Бети браво А овај Мики воопшто не го сакам ама вечерва добивме многу зиненадувања па да видиме како ќе испее можеби пријатно ќе ме изненади Едит добро испеа
И Мики е за пофалба, малку сценскиот настап му беше шит, ептен клечарски, ама за гласовните способности и за изведбата :up: И сега мислам дека следуваат Лисјата...па после е прогласувањето, поправете ако грешам.
ВИКТОР, Билјана, БЕТИ и Мики најдобри беа вечерва и фаворит за мене останува Виктор, Нико секако и покрај лошата изведба вечерва, Бети многу ми се допаѓа и Мики не беше лош вечерва еден од подобрите вокали, но далеку од фаворит
доста дејзи не ми ги уништувај соништата јас сеуште се надевам дека на дечиштана му е намален или си го потрошиле џепарлакот и немаат кредит на телефонот
Ако е Вајлд таму сега нека ни мафне навака се шегувам, Настапов од Мики до сега најмногу ми се допадна, бре даде се’ од себе и вистина изгледаше како секој момент дека ќе пукне, епа греота е ваков труд да не помине за разлика од раката во џеб, т.е енергично, за ралика од Јана која за жал вечерва воопшто не се потруди да покаже емоции и да ја пренесе песната и сега најправедно ќе биде или таа или Емилија да испаднат, посебно Емилија, па два пати да се толерира, имала малку проблем со гласот, па нека продолжи слободно да пее по хорови, па за две години пак нека се пријави на идол , ко што гледам гласот уште и мутира. И како сме се раскоментирале на темава, ко други и да не постојат П.С. Дејзи што се случува со латиницата ?