Сега гледав прв пат, а немав прочитано што се пишувало на форумов на оваа тема, но сепак забележав нешто чудно во монтажата... не ми се поклапаа убаво кадрите, и ми изгледаше непрофесионална монтажата, ама мислев дека е така зашто крателе многу делови за да не трае долго, али ете што била рабтатааа... Епа ако стварно на аудицијата било едно жири а тука друго..стварно е грдооо
Ќе кажам само дека ме разочара.Мислев дека ќе бидат попрофесионални. Они сите ги пуштија,поради очигледна причина-да си играат мајтап со нив и друг пат.Како да гледам некое шоу со смешки,а не Македонски Идол.
Следната година ќе си го пријавам мачорот на ИДОЛ, барем мјаука во интонација и мјаука подобро од 80% што пројдоа во следен круг.
А Калиопи нигде ја нема, а не кажа Овие двајцава се заебаваат само нешто, никаква сериозност нема. Ја нема онаа строгост, не ги советуваат воопшто ништо за следниот круг, што треба да поправат...
Додека овие ги снимале, т.е ги монтирале, Калиопи сигурно не присустувала таму, па само 3 пати ја дадоа онака само, монтирана од некоја друуга епизода од шоуто глупаво
Од Велес Моника многу убаво пее. Ја знам генерација ми е учевме во исто школо. Баш прибрано девојче, немам никаква забелешка за неа. И убаво се однесува. Ама Фазлија (запаличу пола зграда) е легенда бре!
Таа каратистката. Што ја зезаа да дојде за 3 дена. Прекрасно пее. Еднаш беше ученик на годината, медицинско средно заврши. Сега незнам што учи, битно многу прибрано девојче е, не е некоја арогантна и дигната. Баш си е скромна и симпатична.
Аааа да, се сетив. Баш за неа искоментирав дека е баш на место. Па и со 300 професии на 20 год. алал да и е. А онаа што не ги знаеше англиските текстови на ниедна песна И што ја пееше од Титаник песната има линк од неа? како се викаше?
Еј таа Моника, баш и јас ја бендисав, ептен добро испеа, дури и песната што ја пееше од Калиопи звучеше како Калиопи да ја пее, а не некој друг.
Сега и мене нема да ми биде интересно да гледам ако е монтирано Инаку јас ги следам и си се чудам. мислам дека ги пуштаат повеќето само од причина да се смееме,и да имаат гледаност. Во втор круг ке бидат построги во елиминациите. Барем така мислам. И до негде со некој кога го зафркаваат знаат страшно да ја преминат границата дури ептен жал ми паѓа . И не ми се допаѓа Ивана како води Не знам зошто ама многу се лигави вештачка ми е. требало Марко да го викнат ај овој Ненад е океј
Еден мој другар беше на аудиција и после кога ја гледаше снимката на а1 беше изненаден. Се е монтирано.
И јас мислам дека е монтирано башка и Калиопи воопшто не ја даваат и секој пат е со иста шминка фризура и со таа црвената јакна.Жива глупост ми е ова.
И јас баш приметив дека е со истата црвена јакна, си викам - аман женава зар толку нема што друго да носи?! Кога тоа да ти било монтирано. Вчера само два -три пати ја дадоа и тоа беа коментари и во претходните изданија што ги имаше, апла се познава.
Барем по професионално да го направеа, не вака. И во слика и во тон се разликува и во се. Калиопи со таа фацата вчера истата што и ја покажуваа како грефче беше. Со ова се губи цела смисла. Наместо да бидат интересни, жирито сега ми изгледаат како дебилчиња. Седнати пред екран, се ѕверат и зборуваат со телевизорот.
Јас не знам дали се онаму оние двајцана да избираат македонски идол или да си го тепаат времето Пола од оние што поминаа имаа глас за никаде. Можи не се разбирам јас како музичар ама пак знам како звучат Ушепарачки Ајде да видиме Прилеп како ќе биде. Кент веит