Дениииииииииииииииииииииииииииииииис Спојлер не го сакав досега , некако ме напна со теретаната и мускулите , нејќум такви машки ама вечерва многу харизматичен ми се виде. Се надевам тој и Лаура ќе се вратат во игра
Аууу Калиопи ама беше наљутена дека одбрале сами да се средуваат кандидатите. Каков шамар за Ношпал и неговите студенти Вечерва нема да гледаме кловнови,туку нормални луѓе Јас немам фаворит од женските а од машките вечерва ми е Нико
Озвучувањето е многу лошо. Повеќе се слуша музиката отколку тие што пеат. Иначе од машкиве сакам Виктор да влезе, а од женските сеедно ми е
Абе таму ја гледам Билјана со фризура како Јана од минатиот пат? И вистина Денис ако е набилдан се гледа дека има емоции и е нежен, баш во песнава ги покажа. Сакам од женските или Билјана или Наталија, а од машките Денис или Нико или Виктор.
Што е работата со стилистите , не фатив од почеток? Ако одлучија сами да си се облекуваат браво за нив! А Калиопи исто така ги критикуваше " креациите " што има да се лути? Инаку јас сум за Денис од машките, а од женскитее сеедно
Наталија е моментално, песната веќе не знам по кој пат ја пее, ама некако настапот бе, ко без емоции, некако дрскаа ми е заедно со гласот што оди со песнава
Мене ми испеа прекрасно Наталија идол ми е уште од кога учествуваше во Бугарскиот идол... Песната ја пее многу пати но како неа никој неможе да ја испее со тој глас.. Сакам да влезе во финале
Се согласувам погоре со Лукс. Инаку што јаде г**** Калиопи за стајлингот. Сега многу поубаво си се облекле отколку претходно со „стручна помош‘‘. Баш ја затвора црното фустанче :up: а не претходниот бел што ја правеше дупло поголема. Морам да прокоментирам дека ци*ките на Ивана се kinda weird...
Коментарот на Калиопи - не е исто да шеташ по улица и на сценски настап Во право е , ама мене искрено претходниот пат ми беше пообично облечена од сега. Инаку ја сакам оваа песна што ја пееше , баш сакав некоја да ја испее ама со повеќе емоции . А песната што ја пее Нико ми е прекрасна уште од Клон серијата
лелее даа и ја приметив..хахахах А иначе баш сеа се поубаво облечени кога немаат многу помош од студентите на ношпал....ич не ми се свиѓа овие од ФОН како ги облакаат
Наталија убаво испеа, посебно забележав колку точно интонациски ги испеа последните тонови - браво. Инаку за Нико, тој е нешто феноменално! Го гледам и не можам да се изначудам, моќност некоја има и очите дури му светат кога пее. Во иднина го гледам како нешто многу повеќе од МАКЕДОНСКИ Идол, го гледам како фронтмен на некој симфоник метал бенд (а и на лик му прилега ), на сцена во дует со имиња како што е Тарја, феноменално - ќе повторам.