Донекаде беше интересно и во живо гледањетоо.. али таму само гледаш ништо не се слуша како што требаа..... најубаво си е домаа пред телевизорр... немав појма кој како испеал додека не дојдов домаи погледнав на ју туб....
ти благодарам лејди затоа што ја објави песнава за која јас заборавив да ја споманм во претходниот пост навистина многу ми се допадна
Навистина победи најзаслужно. Браво. Конечно нешто регуларно и кај нас. Иако морам да признаам, мислев дека ќе го наместат Дејан да победи бидејќи некако го фаворизираа тие од жирито. Изгледа грешев.
^ Епа до негде и беше местено ова со Дејан. Спојлер Повеќе гласови од Виктор да има, не ми се верува. Ама сеа па ептен да не биде дека е местено победи тој што требаше да победи.
По овој перформанс, знаев, знаев дека Идолот ќе биде тој. http://www.youtube.com/watch?v=bLJYHYXetA0 Excellent.
Леле ама колку беше тажно изненадувањето, за победникот што добива: 1 година договор со А1 (што не се знае неделава дали ќе ја преживее) и неколку песни, .................спот! Се така конкретизирано незнам кому му текна во последен момент да дофрли... Чија добра волја попуштила
Зошто не ти се верува, зошто ти повеќе го сакаш Виктор Искрено мене многу повеќе ми се допаѓа Дејан отколку Виктор. Јес да е малце изгубен на сцена али повеќе би гласала за Дејан. Разговарав и со повеќе возврасни луѓе уште пред да испадне Виктор и сите велеа дека повеќе сакаат Виктор да испадне и дека Дејан им се допаѓа како пее. Ај сеа гледаме на телевизор како тинејџерките се трескаат од земја кога испадна Виктор, како луди трчаат по него, и одма по тоа преценуваме дека е местенка. Дека Дејан беше тој што требаше да испадне, дека неговите гласови се местени Се на се, задоволна сум од крајот, фаворит ми беше Иван. Браво Иван Немаше да ми биде мака и Мики да победеше (можеби малце ) и тој беше одличен вчера, прекрасно ги испеја сите три песни! А овој Алмир ми беше посмешен и од антиталентите Кои фаци леле, тоа не се опишува со зборови, до крајот на животот ќе ми биде чудно како може да постојат такви луѓе
Браво и за Мики и за Иван, ама ќе признаам дека уште од почетокот бев фан на Мики и многу ми е жал што не победи. Како и да е, и Иван прекрасно пее и скромен е многу, па сепак сум задоволна. Ќе кажам само дека не сум задоволна што Дејан отиде дури до финале. По мене, тој не може да се споредува со вокалните способности на Мики или Иван, а имаше и некои кои уште одамна испаднаа од Идолот а можеа да одат подалеку, како на пример Елизабета или Наталија. За нив посебно ми беше мака, зашто сметав дека можеа многу да понудат, но, што е тука е. Идолот ни е супер, му посакувам и нему и на Мики најногу успеси понатаму и да си го остварат сето она што си го замислиле