^ Има избори за убавина и на нив ќе коментирам за надворешен изглед, а не за пеење. Имаше доза на иронија во мојот коментар погоре.
Мене Виктор не ме воодушеви нешто посебно, онака средно мизерно. А што е убав човекот убав е. А Нико ми пееше преубаво, едноставно се наежив. И рок песната минатиот пат му лежеше прекрасно и сметам дека заслужува да влезе. Додека од девојкиве, ниедна, парталите сите и дома. Кога ќе ми текне кои женски вокали ги имаа На Бугарскиот идол лани, лелееееееее. А овие нашиве ко претепани, од спиење станати, и му дал некој микрофон и пеј ајде колку без ич. А бре за иднината му се работи не да се борат со сите сили тиеееееееее.......
Зависи, кој како мисли. Ако пратиш на Евровизија дедо, и да пее убаво, отпаднат е, епа така и тука. Не дека он е нешто подоле, ама .. Сепак сите ќе имаат песни, ги видоа на ТВ, сигурно и да не помине ќе го праша некој за песна, спот...
Кој и да влезе исто ми е сите убаво пеат. Но овој Иљачев сакам да го исфрлат од таму.. Уште од почетокот ми е одбивен се прави кој знае што ич ама ИЧ не ми се допаѓа од самиот почеток
Епа тоа го трубам, НЕ треба да е така, ама тоа е што е. Контрадикторност има секаде. Инаку јас се чудам дали е до мене, дали ми фали некоја жичка, ама Виктор отпеа скроз просечно. Нема некоја емоција, ниту сега ниту предгодниот пат. Нешто да ме тресне од земја, да ми сврти внимание... не знам.
Тоа е бидејќи се трудеше што е можно послично на оригиналот да ја отпее песната, а не да внесе некоја своја емоција. Затоа беше толку безлично.
Тоа и јас сакав да го кажам! Минатиот пат беше одлична, и песна и изведба и стајлинг на место, но пак не помина, па мораше да примени друга тактика... Инаку Денис супер ми испеа, исто и Виктор - многу беше слободен на сцена. За Нико воопшто не коментирам. Лаура воопшто не ми се допадна како и минатиот пат. За Анита си го сменив мислењето од претходниот пат, сега беше одлична. Влатко... Не знам што е, но има нешто кај него што не ми се допаѓа како појава. Наталија на пола песна се распеа... Можеше и подобро. А за жирито -Калиопи, Тони и Игор ми се супер комбинација за зезање на куб, но ме иритира тоа што според нив сите се прекрасни, за ниту еден не дадоа негативна критика. И еден гоооолем + за тоа што сами се облекувале (90% се поубави од минатиот пат) и за понудата за снимање на песна за секој од нив... Се надевам нешто добро ќе излезе од се ова
Вајлдче дојди си Битола на свирка да го слушаш три саати ниеднаш не му пукнал глас досега па можеби ќе ти сврти внимание Инаку во право си дека повеќето го сакаат Виктор само поради тоа што е убав, а не би требало...
Јас не го гледав баш најдобро идолов, досаден ми беше... Денис мене ме иритира, со тоа тератаната ме потече.... али доста солидно ја испеа песната Тој вториот што беше многу ме бендиса, ептен добро ја испеа песната, значи ептен добро. Не гледав. Не гледав. Не гледав. Не гледав. Не гледав. Тоа девојчето Лејди Гага-катастрофично од стајлинг па се до пеење. Не ми текнува кој пееше . Виктор ме неривра со песнива што ги одбира, па уште и сакал Билионер да ја пее, ае на што ќе личеше тоа , мислам дека треба некоја потешка песна да одбери не се сомневам во неговите вокални способности. Кажав дека сум за Виктор, ако не кажав сега кажувам Пс. на фб многу луѓе ја имаат поставено Тис лов што им стана на луѓево а и машки ја имаат поставено
^ Нејтири тоа се чудам и јас. Мене ми беше супер го памтам со карираната кошулка кога ја пееше Sorry seems to be the hardest word. Звучеше супер. Баш имам коментирано и понапред на темава. Емоции, глас и интонација, ама сега многу чуден стана откако влезе во финале. А тоа со убавината многу ме иритира. Па зар една Џенис Џоплин била убава? Зар Ејми Вајнхаус е убава? Том Јорк, Андреа Бочели... А парче правеле, а некои и уште прават. Не сакам да одам офф топик...
Аууу, како сте се раскоментиралее, на ред неможе човек да дојде.. Како сте се фатиле за Виктор, ко пијан за стап. Убаво пее детето, не е за фрлање, и јесте убав е. Ама вие рчкајте се до утре, тој пари нема да ви даде ако стане познат Туку, што сакав да кажам, овој Иљачев и мене некако многу ме нервира, многу антипатична појава бе.. Наталија цело време ниско пееше, Лаура ич не ја коментирам own: . Единствено од девојчињата ми се допадна Анита. Од машките сите беа океј, горе-долу, со еден исклучок, Иљачев или како и да е. То е то
Анита, Билјана, Денис и Нико. Било кој од нив да отиде ќе бидам задоволна. Само да не биде Наталија или Виктор. Наталија ми е толку дебилна и антипатична, чудо невидено . И што и е со Halo од Бијонсе? ФАКТ е дека песната е тешка, дури и за самата Бијонсе, а не па оваа да ја пее. Ако има она добар глас, не знам кај ви се ушите. Виктор е океј, ама другите ми се подобри. Некако ми е премногу исфорсиран, напнуваат со него, не дека е до толку којзнае што...
Ту ама долго пребројуваат гласови Нека кажат одма како ја наредиле работата и готово, не знам зошто и нас не мачат да чекаме