
Како застанал Мики пред Иванна изгледа како здолниште да носи. Патем, пред малку ми текна. Каде е таа жената на која за време на аудициите Игор и вети изведба во некоја од гала вечерите? Нешто пијано, тинтири-минтири знам и обеќаваше.
Прекрасно испеа Мики, ама сепак сакам Иван да победи Мада не би ми било криво и тој да победи Само Дејан мислам дека не заслужува да победи