http://www.youtube.com/watch?v=ujMsDQeq1Os Ова е песната на Ивица, така? Па добро не е лоша, ама не ме и нешто фасцинира, а не ни очекував такво нешто од таква продукција Ама сепак е подобра од на Кико.
Ги видовте ли вчера Билјана и Иван на натпреварот Македонија-Босна?Неколку пати ги прикажаа,ја пееја химната и изгледаа баш заљубено
Искрено мене песната од Кико 10 пати ми е подобра одколку од Иво! Барем има смисла и малце ритам и рима. Од Иво песнана е како приказна.
кико дали дека не го обожавам ма каква и да направи песна нема да ја сакам.. песнава на ивица ми е супер убава е лесна одма влага у уво.. иако кога беше на идол цело време викав дека не е за во финале супер е .. браво ивица само напред
Песната на Иво како за прва е супер, мене лично многу ми се допадна, еве трет пат ја слушам. Од она што го иам слушнато минатиот период од мак. поп естрада ова ми се чини едно од подобрите песни. За почеток сепак е одлично, со уште подобри песни во иднина, фаворит ми беше. Срце е
Дали Јана Бурче е единствениот вистински профил на Јана? А и ако може да ми дадете линк од вистинските профили на Билјана барав насекаде ама не можев да ги најдам.
Уф Биле навива за Барса е сега веќе не ја сакам се шалам срцки ми се она и Иван.На вас како ви се допаѓаат како пар? Бај д Веј Биле само еден вистински профил има пошто нели и е потпишан со 2.
јас сношти си сварив кафе и се наместив да слушам лав сонгс на антена 5 кога оп ерик го најавува кико како гостин...се изнауживав,супер зборуваше детето и ја пееше фил од роби вилијамс..и колку убаво си заспав после тоа.и така сеа наспана и среќна сум..
па веќе подолго време се заедно и премногу си ги сакам ептен си одговараат мислам дека се супер пар.. мислам дека уште доооолго ке бидат заедно колку што гледам срцки
Слики од новиот спот на Кико за песната „ Пекол и Рај “ http://www.mmm.com.mk/?ItemID=13E6392A3 ... D1D369A4DD
Еве кој ќе се грижи за Идолите Многу е, затоа во спојлер го ставив. Спојлер Со прес-конференција, што се одржа денеска, во хотелот „Стоун бриџ“, беше објавено почнувањето со работа на „Фонолоџик“, нова и современа маркетинг-агенција со сопствена продукциска куќа специјализирана за нудење маркетинг, мултимедиумски, софтверски и продукциски услуги. Истовремено, официјално беше најавена и соработката со македонските идоли како први ексклузивци на „Фонолоџик“. Збор земаа Леон Бакрачески, Лазе Трипков, Славчо Чунгурски и Игор Џамбазов како директори на секторите за логистика, креатива, софтвер и продукција соодветно, Катерина Стефанова - трафик менаџер, како и шесте прворангирани идоли од првата сезона на „Македонски идол“: Иван Раденов, Мики Секуловски, Дејан Јованов, Виктор Апостоловски, Јана Бурческа и Билјана Ѓошева. Според Игор Џамбазов, кој е директор на продукцискиот сегмент на „Фонолоџик“, македонските идоли ќе ги застапува свеж тим што е професионален со академска заднина и кој ќе спречи напливот на кич и шундовски трендови, истовремено обидувајќи се да изгради посебен музички стил за секој од идолите поединечно. Продукцискиот сегмент е најсовремено подготвен со опрема што ретко се наоѓа на балканските простори. За музичкиот сегмент главен задолжен ќе биде Никола Перевски-Пере, додека видеопродукцискиот дел ќе го води Саша Зајков, кој и досега беше режисер на идолите. Летниот период ќе биде искористен за промоција на сите, со тоа што предност ќе му се даде на Иван, како победник на музичкото шоу. „Фонолоџик“ ќе се грижи за сè она што не треба да се грижи еден македонски артист, доколку сака да биде професионалец во оваа сфера. Од логистичкиот дел, велат дека секој од идолите ќе има посебен акаут менаџер, кој ќе се грижи специфичностите на артистите да излезат на површина, преку почитување на нивните индивидуални стилови, ангажирање на професионален тим на стилисти, обезбедување и имплементација на посебен протокол за секој од нив индивидуално. Протоколот што ќе го следи „Фонолоџик“ и ексклузивците е протокол што се користи за светските ѕвезди како што се Мадона, Лејди Гага и Роби Вилијамс. Секако, тоа ќе биде модифицирано да одговара на македонските услови. На овој начин ќе се обезбеди создавање на вистински ѕвезди, кои не само што ќе бидат музичари, туку и идоли во вистинска смисла на зборот, преку почитување на високи етички норми. Артистот само како музичар е празна приказна, тимот што ќе биде зад него ќе се грижи тој да биде општествено одговорен, хуман и етичен. Идолите изјавија дека им е мило што се повторно заедно со своите колеги и им е чест да го имаат „Фонолоџик“ како куќа што ќе се грижи за сите нивни потреби, но и кон патот што треба да ги одведе во светското ѕвездено небо. „Фонолоџик“ почнува со големи проекти со секој од нив индивидуално и веќе во следните неколку денови јавноста ќе има можност да ги види новите македонски ѕвезди со настапи, концерти и видеоматеријали. извор: http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/idol/site-idoli-pod-edna-kapa--fonolodzhik
Иван Раденов, Мики Секуловски, Дејан Јованов, Виктор Апостоловски, Јана Бурческа и Билјана Ѓошева. супер најдобрите ги избрале *освен Дејан* другите супер.. уште се да е така супер во таа продукција ко што е наведено и супер кариера ќе си имат во нашава малечка македонија...