Девојкава од Тетово Емилија има направено реклама иде нешто како гласајте за мене со тоа гласате и за Вашиот град може да се чуе низ Тетово
И јас баш вчера кога гледав Идол истото го мислев многу убава жена е, изгледа многу помладо. Ајде и јас да почнам за секој детално Иван: Meне лично ми се допадна, со оглед на тоа дека ја имаше најтешката задача, да го отвори концертот посветен на Тоше а тоа се виде и на крајот цел се растресе, го совладаа емоциите. Му треба само подобро играње на сцена.. како и да е срцка е, ептен сакам да победи Јана: Добар стајлинг и исто ми се допадна како отпеа со оглед на тоа дека пее песна од машко. И она ми е еден од фаворитите. Малце се испонаша кога ги покажуваа нејзините слики. Ивица: Исто ми се допадна, ми се допаѓа и тоа што е приземјен. Емилија: Кога ја пееше Ај ем лајк а брд, многу ја засакав, убаво ја испеа песната, но кога дојде на малите концерти.. катастрофа. Па и како се понаша Јулијана: Прекрасно! И она ми еден од фаворите, ме нервира само што на секој втор збор потклекнува. Христијан: Ауу го нападнаа девојчиња Па и не испеа така лошо и знае како да се однесува на сцена, aли однесувањето катастрофа Виктор: Добро испеја, добар глас, стајлингот малку не ми се свиѓаше - не за бели пантолони а и многу е самобендисан. Биљана: -само тоа ќе кажам, со оглед на тоа дека минатиот пат пеејќи ја од лејди гага песната ме разочара а си ја сакав предтоа.. Дејан: Добро ја отпеја но таа негова срамежливост тешко да стигне подалеку. Kaтерина: Кога ги водов тројцата на столчето, сакав оваа да испадне. Стајлинг-катастрофа! Елизабета: Не знам баш како пееше, не ја слушнав добро ама секогаш успева да ме разочара со стајлингот, ама баш секогаш, многу е сериозна за нејзините години! И на малите концерти кога даваа снимки од нив пред да ја испеат песната рече "Мислам дека машките повеќе сакаат плавуши" и се смее онака глупо и се држи за коса. Глупачка бе Нико: Ме разочара малку, очекував повеќе од него. Добар стајлинг! Мики: Добро испеја, но кога видов како игра на секс он фајр ептен така ми стана одвратен, па кога ќе застане ќе ги рашири тие нозете мислиш шпага ќе прави ама баш такво чуство имам кога го гледам како игра.
Баш штета не ја затеков Јана како пее почнав од четвртиот кандидат да ги гледам.. Како и да е секако ми е фаворит No1 ми се допаднаа Бети и Биљана.. А овие машките посбно Виктор и Христијан ма ич не ми се допаѓаат. Ги мава некој филм или незнам што е работата сакам да испаднат не ги сакам на естрадата, посебно такви филмаџии како нив
Сите беа топ со песните на тоше но билјана и бети стварно беа многу добри како нивни песни им беа а оваа јана му го скапа носот на Виктор хаха така можеби му треба нека тр4е прв да се поздрави хахах
двете билјани мене ми се апсолутен фаворит, тоа што посебно ме бендиса беше што не се трудеа да ги имитираат тоше туку си ги приспособија песните кон нивнте гласовни способности а од другите бев искрено ужасно разочарана според мене многу без врска испееа и мислам дека не им требаше ваква работа, да ги стават да пеат песни од тоше стварно е глупаво
А можеби сте ја приметиле Емилија таа не е за такви песни туку по брзо нешто сака рап еве како што ја пееше од пинк перфект то брзото добро и годеше па тоа е стајлингот и стварно беше многу добар ама не е како за неа а овој Христијан кога бил мал колко бил симпати4н а и сега е
Ќе си ги искоментирам само моите фаворити, за другиве не чувствувам потреба да зборувам. Значи Билјана, Бети и Мики ми го исполнија срцево со нивните изведби, се испонаежив. Какви гласовни способности, какви таленти просто без зборови ме оставија со нивните изведби на песните од Тоше. Браво и само така да продолжат и понатаму. Прекрасни беа
Eлизабета вчера испеа феноменално воопшто не се сомневав дека ќе продолжи понатаму , а и вистинската песна ја одбра -сонце во твоите руси коси
Денес на школо една шмизла искоментира како Нико да немал ич убав глас,Емилија 100 пати поубаво пеела од него. Де бре девојче,имаш ли поим ти за убав глас. Емилија е ко Џивџи,јас не знам како достигнала до овде и кој воопшто гласа за неа.Исто и Јулијана,се треска од земја како луда. Елизабета и Билјана се перфектни. Јана утна малку синоќа,стајлингот и беше совршен,посебно панталоните. Нико има прекрасен глас,просто сум заљубена во неговите настапи и вокални способности.Сакам да победи пошто воопшто не ме интересира дали бил ко чичко или ко младич...Одличен е! Виктор пееше убаво,ама многу е самобендисан.Голем минус од мене за сликата за стомачните. Кико е убав исто,просечно пеење ама според мене не е маседониан ајдол него д маседониан џастин бибер. Ивица и Мики имаат моќен вокал,одлични се.
Баш ми беше некако симпатична таа што испадна сношти, ама навистина - таа сукња не заслужваше да оди понатаму...
Јас типувам за Емилија да излезе. Антипатична е, нема ич харизма, а и не е некој посебен талент. Јана ми е мене супер.
Да, црвената соба беше прилично глупава идеја. Патат нашиве од комплекс соба, на секоја манифестација обавезно има зелена, црвена, ваква-таква соба И јас не сакам Јана да излезе, интересна ми е, ама слаби и се изгледите. И Дејан нека остане, ама типувам на него исто поради слабите изгледи. А Емилија сакам да испадне.
Прилично просечни беа ,,идоливе" вчера. Морам Виктор да го искоментирам затоа што тој ми е фаворит, на почетокот со сликата со мускулите ме разорачара, добро бе човече шо си мислеше не ми е јасно , но пеењето му беше на ниво, тој и Мики вчера според мене најдобри беа од машките а од женските Елизабера и Билјана. Исто ќе го искоментирам Нико, го чекав вчера тој да испее и бев сигурна дека ќе ја пее Ариа, несомнено дека има прекрасен глас, но тоа вчера беше многу лошо, едноставно песната воопшто не му се погоди, како и да е наредниот Понеделник очекувам да го поправи тоа. И Христијан ќе го искоментирам, има сосема просечни гласовни способности и многу дигнато однесување како божем ја ослободил Македонија се крева . На почетокот на песната не ми се допадна, некако многу брзаше ама на рефренот добар беше. Сега ме интересира дали Јана и Дејан исто имаа малку гласови па затоа беа седнати на трите столици?? И дали има некој информација што ќе се пее Понеделник?
Жал ми е за Кате што испадна, симпатична ми беше.... Стајлингот и беше утнат, но тоа не е по нејзина вина, туку по вина на студентите кои ги облекуваат... И да мислам дека Јана и Дејан немаа малку гласови, туку дека седаа на столчињата само за да се збунат гласачите, наредниот пат повеке да гласаат!!!
Мики THE BEST беше вчера...... Сега ќе му пишам нешто на фб, го немам во пријатели, ама што ми е гајле, ќе му пратам порака дека е предобаррррр, дека предобро пее........ Само не видов кој/а излезе?