Абе помеѓу Тони и Ивана да не има нешто, сеа за рака се држеа и играа Иван почни да веруваш и живеј го сонот, веројатно ти било да снимиш албум кога веќе си дошол дотука. Какво е чувството да се биде македонски идол бе ? Знае некој одговорот или на Иван едно интервју за фемина специјално да правиме ?
Браво Иван, кој и да победеше заслужено ќе беше. Жал ми е за Мики, па се отепав од гласање . Стварно ме издишија кога рекоа дека дека првиот идол е Иван, паааа Микицаа греотка е. Ама гајле ти е брачко, ти на Малта ќе одиш. Шала на страна, победата не значи ништо. Тек сега треба да се потруди, за да не остане се само на фама и на празни зборови. Треба да се стреми кон успешна кариера, има и глас и стас и се. А Микица си иде во Велес! Е ние си знаеме како ќе го дочекаме, херојот наш. Браво браво браво, година само ако нема концерт во Метрополис. Е и за крај најголемото чудо, како Хеди го испродуцира целото шоу од непозната локација.
Првиот циклус на Македонски Идол ќе го памтам по доминацијата на Мики, Иван, Нико, Виктор и Кристијан, од женските Јана и Билјана, а најмногу водеа Мики и Иван едноставно непобедливи беа.
Не бидете тажни дека Мики не победи, ќе си биде во МК, кај нас. Шала на страна, нијанси беа во прашање. Без разлика, повеќето ќе бидат ѕвезди.
За кого како бе! За мене Мики е победник, на негови концерти ќе висам,на негови песни ќе сечам вени,на негови ќе се радувам!
ЧЕСТИТКИИИИИИИИ ИВАН, браво браво одлични бевте и двајцата со Мики, ама се разбира мора некој да победи... Заслужено 1-во место Спојлер И кога и двајцата беа супер пак секој со својот ум, Дејан „не го биваше“, а сега пак требало Мики да победи абе само да се буниме нешто (ЗА МЕНЕ И ТРОЈЦАТА БЕА СУПЕР,ама за мене)
Иако навивав за Мики цело време и сеуште мислам дека е најдобар, честитки до Иван, и тој заслужи. Се надевам дека ќе имаат успешна кариера и дека ќе просперираат колку- толку на нашата музичка сцена.
Повторно...евентуално во наводници... уат а филинг Браво Иване, те обожаваме сите!!! Баш заслужено!!! Секако, БРАВО и за МИКИ
Браво за Иван..вечерва ми беше Мики неприкосновено подобар ама искрено и Иван вреди многу и заслужи да е победник!! И не се секирајте фановите и на Мики на Виктор на Кико на Јана..они ќе направат кариери!!
А какви придобивки има тој со втор пласман односно Мики, Иван ми е јасно ќе си добие договор и албум, а Мики?
БРАВО ИВАН мојот фаворит јеееее честитки и ти посакувам многу успешна кариера, а исто и на Мики. Двајцата беа извонредни па кој и да победеше ќе беше заслужено зашто низ целиот Идол покажаа и докажаа дека се неворатни вокали и дека поседуваат се што треба да има една музичка ѕвезда.
Само уште нешто,можеби се сеќавате дека Иван учествуваше во минатиот избор на М2. Се гледа дека голема желба му било! ( го имам на флаер, а и сестра ми има слика со него ) п.с. тогаш беше со долга коса, исто толку многу убав како и сега!