Незнам оти..ама ние дома ретко седнувавме да го гледаме Mакедонскиот идол. Дури и ми се чини дека единствена бев на училиште шо не бев заљубена во некој од горенаведените јунаци..Идол бе хахаха многу погрешно е сфатен зборот идол. Имав гледано неможам да речам не..ама секогаш гледав со покер фејс.Ние сме единствените шо имаме ваков идол..привин аудициите и после на истите му се монтираше мислењето на жирито во кое имаше само еден пејач а останатите двајца си беа така рандом одбрани.И на крај краева ни еден од идолите не се прославија..или само јас така си мислам?! Промашена инвестиција!
Еј абе не знаев дека нашиве идолци се famous Уствари тие што пак колју толку никој ги знае се скромни, а тие што ги џитнаа уште на старт и што не ги ни памтиме како дел од идол се мислат нешто дека се многу популарни, кој со една песна кој ни со толку. Типичен пример Билјанка, запазете го моментот типката ставила слика и си пишала одоздолу ова е кога не бев famous Сега си нешто ептен популарна, песна имаш ејј пази песна Абе смешно, жално не знам како да го наречам.. Популарен значи да имаш искуство со години зад себе, многу албуми, концерти со пополнето и последно место но без гратиси, да те сакаат и почитуваат во повеќе земји не само во матичната па и тогаш не можеш да се наречеш звезда туку само популарен и познат изведувач. Не знам оти луѓево си праат вакви филмови, ќе му кажам на тато да ми купи песна па и јас да бидам famous..
Биљана Значи кога беше во Идол ми беше еден од фаворитите.Нема некој мајндблоуинг глас но добро пееше,па и изгледа добро да бидеме реални.Но пред неполн месец гледав емисија со дотичната и типката не да е крената во облаци.Муабетот беше како демек имала друг приватен профил затоа што на овој што сите и го знаеле имала многу пријатели и понекогаш тоа ја замарало. Ја нервирало ова,ја нервирало она,мислиш ѕвезда од калибар на Ријана.А за начинот на изразување и за вокабуларот кој го има подобро и да не зборувам.Важно во секоја реченица мора да нагласи колкава ѕвезда е она и колку фанови има.Ми се одмили најискрено.За неа и Иван имав најпозитивно мислење но испадна дека сум била грешка.Виктор што го правеа толку дигнат и арогантен е ништо во споредба со нив.
Ах леле колку само го мразите вие Тони. Тони беше воведен во,ако можам да го наречам Идол-от како дисциплинска комисија. Калиопи беше онаа емотивна плачка со стручни совети,Игор држеше баланс измеѓу разведрување и критикување,Тони строеше. И убаво ги спушти тие што требаше да ги спушти пошто го дигнаа носот пред време. И во право беше,Тони можеби не е музичар,но има слух,и што е најбитно од се Тони е шоумен,а без тој сегмент од човек не може да биде музичар. Гласовите освен од фамилиите на учесниците,беше и од рајата тинејџерки кои се сеуште во фазон на лепење постери од фудбалери од наш свет до перничето,реално гласање слабо. И не е битно дали Кико или Виктор звучат као тетреби у сезона на парење,битно е да пејат некоја љубовна песничка и да уфрлат некоја заводлива насмевка кон публиката,и тоа е тоа. Демек ќе напраи кариера идолот и сето тоа,ги земаат само за да вадат пари преку нив,а тоа им успева само додека трае шоуто. После на тенеќаркиве им доаѓа памет дека не вреди да се троши 600 денари на оригинал цеде од некој од нив. Увек си ја имаат Жаклина Бибер,нели.
Во четврток Биљана и Јана настапуваат во Миднајт со еден бенд. Латино вечер и ретро песни. Биле нема глас, значи не и како што ја форсираа. И не е лепотица. Просечна е. Јана за разлика од Биле е послатка и поубаво пее. Додека беше во Идол мислев дека е едно лигаво и препотентно дете, ама не е така. Стоев до бината, а додека го чекаше редот стоеше до мене. Фина е, и културна. Додека Биле во облаци беше. Ама креват атмосфера.
Прво жирито си беше на место.Ниту во едно жири посебно кога се работи за вакви шоуа не може да бидат стваени само пеачи.Зошто?Затоашто....еден пеач во никој случај не треба едниствено да пее.Значи тој пред се мора да биде...уметник,,,актер....човек кој ќе знае да се однесува на сцена...пред публика....мора да биде харизматичен...треба да биде пред се убав и претставителен за да може публиката полесно да го прифати.....со еден збор да има многу работи во себе кои што се подеднакво битни како и пеењето.Дури би рекла јас пеењето т.е гласовните можности се вежбаат и се подобруваат...како велат 10 посто талент 90 посто работа...епа така е.Ама другите работи како однесување на сцена ,претставителност,харизматичност...се нешта кои се вродени и не можат да се научат.Затоа во жирито имаше и актер и пеач и шоумен. Јас многу пратев идол а и од искуство знам дека сите оние кои првично беа одбрани за да влезат во 40-тката сите до еден беа топ.Имаа глас,стас,други дарби,изгледаа убаво...! Да не зборувам пак за оние кои влегоа во 20-тката....!Децата сите до еден и машки и женски беа супер....и во пеење и во изглед итн. Потоа натака за оние кои влегоа во 10-тката не можам мн да говорам дали било правилно или не зашто тука сепак одлучуваше гласањето од луѓето. Идолите се прославија сите до еден ...!Без разлика кој направил песна кој не.Идол беше најгледано шоу во Мк во последниве 10 год то е ФАКТ и ова не го зборувам туку така туку од луѓе кои работеа на Идол и кои беа заангажирани околу неговата гледаност.Со самото тоа....идолите станаа доста популарни.А дали некој од нив направил песна па каква била песната во моментов не ми е битно зашто они пееја песни од светски пеачи премногу тешки за нив но сепак се трудеа и работеа многу децата и секој нареден концерт почнувајќи од малите концерти па натака беа се подобри.А дали некој направил песна или не нее битно...зашто туку влијаат мн работи пред се финансииите...а јас како што знам сите од они кои беа во 20-тката се пред се деца од семејства кои имаат слаби примања освен поединци.
Додека го следев идол фаворит ми беше Јана. Толку беше нежна, убава, слатка и многу убаво пееше. И бев на финалето во Скопје, супер беше. Но сега одкако заврши идол, ни ги слушам, ни ги гледам. Во петокот кај нас во еден кафич беше Наталија. Требаше да дојде и Елизабета, но Е од неа не видовме. Наталија е супер, убаво пее, но не направи никаква журка. own:
Идол...13 годишни заљубени девојчиња кои после секој исфрлен кандитат имаше плачки-рикачки. Го гледав Идолов чат-пат.Идол ми беше Иван Раденов. Од почетокот ме нервираше таа Билјана...Боже па таа цела се дигна во облаци незнаае што прави,е гледав сеа брзо на телевизија кажуваше нешто за фејсбук,демек отворила приватен профил,неможела со официјалниот е нервирале ова она.Епа сестро златна тоа ти е популарноста,ќе си се навикниш на све. Христијан Тодороски недораснато чоече.Копија на тој Биберот,после тој спотот за песната Сам на снегот.Ужас.Стварно. Го гледав спотот на Денис Мурат,ми се допаѓа. Иначе колку за информација: Христијан Тодороски сабота ќе бидит во Флерт Клуб во Кичево,почеток на настапот 22:30 часот(читај дека ќе почнит после полноќ бидејќи немаат матрици за песните,тогај ќе ги барат на интернет.) Влез 50 денари.
http://www.youtube.com/watch?v=CqNsgQa8 ... re=related Прилепчанецот со нова песна. Ме потсетува малце на Зачинот.
Фаворити ми беа Иван и Јана. Мило ми е што еден од моите фаворити стана 1 музички идол во македонија.
http://www.youtube.com/watch?v=s8aE2fBEFd8 само јас мислам дека е расипа песнава? ок си е со гласот....ама ја испеа без никаква емоција,здрвен
Ај па сега, ви ја расипал песната ... Иван си ја испеал како што знае и умее, не се соживувал, оти може не се пронашол или само ја испеал колку да испее И јас ја сакам песнава, го слушнав Иван, океј е, али си го пуштив Виле Вало после тоа. И мене не ми е нај како испеал, али не ми ја расипа или уништи песнава. Повели, да не ти се уништи скроз песнава http://www.youtube.com/watch?v=mtRdBYjPCWg
Добро де...не ја уништи песната.Ама едноставно ја испеал биз никакви емоции.Мене не ми се допаѓа.Иначе музиката што ја слуша Иван е топ