За Иван сум од кога почнав да го следам шоуто и сум пресреќна што тој победи. Конечно на едно шоу од ваков тип да победи некој што заслужил, без никакви местенки. Честитки и за Мики, кој исто така заслужено беше во финалето. За неговите фанови, сакам само да кажам дека кој губи има право да се лути. Ништо не е завршено освен се разбира самото шоу, тек сега и Иван и Мики, а и сите останати ќе треба да се докажуваат на македонската музичка сцена.
Знаев јас! Браво за Иван, се надевам дека ќе биде музичар и идол за пример. Баш се гордеам што го знам!
Summa summarum, добро помина шоуто наречено „Македонски Идол“. Трачеви, озборувања, препукувања, пеење помалку, за прв пат не е толку лошо. Искрено,мислев Дејан ќе победи, а многу ми олесна кога испадна и потоа сеедно ми беше кој ќе победи, дали Иван или Мики затоа што и двајцата се одлични вокали. Мики има помоќен глас, но Иван има поубав изглед. Мислам дека фалеше женско во тројката, Бети посебно. Како и да е, честитки за победникот, се надевам дека ќе слушаме многу од него. Наградата е супер - албум и песни, едногодишен договор со А1 (се надевам нема да ја затворат) и се надевам нема да биде од оние албуми 100 денари со весник Време, но и да е таков барем песните да се квалитетни.
Бев..и шо да кажам освен катастрофа беше.. А кога Мики ја пееше Хелоу , Виктор отиде во вц и да видите една толпа од 50 девојчиња кога тргна по него.Ако се вистински фанови ќе го остават на раат да оди во веце Иван заслужено си победи )
Јас да ви кажам искрено, несакам одма идната година да има нов Идол. Би било добро да се организира рецимо на секои 2-3 години, а не секоја година. Ако идната година организираат пак, овие ќе останат во сенка, барем малку фора да им дадат да си створат своја публика или барем кој планира да сними по некое ЦД. Башка што, многу од оваа година што отпаднаа ќе ги видиме и наредната, ако нормално нели, се организира пак идол.
Јас со целосниот впечаток од идолов да си кажам дека се надевам до година нема да го има. Не сме созреани ние за ваков тип на шоу, немаме професионализам. ме нервираше, едвај го догледав идолот, а догодина ако го има, нема да го гледам. Нити жирито се покажа компетентно, водителите уште помалку, цела организација беше за никаде. Ќе си гледам американски идол догодина, нема да се нервирам со ова нашево.
како и да е нема да бидат заборавени и анти-талентите и тие се прославија http://www.youtube.com/watch?v=VumH0QvJ ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=ME5Puuo9ttw значи цела вечер се смеам
Нема да има догодина идол ! од кај толку пари за секоја година да го има?! не, не, за 2-3 сигурно, ама догодина нема да има сигурно
Немам ништо против Иван,но Мики ми лежеше повеќе како за македонски идол. Можеби Иван ете бил посимпатичен (макар што не го делам лично тоа мислење) ,Мики има посебен шарм и харизма и тоа се докажа низ шоуто,но ете најголемата таргет група на гласачи,а тоа се тинејџерките и основките не го видоа тоа,добро,и јас на тие години гледав само лепе очи. Гласот на Мики е созреан,емотивен и флексибилен, морници ме полазија вечерва на „Јано мори“ ,додека изведбата на Иван не ме воодушеви и да си земам за слобода да кажам дека дури и ја уништи песната. На крајот на се,времето ќе покаже кој подобро ќе се „продаде“,иако од се срце им сакам на сите да си го најдат своето место под музичкото небо. Мислам дека после ова,ќе останат популарни Христијан, Виктор и Билјана. Ниту на Иван ниту на Мики не им предвидувам нешто спектакуларно.
И јас само што се вратив од Идол.И да ви кажам да не жалите тие што не бевте...толку гужва,буткања,вриштења...страшно страшно...мислам дека требаше да им се соблечам на тие на врата за да ме пуштат.Катасрофа!!!!Иначе и таму не беше баш најсјајно.Водителите не се слушаа ништо.Мислам дека беше најкатстрофа гала вечер досега!Иначе јас си бев за виктор и откако излезе он бев за мики.Иако сакав да победи или Мики или Иван.Сепак заслужена победа!Се надевам дека ќе има многу песни,спотови,албуми...
И Мики и Иван ми се допаднаа. Преубаво пеат, симпатични се и двајцата, имаат харизма, стекнаа свои обожаватели. Двајцата се претставија супер. Според мене, и двајцата заслужуваа, иако можеби Мики малку повеќе, но сепак се радувам за Иван.
Честитки за Иван, иако јас повеќе сакав Мики да победи, но сепак задоволна сум. Според мене Мики беше подобар, многу добро ја испеа Јано мори и Hello, стварно заслужи да победи али тоа е Има ли некој линкче да ми пушти од Hello вечерва што ја пееше Мики? Барав на YouTube ама не можев да најдам, ако имате пуштајте сакам да ја слушнам пак
Едвај чекам Мики да си дојде во Велес, ако го видам, ќе го гушнам, ќе му кажам колку само опседнати бевме овде на фемина Само нека си иде побрзо, ама паааа од 6ти не сум слободна
Навивав за Мики и искрено се надевав дека ќе победи. Ама некако додека ја пееше Hello ми надојдоа мислите дека нема да победи, на некој начин го забележав таквото чувство и кај Мики, како и кај него да постоеше еден вид на разочарување дека сепак нема да биде Mакедонскиот Идол. Не мора да се сложите со мене, ова е само мој впечаток, моја констатација. Мило ми е и за Иван, ама радоста не ми комплетна.