Нико ми се свиѓа како пее и се однесува,некако ми прирасна за срце Јана ми е многу симпатична,нежна,весела Кристијан не е ништо повеќе од препотентен,замислен тинејџер Виктор,убав ама и тој се мисли фраер некој,несакам такви типци по карактер Емилија ми е како гревче некое,не ми пее убаво Таа од Гв стварно добро пее Мики ми е страшен на фаца Иван не знае да се понаша на сцена,безврска се мавта ваму-таму,нема некој моќен глас Дејан ми е изгубен во време и простор Јулијана чудно зборува некако А намногу се израдував што испадна таа Катерина,леле како чудно ја виличи таа муцката,неможев да ја гледам
Излезе таа што требаше да излезе,не ми се допадна воопшто како ја испеа песната.Ми се допадна последниот што пееше,незнам како се вика,кој ја отпеа Зошто отиде,исто така ми се допадна Дејан како отпеа со оглед дека пееше една од најтешките песни на Тоше.Девојчето од Гевгелија добро пее,мислам дека треба да остане до крај,а оваа вечер малку ме разочара Нико.Тој Кристијан ужасно ме нервира со неговото понашање и самобендисаност.Да беше малку по скромен можеби и ќе ми се допаднеше,но детево е ептен уфилмано,а и башка не испеа нешто којзнае како за да си ги покаже гласовните способности,само занесено пееше замислувајќи дека е гооолема звезда.
Значи незнам стварно ни јас, а мн ме интересира кој гласа за Емилија???? Девојката не ја бива ама никако не ја бива, за пеење! Нареден круг она ке испадне, барем јас така мислам. Како и да е битно Билјана и Нико продолжуваат понатаму. Катерина, конечно, доста и беше. Она е само за во Синтезис да пее, со девојките кои пеат како да им се затнати носевите.
Да Виножитке, и јас се сложувам дека може да се смени фавортот со неколку лоши изведби или ако стварно се покаже како лош, а некој друг изненади во позитивна смисла. Така и мене ми беше антипатична Билјана, па сега ми е супер, како и Нико кој не знаев дека толку прекрасно пее. За Иван бев веќе од почетокот. Јас мислев на вечерашните настапи и на тоа дека доколку мојот фаворит лошо испее нема да го сменам мислењето зашто се пеат песни од големиот Тоше и не можеме да им замериме на идоливе ако не се покажат зашто со песните на Тоше не може да се носат ни големите професионалци, а камо ли овие кои се на почеток. Иначе, добар избор за испаѓање беше Катерина, немаше да биде фер некој друг да испадне (освен Емилија).
Спојлер Па па па, неможе човек да ве изначита , ај прво да си искоментирам па да ве дочитам, доста има за читање Ајде јас да се изјаснам... Најдобра вечер до сега ( во однос на тоа дека посветена на Тоше и дека негови песни се пееја ). Многу емотивно. Ќе ги искоментирам само тие што најмногу ми се допаднаа. Билјана - Девојкава не ми беше баш омилена, но вечерва ме наежи, многу добро испеа! - Една од омилените мои песни. Виктор - Дечкото има глас се гледа и тоа многу добро го покажува. Преубаво ја испеа "Боже чувај ја од зло". Али што беше работата со стомачните?? Колку години има дечково?? Мислам дека со такви слики само среношколци уште се занимаваат... Нико - Моќен глас има да, но дали некако на моменти фалшираше или до мене е? Бети - Супер! Стварно многу убаво ја донесе "Сонце во твојте руси коси" - (незнаев дека она ја пеела "Марионка", омилена детска песничка ми беше ) Мики - И само да искоментирам за Јана, НО за аутфитот ! Најубава ми беше, и ако знаете од каде е кошулката што ја носеше кажувајте одма !
Иван - Не ми се допадна баш многу, а знам дека имаше доста поддржувачи, затоа и се зачудив... Јана - За стајлингот се согласувам со Ла-Чика, прекрасен, неможев да се изнагледам, ама некако како без душа да пееше... Ивица - Ми се допадна како испеа, и тоа што не е во облаци човекот, баш ми е така слоу моушн и искулиран. Емилија - Одвратно! Одвратна ми е и поназад имам кажано, ко ретардирана се понаша! Јулијана - Претерано се треска од земја типкава и ми квичи многу. Уште од минатиот пат, правец за во болницата во Негорци таму кај неа... Христијан - Не испеа нешто особено, ама има харизма детево... Виктор - Има убав глас, добар изглед, :up: Биљана - Мојот фаворит од девојките, ја испеа песната на свој начин, душичка па се расплака на крај Дејан - Некако не е експониран многу, ама има убав глас, мада е малку ко изгубен низ просторот и времето. Сосем очекувана реакција од него кога останаа на крај со Катерина, оваа се смее изводи нешто глуми, а Дејан се препотува...Дури жал ми падна. Катерина - Втора на списокот мој на не фаворити после Емилија ретардиранана. Уште од минатиот пат со онаа песна Mercy од која ми се сере ми стана јасно дека не пее убаво и се вади на таа карта - квичење, каква и што е таа песна Mercy. Елизабета - Неверојатен глас има, ме наежи Hurt кога ја испеа минатиот пат, ама и овој пат беше одлична. Нико - Ја згреши песната, можеби требаше да речеме да ја пее Полско цвеќе, мислам повеќе ќе му лежеше. Мики - Си го поддржувам пошто е велешанец, настрана тоа навистина има глас, даде се од себе и се потруди да ја долови песната на свој начин и убаво го истакна гласот... Апсолутен фаворит ми е од сите :up: Мислам дека не пропуштив никој И да, треба жирито малку и да критикува, да знаат барем каде да се поправат.
Јас сега пуштив да гледам реприза, прееска не можев да гледам, еве сега е втората песна а мене солзи ми течат, ептен сум осетлива на песните од Тоше, претходните некако можам да ги слушам поновите нема шанси, а кога пуштаат снимка од негов настам, веднаш менувам- едноставно многу ми е тешко и жал што го нема, а така кога не ги слушам песните се лажам самата себеси дека тоа што се случи во Октомври 2007 е само сон Секоја чест на бендот на Тоше, како можат да ги свират песните, мене би ми се враќале спомени и би се скршила, а тие колку се силни Леле ме растажи идолов бре, не знам дали да продолжам да гледам Едит- Ла Чика, песната Марионка, ја пееше машко- Васил се викаше Во која заблуда сум, цело време зборите Нико, Нико, а јас до сега Ивица го мислев дека е Нико, си викам што им е зошто го викаат Нико Ивица ? Не знам како се вика девојката што ја пееше Сонце во твоите руси коси ама имаше ужасен стајлинг, а пеењето ми беше ок. Со Јана имаме исто ременче Леле Игри без граници - ми се допаѓа како го облекле Дејан Калиопи колку е мила бре, колку е убава на тие години брчка нема, ептен ми е душа. Која е оваа што ја пее Среќна ли си ти? Леле и кога пееја девојките ме нервираше, ужас е
Не можам да редактирам, ми помина времето. Морам да кажам дека Биљана ме расплака, толку убаво ја испеа песната што ме помести од место Леле, Нико
Требаше да излезе таа од Тетово, ич не ја знам како се вика, ама како џивџанче некое ми е. Вчера си легнав рано , па само до Ивица стигнав да гледам. Да ве прашам, Нико пред или после Јуле пееше? Сакам да го гледам, без сомнение е дека предобро испеал, ама морам да го гледам. Инаку Иван беше супер, на крајот малку исфалшира, но се гледаше дека беше многу возбуден и дека се тресеше цел. Сите имаа претешка задача.
Вајлд еве догледај http://web.maxtv.mk/index.aspx, Нико пред малку пееше, и пееше после Јана Едит- сега гледам си прашала Јуле, а јас Јана Да, пред неа пееше
Фала Сеси. Гледам ви фалело коментирањево мое. Требаше да дадам знак, си помисливте којзнае што ми се случило што не гледам. А овој Христијан, пее за пеење, ама многу чудно ми збори. Женче.
Мене ме нервираат и Христијан и Виктор, ме иритираат некако, а Христијан ти пее чудно бидејќи му се осеќа прилепскиот нагласок Браво за Мики, предобро испеано, тој ми е фаворит од Машките
Јас вчера не ни догледав, просто немав живци. Тој Виктор што сите го баат - е чупаниот тип? Со едно бело шалче вчера? Како и да е, не видов машко кое отскокна, ниту со глас, ниту со стас. Просечни, па дури и подпросечни. Со исклучок на таа една плава девојка од Гостивар, Сонце во твоите руси коси, другиве (е)страдни ѕвезди се сите за жалење, во поглед на пеењето вчера. Не ги знам вака по име сите, ама кога ги читам коментарите погоре, ми текнуваат. Пример, таа Емилија. Ретардирана. Живела шминка. Па таа нема горна усна бре, кога се смее, језа ме фаќа. Тој чиката. Нико. Тој Идол? Таа една со виткана коса со лепршавиот стајлинг вчера, нешто оринџ, многу разиграна што беше... Катастрофа. Јас ти советувам да продолжиш да се занимаваш со ова (судиите). - Јас ти советувам да престанеш да слушаш баби, тетки, стринки кои те воспеваат до небо, зашто рикаш и цивкаш ко луда. Ушите ми прокрвареа вчера, Велково меанче МОЖЕБИ.... можеби ќе те прими за певаљка. Ете тоа би им го рекла на повеќето. И извинете на морбидниов коментар , не се потресувајте веднаш, ама после тоа вчера... Тоше Проески во гроб се превртувал од тие изведби.