А нели и Виктор и Јана на почетокот беа во оваа продукција? Мислам дека дури и ги видов на снимките на Ексклузив кога даваа...
Абе кај ги споредуваш Кико и Ивица кои само што излегоа од Идолот и ова прва песна и спот и Лејди Гага која 2-3 години е на сцена и работи со топ музички продуценти и со парите кои што ги дава за еден спот може да ги купи двајцата сосе партали.
Лошо. Многу лошо. Ма, стварно не ми се допаѓаат. Можам да замислам што викаат Кикохоличарките „Посакував јас да бидам на местото на женската зад него на моторот“ Лелееј... ај и јас да не провоцирам некоја таква. Немој после вените да си ги сече и да вика „Како не ми текнааа, јас требаше да бидам во неговиот спот.. преубава сум!“ Море, ај да си ќутам.
Ми се допаѓаше Ивица кога беше во Идолот и се си мислев дека ке се сврти повеќе кон рок музиката а тој одбра певливи песнички па воопшто и не ми се допаѓа неговата песна.А за Хихо не ни очекував подобро не знам што толку го дигнаа во облаци тоа децата кога дечкото реално не го бива за пеење.А дали ги гледавте Ивица и Кико во онаа емисијата за Фејсбук на АБ канал? Колку ли само се лигавеше Кико ми идеше да го искршам екранот.
И јас сакам да сум во спотот Спојлер Ама во овој http://www.youtube.com/watch?v=koJlIGDI ... re=related
не можам а да не коментирам дека во спотов на кико по 2000000 пат ја носи истата црвена кошула што ја носеше насекаде.. на идол на настап минимум 3 пати ја носеше.. значи аман ке се соберат твоите фанови ке ти купат кошула само аман жити се фрли ја таа.. па треба малце да се внимава па и дури во спот ја носеше не ми се верува Катастрофа
До некаде во ред дека треба малце да сменат да облечат нешто друго Виктор и Кико , но не знаеме какви им се можностите и условите .Виктор ја утепа од носење таа карираната кошула (на 1-на 1, на мини концертите, на интервјуто во Свет, на ексклусив....итн), а пак Кико таа кошула со која е на спотот и една зелена марама од врат не ја симнуваше, но сепак не е убаво вака да зборуваме за нив (иако сум фан на Иван) Како што имав напоменато во некои други коментари дека го познавам Викотр, и знам дека не изгледа така како што мислиме (дека е богат) можеби немаат можности на купување на облека (не е до токлу сиромашен) но мислам дека не е убаво да се коментираат такви банални работи.Ќе станат заштитно лице на некоја марка за облека и тогаш ќе бидат облечени во разни облеки СекогаШ. Иако немора да значи дека ако оди секогаш со истата кошула дека нема друга можеби таа му е омилена па затоа насекаде си ја носи. И јас имам 8 пара фармерки , ама секогаш си ги носам оние црните дека некако најмногу ми се допаѓаат и најудобро се чуствувам во нив!
извини знаеш колку пари заработија на кико и на виктор посебно... може да се снајде во секој случај.. и јас и ти не сме јавна личност меѓутоа они се и мора да внимаваат и на изгледот имајки во предвид дека и изгледот е многу важен во оваа професија иначе во браво шоу во недела ке гостува виктор..
Виктор најодвратно суштество што може да постои Во емисја кај Сузана Турунџива го прашуваат Виктор имаш девојка? - Неми се изплаќа да имам девојка Како бе тоа не ти се исплаќа да имаш девојка? - Па вака ми е поубаво да одам со 10 истовремено Кое сељачиште немам зборови!
Како што ми се гледа мене од многу форсирање ке ги снема идолчињава баш ќе ја доживеат истата судбина како минатите идоли , српскиот, бугарскиот , Операција Триумф .... Инаку за Викторов ич не се изненадив одамна го проценив и гледам исправно .
Значи Викторче никако да се симне од облаци. Скоровечни ќе бидат ми се чини идоливе наши Слабо дечки слабо Спојлер И да бе не му се исплаќало, како не. А мислиш на некоја и се исплаќа да трпи свиња како тебе за еден колбас само
А кога има реприза, или линк негде за да гледам ? *Другарка ми е во Србија, и ми рече да гледам, иначе ќе ме утепа ако не и кажам што било.
На а2 гледав. Мачно ми беше да го чекам Викторче наш додека да сврзе реченица. А за ограничениот речник не коментирам, се имам изјаснето поназад мислам. Врв беше муабетот за 10те девојки. Турунџиева остана вака . И Маја исто. Кратко ќе трае дечково. Нема никаков квалитет за пејач. Децава беља направија што го издигнаа до небо.