Абе баш е добар спотот зошто викате дека не.Поврзан е со тоа што го пее,малку необичен и различен од другите спотови во последно време што излегуваат.Само поубаво девојче можеле да најдат,не дека ова е грозна но сепак.А Викторче е срцка (не,не сум од напалените клинки но стварно е убав де чкото да бидеме реални ).
бев на промоција и имаше мноооооооооогу луѓе едвај се протнав.. така да немојте да си правите филмчиња во главата.. од сите идоли Виктор си го направи своето..алал да му е!! (не сум некојси фан) да се разбереме ама ова звучи и изгледа секси
Не си правиме филмичиња во глава,јас му бев фан ама сега ми е едноставно одвратен,самобендисан . Секој си има право на мислење,зарем не?
Да бидеме реални спотов е океј не е за фрлање,да признаеме.Ама девојкава ,можеле поубава да најдат тоа сигурно.И мене ме нервира Виктор ама ова не е лошо.Нели се организираше нешто со фановите за снимање на спотот,како што разбрав имаше и на фб видов таков настан -што се деси со тоа?
Изненадена сум од Виктор во позитивна смисла, песната и спотот се супер.Девојката е симпатична и има мила фаца не е како онаа од спотот на Кико.Туку што бива со другите идоли јас знам дека Иван снимеше песна во Белград пред 1 недела...
иако песната е чиста копија на бруно марс морам да кажам дека звучи светски.. уште па немало ни 10 души абе ајде престанете еднаш да давате само негативни коментари.. иначе текстот е негов и само ке кажам едно големо браво алал да му е се гледа дека е талентиран!! многу е интересен текстот за разлика од другите идоли најубава песна направи
Јас не мислам дека го копира Бруно Марс. Во ред е некој да ти биде инспирација ама тоа не значи дека го копираш. Гледајќи, слушајќи, учејќи од наши сопствени идоли и ние се надградуваме самите себе како посебни окарактеризирани личности. Што се однесува до песната и видеото имам позитивен впечаток. :up: Колку што знам тоа е неговата прва издадена песна и ми се допаѓа фактот дека одлучил првиот чекор да го направи со англиска верзија. Ми звучи убаво! Секако дека очекувам понатаму да се појави и со македонски поп - парчиња , но нека не застане само овде во границите на нашата татковина. И ние имаме талентирани музичари (кога веќе конкретно зборуваме за музиката) па нека светот почне да ги запознава. Можеби Виктор не е тип од калибарот на Мајкл Џексон (кој прв ми падна на памет како светски изградена музичка ѕвезда), но сите знаеме дека денеска за да се пробиеш на една таква голема сцена не се потребни само вокални способности туку и многу макотрпна работа (нормално и финансиски средства ). Ако го земеме пример Тоше Проески (кој беше извонреден редок талент) токму кога беше на работ од градење таква кариера се случи она за кое ниту помислувавме. Не сакам да одам оф-топик, но сакав аргументирано да го искажам својот став зашто му посакувам на Виктор (кој во овој момент го зедов како пример, а има многу други такви) да не се ограничува во рамките на нашата музичка естрада доколку веќе има можности и средства. Се' додека се труди, прави убава музика (барем лесно допирливи до увото на мнозинството) и постојано се надминува самиот себеси има огромни можности да успее во она што го сака.
Виктор мене ми е изведувач од типот на Џастин Тимберлејк и Бруно Марс.А се гледа дека и е свртен повеќе кон тој жанр поп аренби. Мислам дека Виктор има потенцијал да биде македонскиот Џастин Тимберлејк барем судејки по првата песна .Правилно постапи што не влезе во Јованов рекордс и што си работи на своја рака. А и смешно ми е кога го споредуваат со Хихо.Тие двајца имаа само едно нешто заедничко (напалените осмооделенки ) но всушност Виктор е далеку подобар изведувач.
Идејата за спотот е добра, но некако аматерски ми е направен , па добро сепак е негов прв спот.А иначе девојката е ставена само затоа што е ќерка на Скендеровски, онаа работа: тато, тато, ај стави ме во спот и прва прилика се користи...можеле далеку поубава да најдат. Иначе на промоцијата не бев, а беа другарки и + братучедка ми, била гужва невидена, немало за сите цедиња, братучедка ми последното го земала. Ама далеку подобар е од оној на Кико, ептен ми е монотон тој, само се возат на мотор, стои овој кај авиони и кај куќа некоја, незнам што е тоа.Башка и девојката е здрвена, овој фура некој Слаткар-овски стил.
Многу ми се допаѓа песната на Виктор и се сложувам со тоа дека одма влага во уво и многу интересен ритам има. Прв пат кога ја слушнав одма некако ме потсети на стилот на Бруно Марс и тоа е супер зашто баш таков стил на Виктор му одговара.
спотот на виктор е супер, навистина ми се допаѓа се надевам дека ќе продолжи така, а и на сите идоли им посакувам да изградат блескава кариера.
Од старт ми се присвиѓа ,пуста песна! Едино ме живцира што по секоја цена се труди да го имитира Џастин,дури и бојата на гласот ја штелова по крој на Тимбето. Ама јбг ,има солиден вокал и плус тоа е НОТ..веќе накај прехот мава
Според мене мислам дека беше местенка бидејќи највише ги сакаа Јана, Христијан, Виктор а победи некој што не ни го забележуваа
како тоа местенка? баш не беше местенка.. туку победи најдобриот затоа што се гледа и глас и став и двишење на сцена и карактер.. Според мене победи најдобриот и немаше утка.. И Иван сними песна и едвај чекам да слушнам му стискам палци