^ Не игра парата комплетна улога туку вкусот (ако така може да се нарече) на луѓето. Инаку да, да имам јас куп кеш ќе изнакупам картици и ќе дадам да гласаат, меѓутоа мислам дека овие тројца реално гледано беа фаворити тука.
Релативно е. Секој различно си гласал и немора веднаш да се префрла дека е наместено. Сите имаат убави гласови и не за џабе стигнале до таму. Само некои имале повеќе среќа, некои помалку и тоа е тоа. На некој му се допаѓа Наталија и Лаура мене не ми се допаѓаат.
уау... Е вака се дигало глас бе!!! Уште реално вакви да се покажевме па Грујо да го симневме од власт...
Ма може да помине само кај Есма, уште на колку Идоли треба да отиде за да и кажат дека малку треба да поработи на изгледот, т.е да ослаби па не е се во гласот замислете колку камери ќе треба да ја снимат кога ќе треба да пее
Абе баталете тоа, јас ќе ви кажам кој го фрли прслукот на сцена... Фикреткааааааа и се смалил и пораснале тие... таквите де...
Пресреќна сум за тројцата финалисти,посебно по реакцијата на Нико... Малку ми е криво за Наталија Извондредна е.. Треба да и направат песни,а не вакви таленти да се игнорираат.
Ма forget it.. шо тресам јас земјотреси, глупости. До кој степен ме изнервира идолов . Што па јас седнав да гледам и да дозволам вака да се бламирам.
Идол не го гледав додека беа кастинзите, велам ај на крај ке гледам, полуфинале и финале Ама и тоа не успеав да го гледам искрено, до пред 2 дена не знаев ни еден од кандидатите Најдов една слика на ФБ (сите од полуфинале беа) и одма си најдов фаворити, онака по изглед. Побарав по нет, и испадна дека фаворити ми се Мики, Нико, Ивица и Иван (ама начин на бирање) Ни една од дамите не ми фати око, па годинава ке навивам само за овие. Мики и Нико ми имаат најѕверски гласови, навистина можат се да пеат се и двајцата Најискрено, и двајцата по малку ме потсеќаат на Тоше, имаат глас за секаква музика, и црковна, и рок и поп, па верувам дека и ке ги биде и како хипхопери
воопшто не ми е криво што не влегоа моите фаворити. Добрите продукции кој колку толку ги има неколку на прст, како и добрите автори сигурно ги забележаа овие деца кој се родени на сцена, кој вистински направија бум и кој покажаа што знаат. ова за повеќето беше отскочна даска за понатаму особено самите од идол ќе ги имаат во предвид сите нив. Еден ќе стане македонски идол е ок де меѓутоа не зависи само од продукцијата се зависи и од личноста што ќе ја изберат што понатаму колку ќе сака да соработува, дале ќе може да успее и колку ќе се вообрази. Сетете се само на м2 и форплеј што стана-НИШТО. Затоа секој кој што има глас и се покажа вечерва во ВИСТИНСКО светло ќе успее и ќе го гледаме повеќе него ли избраниот идол.
Наталија според мене има извонреден глас, најубав од сите девојки, НО не е потребен само гласот. Потребно е и да и се допаднеш на публиката. Мене лично воопшто не ми се допаѓа. Не затоа што е дебела, туку затоа што не се труди да изгледа убаво. Дури и некако арогантна ми е нејзината самоувереност. Инаку, најсреќна сум што Нико влезе во финале. Иван и Виктор ми се убави, Денис ми е страшно згоден, но само гласот од Нико успеа да ме наежи и да допре длабоко во мене. Секоја му чест на човекон.
Уф уф ќе се затепаме уште сега, а да не зборам за тоа што следи од идната недела кога еден по еден ќе отпаѓаат и САМО ЕДЕН ќе е победник Реално сите овие 10 момци и 10 девојки се поквалитетни од пола наша естрада. Која па и тука некаде е 20дали знаеме добри пејачи да наброиме (додуше не е за смеење, за плачење е) Па и пола од нив се музички едуцирани, пола од нив имаат бендови, дел од нив имаат само огромна желба за успех. Никој од нив не е совршен, сите имаат мани, една е дебала, друг се занесувал, трет имал пари, четврт става пудра 3 кила, 5ти имитира премногу, 6тата е шмизла... Ама како и да е барем секој понеделник ќе си поминувам 2-3 часа со македонски млади надежи и среќна сум што барем имаме добри гласови, само децата немаат средства за да станат популарни, може имаат 2000 денари за картички да гласаат за нив, ама немаат сите по 1000 евра за песна и 5000 евра за спот, онака просечни збориме. Затоа ова е супер отскочна даска. Сите би биле добар победник. Со среќа нека им е
навистина предобри вокали и предобри настапи видовме вечерва. Жал ми е но навистина мораше да се селектира за понатаму. Сите беа супер. Виктор ми се допадна можеби најмногу. Што се однесува до Наталија, се согласувам со Викторија. Наталија не се труди да и се допадне на публиката. Мисли ако има глас, секој ќе ја сака само поради тоа. Поминаа тие времиња.
Леле Лаура на тетка ми наликуваше, плус ко да губеше здив посебно на ela ela ela, јас мислев готово во секој момент ќе прекине да пее Наталија, дали ја прецениле (или се преценила) за песнава? Нормално не очекував да ја донесе како Бијонсе, далеку од тоа, али сепак не ми се допадна воопшто Билјана, ни она не ми се допадна како ја изведе Папараци . Минатиот понеделник беше каде каде подобра. Анита ми се допадна како испеа Не ми била никогаш омилена, ама сега супер беше. Баш ми е мило за Виктор и Нико што влегоа Добри се. Посебно за Нико, баш е спонтан, не глуми лудила. Моментот со брусхалтерот беше врвот на вечерта. Се пресмејав. Која будала фрли прслук???? Спојлер Луѓе што сте направиле со мислењава бре? Пренос во живо на фемина
Не ги следев со будно око ама еден заклучок изведов-сите имаат прекрасен глас и се мн квалитетни пријатно освежување на мк музичка сцена... ќе бидам офтопик ама онаа девојкана што пееше со кремасти панталони и бела кошула...панталоните !!! умрев по нив знае некој каде можат да се најдат такви да се купат?
^ Прслукот го фрли една тетка од публиката. Го држеше во раце уште пред да почне Виктор (изгледа такво беше сценариото)
Викторче ми е закон, јас ги стискам палците за него. Сакам да победи. Некако форсирам за момциве, Денис ми е исто добар, навистина згоден ама малку како да го форсираат. Плус, да не бидам погрешно сфатена ама наше си е наше. Македонче убаво, згодно, квалитетно.
Oна последното беше пријатно изненадување иако сум од Битола сепак поќе сакам Иван Раденов да победи ама многу ми е мило што двата битолчаните влегоја браво секоја чест Виктор многу убаво испеа а нико не видов како пееше, а за Билјана веќе се знаеше дека ќе влези ја скапаја местење...........