можеби повеќето од нив знаат да пеат таму,но за мене најдобар е нико,секогаш паѓам на таквите таленти како него,со добар и извонреден глас.гласав за него(4 пати)знам дека нема да победи само затоа што не е со врски и нема пари,но сигурно доколку некој го виде од надвор,ке ни го земе како и се што впрочем дозволуваме да се случе-секогаш....пак ќе гласам за него,никогаш не знаеме да го ценеме тоа што го имаме
WTF? http://www.youtube.com/watch?v=fl0IEfZxluA Го памтам по клипов, каква разлика еј. Не сум ни знаела дека е Влатко. Иако и не е баш мал тука. Инаку, само јас сум тука извеана или и на вас Нико ви личи на Давид Виља?
Жирито ми е утнато. Ајде Калиопи ама Игор и Тони што бараат не ми е јасно?! Што познаваат тие од музиката туку си рекле ајде ќе ставиме колку да има некои да ги смеат гледачите па шоуто да биде гледано. За разлика од Идол М2 има жири со пејачи,музичари и професори по музика луѓе кои вистински. Иако треба да се има некој како водител некој кој ќе ги забавува гледачите доволно е еден, сепак е ова музичко шоу колку луѓе плачат кога ќе отпаднат па треба да се сфати сериозно.
Подобро жири од овие тројца не можело да се состави. Калиопи е професионалка во поп музиката и дури е доволна сама да биде жири во тој поглед. Игор освен што е глумец, е и музичар и шоумен.
^^ Вајлд, дури сега кога рече дека ти наликува Нико на Виља, се подзамислив и навистина личи на него .
Јас би рекла, само ти си извеана Шала на страна, не ми личи мене Абе да, поквалификувани се музички во М2 отколку на Идол, ама жириво на Идол повеќе гледаше на глас отколку тие на М2. Овие од М2 се‘ за изглед се фаќаа
Жирито мене ми е супер, полн погодок. Игор е се, буквално се е човекот и музичар и глумец и водител и мислам дека му нема рамен шоумен во државичкава наша, не мислам туку сум сигурна . Има и албуми издадено човекот, значи со години е во јавноста, покомпетентен од него не гледам за во жири. Калиопи е веќе реномиран музичар, а Тони е сепак можеби за малку да биде позабавно, со Игор мене ми се супер интересни, иако ни тој не е лаик кога станува збор за музика.
Сега кога видов што и како му пишувале девојчињава по профил на Христијан Па, добро бре, оти така се бламираат? Не ми е јасно, оти толку ги издигнувааат, и него, и Виктор и сите други, кога ништо уште немаат направено? Супер е да се дава поддршка, али девојчињава претеруваат.
И јас пред некој ден си се изначитав се и сешто... Еднаш refresh на профилот и веќе се губам во еден куп нови коментари. А тек па што беше минатиот понеделник... се испотепаа која прва да му честита влез во следниот круг на Виктор
Ништо од тоа утре да идам во живо да ги гледам. Пуу јез'к . Ај па не е се црно ќе ви вршиме тука со Вајлд директен пренос во писмена форма.
Мислам дека за девојкиве нема да е фер да пеат машка песна...јас разбирам дека сакаат да му одадат почит на Тоше, но би било праведно машките да пеат песни од Тоше а девојките песни од некој женски изведувач. Ако е за така нема им дадат и на машките и на женски песни од некоја македонска пеачка и тогаш сигурно дека женските подобро би испеале од машките....
^^ Абе добро сега не се сите негови песни тешки за пеење, има тој и лесно певливи песни. Е сега овие да бидат паметни па да си изберат некоја таква, за да не фалшираат. Иако се си мислам дека токму спротивното ќе го направат, ќе сакаат да се покажат со некоја тешка песна и оп....фалш
Колку што дознав од фб Виктор ќе ја пее Боже чувај ја од зло, а Ивица Велоски - Цреша ...на Ивица мислам дека баш ќе му одговара песната за неговиот глас...али ќе видиме