Извинете но јас мислам дека навистина ја претерувате со Ооо неприкосновениот Тоше. Аман, умре човекот пред 4 години Мислам, кога и да се појави некој нов веднаш `нема шанси да е како Тоше`... Па од каде знаете вие дали нема или има? На светов постојат врвни гласови далеку подобри од Тоше, што ако има некој таков и во Мкд, нема да го признаеме затоа што нели, Тоше е неприкосновен. Мене сето тоа ми е патетично и ступидно. Веќе почнува да ми буричка во желудников. Не спорам јас дека Тоше немаше свои квалитети, ама аман веќе, таа па таа, Тоше па Тоше, па колку и да има подобри во иднина нема да ги признавате зашто сте се ограничиле дека Тоше е најдобар и несакате да погледнете подалеку од тоа. Нема смисла ова веќе, и што јас ако речам сега на пример дека некој од идолите рецимо Мики ми пее поубаво од Тоше вие ќе ме линчувате
Стварно и мене многу ме нервира тоа што не го вадите од уста Тоше! Ок е, квалитетен пеач беше, ама стварно веќе претеруваат сите. Заради ваквото однесување ниеден нов талент не може да просперира во нашава држава, одма го споредувате со Тоше, па не бил добар, немало шанси да има подобар, па го имитирал Тоше, бла, бла, бла.... Стварно ми е преку глава дојдено од ваквите муабети, зошто да не би се родил нов талент, дури и подобар од Тоше? И многу ме иритира што сите се фанови на Тоше откако почина, а пред тоа триста глупости зборуваа за него...Сум била сведок на случај каде што една девојка, која веднаш после смртта се правеше дека е најголем фан на Тоше и плачеше и се трескаше цела недела, и дојде ред да запееме песни од Тоше, таа многу од нив не знаеше Ми ја дигна сафрата кога видов дека се фолира Јас знаев повеќе песни од неа, уствари скоро сите му ги знаев, па никогаш не се декларирав како негов фан, дури ни по неговата смрт. Не сум зборувала за него, ми се допаѓаа некои негови песни дури и премногу, ама јас отсекогаш го сакав повеќе Владо Јаневски од македонските пеачи. И кога умре, се погоди да слушнам за тоа баш пред да тргнам на факултет, и тоа на грватската телевизија. Прво не ми се веруваше, но веднаш пуштија негови песни и “In Memorium“, и ми се слизнаа неколку солзи по лицето, дури и јас бев изненадена од мојата реакција. Ама тоа беше тоа, пуштив некоја солза ненадејно само кога ја слушнав веста и толку. Ми беше жал и мене, ама многу ме нервираа некои што плачеа по цел ден, божем најблизок роднина им умрел. Некој дури може бил и потажен од „солзолеачите“ па си го чувал тоа за себе, а не се лигавел само за да покаже колку му значи.
тоше ни БЕШЕ добар пеач вп мкд ама не и НАЈДОБАР колку има што пеат убаво а не се откриени не дека не го сакам(в) тоше ама тој ввеке не е жив нема ние вежно да плачеме по него и да не им дадеме шанса на другите да се покажат колку знаат и што знаат и тоше беше најдобар пеач во мкд порано ама сега има и други и тоа сите го зззнаат Од кога умре тоше почнаа нон-стоп да го даваат на тв а така додека беше жив ретко да го дадат на тв И не му го валкајте името
Тоше од кога умре сите почнаа да го сакат.. не дека до тогаш не го сакаа туку од тогаш почнаа.... и мислам дека идоливе не треба да ги споредуваме со него.... секој си е пеач за самиот себе и самиот себе треба се прикажуваа.. а не да се прави дека е некој друг... Тише беше по нешто единствен... зошто некој од идоливе да не си напраи некоја кариера по која ќе биде запамтен...
Акрополис - Неготино. И Лаура има пеено со тој бившиот и дечко Мики ама не ме бендиса толку.Овој подобар беше.
Амааааааааан -.- што имал Виктор на статус ... напрајте си тема само за Виктор и тупете го таму неговиот лик и дело !!!
Епа сега од почит кон Тоше ќе ве замолам да не го спомнуваме во темава (греота е да се споредува се живо и диво со него), си има посебна тема за него, а оваа е за македонските идоли, да не правиме оф-топици.
Е баш ми е мило! И онака гласот му беше ала Ален Исламович баш за таму е Си го најде неговото место под Сонцето
Незнам колку сфати, али името Мики беше хипотетички кажано. Читај меѓу редови....па и не е баш меѓу редови, твоето болдирано започнува со "рецимо". Ring a bell?
Само да прашам ако може некој да ми даде линк од таа темата што беше за постовите кај овие Идолцивее.. хрониките на тинејџеркитее ??