И баш ми е мило што некој заслужено си победи што не е некое наместено шоу како што си практикуваат кај нас.Прв пат да сум задоволна од изборот на некое вакво музичко шоу.И баш ми е мило за Иван
Иван честито победата дефинитивно заслужено... и мики и иван беа одлично, кој било само не дејан како и да е, прекрасно шоу, одвај чекам нова сезона
И на последнава гала бев,така беше, на реклами прво пееше Денис (не ми текнува која песна), после Лаура - Someone like you и Јана на крај ја пееше Rolling on the river
^ Уу. Да ти кажам, се` повеќе и повеќе ми се допаѓа како ги облекува стилистов што победил. Ептен ми е мило за Иван, едвај чекам да го сними албумот. Патем, ги видовте сега на Ексклузив Иван и Биле?
Јас ги видов слатки си беа,интересна беше биле кога се потргна ко примети дека ги снимаат иначе баш ми е драго за победата на иван му посакувам долга и успешна кариера
Јас прво на Иван газенцето приметив,после Коста. Инаку и јас ги видов како се бакнаа на рекламата,баш се супер пар.
Луѓе прочитав кај Мики на профилот дека многу пораки што биле пратени за него (гласови) стигнале дури после прогласувањето на победникот И јас гласав, цел Велес беше на нозе, во младинскиот парк имаше поставено видео бим, сите гласаа Ете отворете кај Мики на профилот ќе видите колку луѓе се жалат дека гласовите не стигнале
Ние пративме 3, и ни стигна повратна порака дека се примени гласовите. Но многу ми е криво што не победи . Уште од почеток бев за него.
^И јас од кај мајка ми кога пуштив глас повратната порака стигна после ПОЛА саат.А претходниве гали кога си гласав во рок од 10 сек. стигнуваше порака.
Па зарем предходно не пристигнуваа голем број на пораки? Секако предходно беа повеќе кандидати уште поголема гужва од пораки било. Не ми држи вода, незнам... Не дека имам нешто против Иван, но зошто вака да биде?
И јас немам ништо против Иван, ама не е фер. И секако најверојатно нас само ќе ни биде криво, и ништо нема да се смени Не е фер.
Да тоа е заради големиот број на пораки,еве јас гласав за Иван повекепати,некои пораки исто стигнаа после прогласуванјето,за тоа не е никој крив
Како и да е секој од нив ке си има своја кариера,без разлика дали победил ,дали стигнале гласовите и слично... допрва ке се докажуваат како пеачи
Јас бев вчера гледав во живо и имаше една девојка што стоеше до мене....значи луѓе имаше купено 8 Вип картички од по 500 денари и цело време гласаше , а кога ја прашав нешто ми кажа дека во Гевгелија исто така имало поставено видео бим и цела Гевгелија гледала и гласалаа така да не зборувајте дека било наместено , незнам што Мики имал повеќе гласови кога и за Иван многу луѓе, па еве и јас гласав за него.Сигурно имал многу гласови што победил , а и тоа не е важно...важното е дека има Феноменален гласссссс!!Браво, Бравоо Иванн цар сииииииииии !!
Најнапред сакам да му честитам на Иван за победата реално синоќа ги сумирав сите впечатоци за кандидатите од идол и сметам дека тие кои имаат добар глас како што се Јана и Виктор иако не влегоа во финале сепак ке имаат одлични музички кариери под услов зад нив да застане неко добар продуцент ... Многу ми се допаднаа настапите на Мики и искрено мислев дека тој ќе биде победникот ,гласав за него посебно ми се допадна како ја испеа јано мори,пофалба заслужувааат и Ненад и Ивана ако некогаш би биле победници на евровизија дефинитивно тие заслужуваат да бидат водители ,жирито нема да го коментирам освен ќе кажам дека се одбрани доста компетентни личности кои навистина успеаа да пронајдат квалитетни вокали ...после,Владо Јаневски,Тоше Проевски и други пеачи овие кандидати на идол ќе бидат допрва ѕвезди кои ќе блеснат на македонската естрада . Нјамногу ми се допадна тоа што имаат добар глас,добра енергија која знаат како да и ја пренесат на публиката и најбитното добар вкус за музика -тоа се приметува по нивниот избор на песна би било жалосно ако не добијат поддршка и некој не вложува во нивниот талент. За тоа што некоја од форумџиките реше дека не и се допаѓа тоа како изгледа нашиот идол т.е прави споредба за тоа како се презентира кај нас а како во америка мислам дека ние македонците имаме еден голем проблем си патиме од синдром секогаш плукај по нашето што е грешка -јас го видов е које е избран оваа година да биде американски идол искрено не ми се допадна ни тој ниту другите кандидати за разлика од нашите кои се пријатни за слушање далеку подобри за гледање и најважно е од се тоа што се вели дека не е битен карактерот во американски идол и тоа како е битен карактерот но и хуманоста што ја имаат ако не е така тогаш не гледам зошто сите го почитуваат Тоше Проевски Скромноста на Иван и Мики па и на Деан кој пее убаво но нема харизма (на негово место ќе можеше да биде Јана ) ги однесе во финале да беше и Виктор да беше приземјен ќе беше еден од финалистите тоа се моите целокупните впечатоци за првиот македонски идол .
Кој и да победдеше од нив двајца немаше да ми е криво. За мене и Мики и Дејан се победници на првиот македонски идол. Само напред момци најдобри сте