Сте се изнапишале сите ама јас конечно седнувам на формуов па да си ги кажам моите импресии од вчера. Дејан не го коментирам подолу- се покажа по незнам кој пат дека дечкото не е за финале дури жал ми беше за него што така лошо отпеа, може не беше толку ЛОШО колку што конкуренцијата (Иван и Мики) му беше феноменална, ама во секој случај НЕ БЕШЕ ЗА ФИНАЛЕ!!!!!!! Идолот го гледав со друштво, кога Дејан излезе сите скокнавме и ракоплескавме Иван и Мики беа одлични, само што Иван не ми се допадна баш како ја испеа народната песна, дали дека беше во друг аранжман па песната ми беше досадна, дали од што прв пат пее народни (во секој случај не му го земам за зло тоа-се потруди) додека Мики ме наежи со Јано мори Во глобала и двајцата беа одлични и со другите песни само што незнам дали само јас приметив ама имаа трема на почетокот и тоа како, дури во вториот круг целосно се опуштија. МИ СЕ ДОПАДНА *изгледот на Ивана И Ненад особено 3те фустани кои Ивана ги смени, само што трепките не и требаа * настапот на Калиопи со Идолите, ама се изнервирав што изведбата не беше во живо. И морам да кажам Кико уште еднаш го потврди моето мислење колку е лигав *Најјакиот момент од цело шоу - победата на Алмир од стилистите...луѓе ке паднев на земја од толку смеење, дечково е а како го кажа тоа Фалааа Тоа со антиталентите за пеење не ми се допадна многу, пак се зафркаваа со нив, ама кога подобро ке размислам и тие "антиталенти" со кој мозок се пријавиле таму?? Па на таков "талент" спремни се биле и на исмевање,само да ги има на ТВ Е сега овде ми беше криво што го немаше Нико , очигледно не бил со нив на снимањето на песната а и во салата, што е нормално со голед на тоа што неговите поранешни "колеги" го направија лом И за крај- многу ми беше по ќееф што освен глупавата награда за учење јазик ке има и снимање албум,договор со а1 и сл. Додека го гледав шоуто си реков ДЕФИНИТИВНО СУМ ЗА МИКИ, не дека Иван беше лош- одличен беше стварно, ама ете Мики некако за нијанса ми се допадна малку повеќе особено со изведбата на Јано мори...арно ама Иван е како што рековте по комерцијален и на изглед повеќе им се допаѓа на сите, додека пак Мики има специфичен глас. Како и да е МИ СЕ ДОПАДНА ФИНАЛЕТО, МИ СЕ ДОПАДНА ИЗБОРОТ НА ПУБЛИКАТА, БРАВО ЗА ИВАН-ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ИДОЛ А ЧЕСТИТКИ И ЗА МИКИ СТВАРНО БЕА НАЈДОБРИ!!! Им посакувам успешни кариери!!! п.с Заборавив да спомнам дека ми се допадна изборот со гостите Суперхикс- ги обожавам!!
Браво за Иван. Скроз заслужено! И сакам да кажам дека покрај некои испади, глупости кои се случуваа за време на оваа прва емисија во нашата земја, беше супер. Иако судиите понекогаш се лигавеа, на крај испадна супер. Да, да. Мистериозно до крај. Е, немојте да кажете не. Зар за еден момент не помисливте „Иван ќе биде или Мики? “ .. Помисливте, исто како и јас. Ии, ова е еден од ретките слчаи кога на некое шоу победува мој фаворит. ИВААН! Бравос. Се гордееме со тебе. Сите.
Па не сум баш сигурна за фустаните на Ивана дека биле два, сепак мислам дека беа три .Вториот фустан ми беше некако по на жолто не ми делуваа баш исто со првиот ... како и да е убави беа!!! а и мислам дека тоа не е толку битно И само да се надоврзам на некои коментари што ги читам по ФБ дека не било фер не победил најдобриот.. мислам дека не е фер такви коментари да се пишуваат бидејки и двајцата беа фантастични!! Е сега дури мислам и Мики да победеше ке ми беше криво за Иван, Иван победи и ми е криво за Мики а тоа е така бидејки најдобрите двајца се бореа за титулата Прв Македонски Идол!!!
И јас мислам дека Иванна смени три фустани... првиот беше ко од бајка да избегала и посветло жолт вториот и беше нешто посимпатичен и прав надоле како и подолг. Третиот зелен и мнооогу ми се допадна - посебно бојата беше многу убава
Браво за Иван најискрени честитки, многу успех понатаму мојот идол од почетокот ми беше идол, се прерадував сношти кога ми кажаа преку порака кој победил, бидејќи не го гледав финалето имав апсолвентска забава и многу ми е криво, ама морам да ја гледам репризата ако ја дадат цела, дали некој знае кога ќе биде?
Какви две години ,две недели ке биде и Мики исто така 2 недели на Малта На темава и двајцата ми беа фаворити но Мики ми пееше малку подобро ,но не е само пеењето пресудно треба да биде пакет(изглед,држење на сцена,харизма) а Иван го имаше тоа,како и Виктор сепак тие се и ке бидат идоли на маладата генерација кои ке идат на нивните коцерти,ке купуваат цедиња и тетратки со нивниот лик и ке фантазираат Им посакувам успешна кариера на сите!
Честитки до Иван, но јас како верен фан на Мики и како горда сограѓанка ќе кажам дека за мене Мики е победникот
Ми беше сеедно кој ќе победи на Идолот, кога беа во прашање Иван и Мики бидејќи и двајцата се одлични вокали, но повеќе бев (и сум се уште) за Иван, бидејќи Иван ми е комплетен. Очекувано беше Дејан да излезе и да останат да се борат за првото место оние кои најмногу заслужуваа, оние двајца кои уште од почетокот се издвојуваа од останатите натпреварувачи. Не можам да ви опишам колку бев среќна што победи Иван, иако и Мики заслужуваше победа. Овој пат јас бев таа што плаче ( ) но не од тага, туку од радост за Иван. Иван едно ОГРОМНО БРАВО за тебе, сосема заслужено го освои првото место!
Фала Богу шоу кое заврши поштено!!!! Браво Иване, заслужена победа и исто така честитки и за Мики. Сакаме заеднички дует У што е можно побрзо време
На првиот имаше ставено такво одоздоле да го крева фустанот а после тоа го извади.... а коа го облече зелениот фустан и се видоа гаќите... фустанот и беше со шлиц и цело време и се тргаше тоаа.. секој што беше во првите редови виде....
Вчера сите беа прекрасни, и Ивана, и Калиопи, и финалистиве, сите. Ми се допадна како сите изведоа, и Мики и Иван и Дејан. Иван, честито победа, заслужено победи!
Браво за Иван,тој ми беше идолот уште на почетокот и секако победи. Но морам да кажам дека и Мики поседува многу голема талентираност кон музиката а секако и многу добар вокал може да се каже дека бесе најдобриот од сите Честитам иван,се надевам дека ке успееш понатаму (само едно не ми се допаѓа........што е во врска со онаа БИЛЕ )
Ај што победи Иван ок, бев за Мики али ај, само да не е Дејан. Инаку што е со А1 ако тие сакаа да даваат политички реклами постојано, ние сакавме да ги гледаме отпаднатите идоли како пејат, не знам дали е спомнато поназад да не читам десетици страни ама ми кажаа некои што беа дека пееле отпаднатите идоли за време на рекламите, пр. Бети ја пеела Прајс Тег. Е тоа сакав да го гледам, а не тоа што го гледав!
да бети ја пееше Прајс тег.. Кико пееше со Денис една песна али појма немам како се вика... Еми ја пееше Лајк А Брд од Нели Фуртадо.. Наталија врска немам што пеешее... па да само тие пееа... е да и Кико на галите да пееше толку убаво како сеа што испеа многу подалеку ќе стигнешее
А бре А1 А1 па и јас сакав да го слушнам тоа.Отпаднатите кандидати каде што пејат.Иваан најзаслужено си победии.Најдобарр беше и го докажа тоа .Честито Иван
Кога гледаш од дома се нарвира на реклами а таму едвај чекавме да пуштат реклами за да пее некој од испаднатитее
Нели било наместено да победи Дејан ?? само глупости да се лупало тоа е Инаку сосема заслужена победа на Иван.Дечкото има и преубав глас,добро изгледа,знае како да се однесува на сцена и ми изгледа сосема приземјен .