Да, баш така... И на фотосесијата што им беше во 1Е пишуваше за секое парче облека или накит колку чини и каде може да се наје, буквално на се што носеа, од глава до пети. А знам дека на некои нешта пишуваше дека се од приватната колекција на стилистите, па можно е и фустанот да бил... зошто да не...
Сплавна прашината, слабо слабо... Денес Мики пееше на базент кај нас, само деца имаше до 15 години максимум... И многу малку народ, барем од тоа што го видов по сликите Подобро ќе беше да не се ангажираа летово да пејат по кафичи/дискотеки и.т.н, туку да паузираа додека да си извадат албум.
офспринг не се согласувам со тебе.. така тие што го менаџираат мики многу губат бидејки човек се заборава кога не е присутен со свирки и такви работи.. а албум да се направи и не е баш лесна работа
Мене Виктор ми беше супер во БРАВО ШОУ.Се гледа дека е приземјен дечко а не каков што сакаа да го претстават.А за оној коментарот за 10 девојки па му се може .
Луѓе да не знаете каде ќе настапуваат идолите во Скопје и кога? Искрено не можам да се сетам каде, но слушнав дека Виктор е дојден во Скопје па некаде ќе настапувал...а доколку исто така знаете нешто за Билјана ве молам кажете ми, бидејќи овој четврток прочитав на fb на Бети дека се организира хуманитарна акција, па имав можност да присуствувам и таму беше и Билјана. Извинете ако ви досаѓам, но само тука можам да дознаам нешто.
Па за разлика од Кико кој се лигавеше цела емисија и се замислува дека е многу јак фраер Виктор си беше нормален.
Mене Кико ми е понормален од Виктор. Не ја гледав оваа емисија незнам кој присуствуваше ама кога беше на 1 на 1 Кико си збореше најнормално и е единствен од идолите кој си призна дека заслужува да испадне за разлика од другите кои ги обвинуваа гласачите и тврдеа дека премногу рано испаднаа. (Не сум обожавел на Кико) и што е најважно знае да сврзе две реченици, а Виктор ми е прав глупчо на телевизија. Толку да не се знае да се сврзат две реченици а притоа и да не изгледаш како најголем глупак кога ќе го кажеш тоа Го гледав и додека беше на Идол, ќе го прашаат нешто овој незнае што да одговори, а да не почнам пак статусите да му ги цитирам овде, само за во трагикомични коментари, статуси му се. Али ова со 10 девојки му е врв
Не го гледав тоа интервју што било или гостување на Виктор на А1 ама тоа што викате за 10те девојки според мене ми е на место ако нема девојка. Прво не знам во каков контекст го спомнал тоа и како му било поставено прашањето за да знам дали одговорот му е на место. Второ ако е слодободен и ако е тоа точно зошто да не, млад е , не е оженет и битно е што е искрен, што значи дека (а можда сакал да каже дека сега станал попопуларен од некогаш и што не можело да се случи пред идолот па сеа демек од ко станал популарен многу девоки му се пуштаат и што е тука идиотски?) Ај дајте линк од тоа сакам да видам во каков контекст разговараат за тоа. А за зборувањето полека има кажано дека одсекогаш зборува така и тоа е, некои ги нервира и петлчењето на Слаткар (нему му треба 3 минути за една реченица да каже со извинување на фановите мене тоа ми е жално и не го осудувам говорна мана му е и нема што да се прави) Не сум му фан, ама глупаво ми е кога некого според некоја изјава одма го осудуваат како да кажал дека убил човек, а и се си мислев после завршувањето на идолов темава нема да биде пишувана кога гледам дека идолите пак се мета на оговарање што значи дека се популарни сеуште, а не викам дека некои нема да станат уште повеќе, а некои сосема ќе се заборават, тоа е. Ама да се фатам за една реченица ко слеп за стап и заради тоа да го пцујам нема никогаш доколку изјавата не ме повреди т.е не се однесува на мене директно или индиректно, нити сум му девојка нити бивша за да му обрнам толку внимание на тоа , а и негово право на таа тема, не знам само што ќе беше ако пишеше дека не сакал девојки или е геј , па по сите медиуми кај нас и по нетов ќе беше преплавено со тоа, мак. работа.
Јас пак сметам дека Виктор се лигавеше 3 пати повеќе од Кико, макар да Кикко ми беше крајно одвратен. абе одвратни ми се и двата... И не ми е јасно што ги браните толку, цела борба и 300 кавги направите околу некои што не ги ни знаете, не им го ни знаете вистинскиот карактер и однесуваше, туку ги гледате такви какви што ги представува телевизијата, такви какви што тие сакаат да ги гледате. а вие сте спремни да ссе жртвувате за нив како за браќа. Ме чуди како немаше масовни самоубиства тие вечери кога излегоа Виктор и Кико, а да бидеме реални, не беше ни еден од нив двајца за идол.
Јас пак сметам дека Виктор се лигавеше 3 пати повеќе од Кико, макар да Кикко ми беше крајно одвратен. абе одвратни ми се и двата... И не ми е јасно што ги браните толку, цела борба и 300 кавги направите околу некои што не ги ни знаете, не им го ни знаете вистинскиот карактер и однесуваше, туку ги гледате такви какви што ги представува телевизијата, такви какви што тие сакаат да ги гледате. а вие сте спремни да ссе жртвувате за нив како за браќа. Ме чуди како немаше масовни самоубиства тие вечери кога излегоа Виктор и Кико, а да бидеме реални, не беше ни еден од нив двајца за идол.[/quote] А кој кажа дека јас сум од оние девојки (девојчиња) кој рикаа и трчаа по Виктор каде и да го видат.Тоа што ми беше фаворит не значи дека сум спремна да се самоубијам за него.Имам 18 години и ни на крај памет не ми е да се занесувам и да фантазирам за некој си дечко кој вчера се појавил.Според мене најубаво пееше Иван но Виктор има некаков шарм и харизма со кој ја освојува сцената и мое мислење е дека дечкото го направија препотентен и дигнат без никаква причина.Тоа што мислам така не значи дека сум напалена тинејџерка.
Овој Виктор е многу дигнат и како полжав е кога збори..да заспиеш додека каже една реченица. Пеењето не му е нешто посебно,фалширал премногу пати..можеби највеќе од сите учесници на идол.За занесените глупи фанови немам коментар. Според мене и Кико се занесува,ама не до толку.
Коментарот му беше врв! Ми скисна чекајќи го да сврзи реченица неписмен некој! За почеток нека прочита некоја книга и нека поработи на вербалната, а богами и на невербалната комуникација па нели сепак јавна личност е и по 10 девојќи врти. Мижи Митро толумби паѓаат! А кај се другите идоли? Нели многу беа познати? Нели сите како нешто најсвето ги гледале? Е ова ова е жив доказ човечката глупост и нереалност до каде може да стаса!
Јас не би се препукувала кој од децава е подобар, најдобар и најубав Само сакам да кажам дека Кристијан ми е некако дете родено за на сцена. И да не знае да отпее или да згреши ќе одглуми нешто во негов стил и целата ситуација ќе ја направи интересна. Детево освојува на секој чекор со стас, глас и шарм Уште да си поработи на карактерот...
Де бре,што толку сте се фатиле за изјавата на Виктор за девојките па и се расправате уште Ако сака нека менува и по 10 девојки на 10 мин. негова работа си е тоа. Мене ќе ме интересираат неговите песни и нормално,доколку ми се допаѓаат истите ќе го слушам. Сум се изјаснила и претходно во темава во врска со Виктор дека според мене дечкото стварно има харизма и став на сцена,а плус тоа има многу убава боја на глас,кога би слушнала негова песна на радио веднаш би препознала дека е тој. Значи поентата на муабетов ми е дека неговата музика треба да биде во прв план,а не колку девојки имал или колку бил флегматичен додека зборувал и слични работи коишто не го прават помалку квалитетен како пејач.
Па темава е за нив, фала богу за нив ќе коментираме. Да дека во преден план е музиката, но јавна личност е и ќе биде соочен со коментари од секаков вид. Тебе ти се допаѓа Виктор, и ај сеа на нас што не ни се допаѓа не треба да зборуваме за него? И да не го сакам, и глупо се понаша, не знае да сврзе две реченици, нема убав глас, нека се спушти на земја не е единствен кој може да врти девојки!
^ Како прво,не гледам дека негде сум спомнала да не се коментира за идоливе,нормално дека темава е за тоа и коментирај си ти колку сакаш на темава,ако сакаш и цел ден, јас ниту па било кој нема право тоа да ти го забрани Втора работа,не сум тинејџерка па да се тепам за виктор ниту па да менувам нечие мислење во врска со него и јас само се изјаснив за неговиот глас,никаде не прокоментирав за неговиот изглед Значи,поентата на постот ми беше ДА НЕ СЕ РАСПРАВАТЕ во врска со неговата изјава,а не ми беше да НЕ КОМЕНТИРАТЕ за него. И не го сакај де,не мора толку нервозно тоа да го кажуваш,не те фати некој за гуша
Тоа сакав да кажам, за изјавата. Секако дека некој овде ќе ја спомне, не ми се допаѓа и ќе прокоментирам. Видов имаше нешто спомнато за музиката во преден план и за тоа искоментирав Никаде не спомнав тинејџерки и тепање, напротив секој има различно мислење и вкус, и не кажав ништо нервозно и порано се имав изјаснето дека не го сакам. Како и да е, да не забегуваме многу