Глигурче... Ко за машко ова име повеќе , а? Или Емилија ти е неостварена симпатија или... си самата Емилија. Што и да е, get a grip, малку пофлексибилно и опуштено. НЕ се потресувај , ако девојката е квалитетна ќе успее и без Идол и ќе биде обожувана и славена од страна на публиката со бели кринови, лалиња и бонбони. Ај сега мирно...
а математиката има каква врска со музиката ...? аа да бре имаааа, извини, глупава сум, дури сега сфатив, знаеш стварно е поврзано тоа ... брат ми има три тона дипломи по математика ..... па затоа јас бре луѓе пеам преубаво
Се согласувам со мислењето за Мики, за раката во џеб сметам дека му беше дел од сценскиот настап, а ова за Емилија и Јана во голема грешка си. Мислам дека Емилија веќе ја одминала таа фаза на мутирање на гласот, судејќи по нејзиното пеење најпрвин, како и по нејзините години (ако не се лажам ќе полни веќе 18, така?). Секој може да се разболи, одреден период да не му штима гласот, но тоа не значи дека треба да престане да пее и да се труди да влезе во потесните кругови на Македонскиот Идол....Ако веќе така гледаме, и девојкава Јана има пеено во хор, па овој настап не и беше најсјаен, зар и таа треба да остане слободно да пее по хорови?? Инаку по мене, сметам дека од машките, најдобри вокали се Мики и Нико. Само напред
За новиве членови кои претпоставувам се нкои многу билску до идоливе или пак самите идоли е виновно девојчето што им прати порака на фб со темава од форумов незнам која форумџика беше точно ама многу ги исплашила гледам, одма рипнаа хахах Relax бе луѓе, ако сакате да сте ѕвезди и идоли мора да се носите со секакви критики, види ги ејјјј, одма скокнаа, као сега ќе го сменам мислењето за Емилија? Да сигурно, уште по антипатична ми стана, прати тука некои портпаролчиња жалосно.... една јавна личност не би требала да се замара со тоа што пишуваат луѓето за неа на форум, незнам што добивате со ова бранење, ако сакавте да искажете мислење немаше да убедувате тука колку била добра фина и паметна дотичната туку едноставно ќе си кажевте што ви се допаѓа во нејзините настапи, вака е патетично, а коа сте толку блиски и фанови на Емилија кој знае што зборите и што си мислите во себе за нејзините конкуренти, хмммм....
И јас викам дека културата ни е позната. Само кај нас може да се случи позната личност да се приклучи на форум и вака да се брани, очигледно е. Кога веќе сте прифатиле да излезете во јавност мора да ги прифатите сите критики, било да се позитивни, било негативни. Секој ќе има некој кој ќе јаде трици од страна, тоа требало да го знаете одамна. Мене многу ми е гајле дали Емилија пее прв пат или втор на сцена, дали учела во медицина, дали гимназија. Не планирам да им учам биографија на сите, изведбата не ми се допадна и точка.
Прочитав секакви коментари за Емилија , дека е ретардирана,грев и што уште не .. ама океј ова е форум и секој си има право да си го каже своето мислење иако според мене некои коментари беа многу невкусни Девојкава си има специфичен глас, но секако како и сите останати кандидати треба да се усовршува и уште многу да учи,нели заради тоа е емисијава Освен Емилија , навивам и за Билјана,Мики,Бети и Нико.Според мене тие се најдобри.
И јас ги изгледав на клипчиња идоливе па да си дадам коментар. Во глобала заради тоа што е прв идол, и имаат уште да работат на истиот за да се подобри, сега за сега добар е, но треба уште за да биде одличен. Идоливе, хм, јас поинаку би ја составила листава на финалисти, но што е тука е. Иван - Многу е мил, многу е харизматичен а и преубаво пее. Последниов настап не му беше баш најдобар, но пред тоа ми немаше кикс направено, има убава боја на гласот, одмерен, значи сума сумарум е сосема во ред... Сепак за идол треба некој што ќе знае да те помрдне од место со пеење, а Иван ми е добар за по кафулиња да пее и да ги забавува младите. Христијан - Многу интересно машко во секој случај. Се знаеме лично и сме дисктуриале еднаш за музика, тој лично воопшто не е сменет, уште кога не беше пријавен си беше ваков, самоуверен, хиперактивен, сега кога го гледам истите движења ги прави, истите гестикулации, значи не е сменет воопшто. За пеењето пее добро, рок песни му лежат повеќе, и на таква вечер ако има каде ќе се пее рок сигурна сум дека ќе настапи најдобро. Нико - Одлично пее, се наежив кога пееше на третиот мал концерт, ама сепак и тој не ми е за идол. Воопшто нема фаца за идол, јас да сум некој музички фактор одма го земам и го носам во водите на операта. Како оперски пејач мислам дека ќе доживее неверојатен успех, има огромен потенцијал, а така и ми изгледа и ми се однесува. Сепак за Идол - не. Макар што ако победи ќе ми биде многу мило, затоа што е навистина одличен изведувач. Мики - Како ја испеа Sex on fire значи А и од Тоше песната ја испеа преубаво. Едвај го чекам во некоја потешка рок песна, да ја згрми цела сала. Одличен е, бравос! Дејан - Убаво пее, многу ќе ми биде жал ако испадне, гледам дека не го гласаат многу, не е најдобар ама има полоши од него, кои секако подалеку ќе дотуркаат. 5/10. Ни предобар ни прелош. Виктор - Не ми се допаѓа. Ни пеење (За мене пејач е оној кој успева да долови емоции во песната, да ни пренесе дел од неговата енергија, кај Виктор не го чувствувам тоа), ниту изглед, ниту однесување. Ивица - Супер пее, ама и тој ми е ладен многу. Побогу кога пееш дај и ние да уживаме не само ти. Како да си пее сам за себе, како да не пее за толку многу луѓе. Биди сталожен на сцена, ама сепак успевај да оствариш некој контакт, баш онака Билјана како што прави. Нека се огледа малку на неа. Јана - Родена за на сцена ми се чини е. Супер изгледа, супер пее, уште однесувањето да си го поправи малку, да не припаѓа кога и кажуваат дека оди понатаму и ќе биди туто комплето. Со ова еден мал минус кај мене, ама дека има енергија која супер ја пренесува и ѕвезда, ја има. Билјана - Е вака според мене треба еден идол да изгледа. Глас - одличен, однесување - одлично, толку е стабилна a зрачи со харизма и сексапил. Супер е во целина, само напред. Емилија - Има многу специфичен глас, треба да бира што ќе пее. Од Пинк песната е преубава, ама воопшто не и лежеше. Значи треба да бира песни кои ќе и се поклопат со таа специфичност, а не да бира песни кои и се неа убави, а не и одговараат. Кате - Не остави досега на мене никаков впечаток, на пола нејзини настапи изгаснав, така да не ја коментирам. Бети - Она што најмногу го ценам е кога пејач успева душата да си ја остави на сцена. Бети го прави тоа најдобро од сите. Многу нежно ми пее, си ја пуштам како ја пее Hurt пред да заспијам, ме опушта. Мила е, спуштена на земја, има глас кој е мелем за уши, се на се - супер е. Јуле - Апсолутно мој фаворит за Идол оваа година. Ја немав приметено се до малите концерти, и кога ја видов од место ме помрдна. Дали дека ја пееше Fallin' која ми е една од омилените песни, дали дека е секогаш насмеана а јас секогаш најмногу ги сакам насмеаните луѓе без разлика како им се подредени забите во устата, дали дека песните ги пее на нејзин начин, не се обидува да емитира не знам. Па и малечка ја одбра, песна која ми е една од најубавите од Тоше. Гласот мој кај неа оди И малку бев разочарана од минатиот Понеделник, јас очекував Громови на душа, Усни на усни, Тајно моја, Твојте бакнежи на моите бели кошули да се пеат, а се пееја други. Не дека тие не се убави, ама најубавите песни никој не ги испеа. Така да за тоа еден огромен минус.
По се што слушнав од првиот голем концерт, убедливо Мики испеал најубаво. http://www.youtube.com/watch?v=gFdb3n3LNxE Во свој стил, а рефренот е... грми! Многу ми е смешен кога потклекнува. На Tae bo има една таква вежба.
Луѓе така ми изгледа или овде навистина се собраа роднините, пријателите итн на идолите?? Или под некои псевдоними се криат и тие самите...
Sparks, sekoja cest za komentarot! Ocigledno ima forumashi koi ne znaat sto e govoren izraz koj seedno dali lice v lice ili na forum, slobodno moze da se koristi i vo literatura, a sto prostotilak (...Тебе ако те боли - твој проблем, Па голем ташак, се' е само забава, пополнување време...). Gubenje na vreme e i da se objasnuva. Se e rabota na vospituvanje i kultura. Vo princip, site sme necivi prijateli, fanovi, komsii, drugari, rodnini, Makedonija e malecka zemja. Ne bese problem razlicnoto mislenje, toa e sekogas pozelno, duri i neophodno, problem e sto se navreduvaat deca ili licnosti na odvraten nacin koj ne e dolicen, a duri ne se ni poznavaat. Ednostavna e poentata. [mod-kirilica:3zkvv2it][/mod-kirilica:3zkvv2it]
^Никој тука не кажал некоја гнасна навреда, дека некоја е ороспија, дека била ваква или таква. Коментарите се за начинот на пеење, а секој си има право да си каже мислење. Кога некој ќе се одлучи да си прави кариера како јавна личност треба и да очекува секакви кментари. Не може сите да го сакаат, што е факт. Не знам ти во која улога се ставаш тука, ама навистина ставот ти е погрешен И те замолувам да ги почитуваш правилата на форумот и да пишуваш на кирилица.
Мило ми е што ти се допаднал мојот коментар, жалам но не можам да кажам дека и мене ми се допадна твојот првенец пост, па кој е и на темава овде. Значи кога го браниш некој брани го без она основно правило во караница, дека нападот е најдобра одбрана, па овде ги изнавреди пола феминки, црвливи и не знам какви. Секој си има свој фаворит, и Тоше што беше човек каков што беше имаше хејтери премногу, кои после тоа што се случи се повлекоа. Лејди Гага има најголем број на фанови според некои статистки ама има уште поголем број на луѓе кои не ја трпат. Секој музичар има луѓе што сакаат да го слушаат и некои кои не го сакаат. Очигледно е дека ја познаваш Емилија, порачај и да биде многу внимателна кога бира песна затоа што на сцената моментално стои на стаклени нозе! И сакај си ја, брани си ја, ама немој да навредуваш! И дајте бре луѓе 10 профили со по едно мислење на истава тема, во ист ден. Мислам, очигледно е.
Драга ем мила Надежда, воспитувањето и културата понекогаш потклекнуваат и не се во состојба да го искажат револтот и строгоста кон една толпа неталентирани дечиња, кои - ќе повторам, само затоа што поради најблиските се во лажен занес дека навистина убаво пејат, глумат или пишуваат книги, сеедно. Дали јас го кажувам вака или онака, дали е тоа гласен прдеж на гостинската трпеза, или тивко цвилење позади вратата, поентата е таа. Поголем дел од овие деца се просечни. Не, не сум строга. Само не се задоволувам со просечност. И тоа е моето мислење. А тоа што сите поседуваат доза на ароганција како да го допреле Господ Спојлер за муда , и покрај тоа што се' уште се никој и ништо, тоа дополнително ме иритира и ми ги прави антипатични уште повеќе. Можам јас и со мили зборови да кажам дека некоја особа е заблеана во погледот, несериозна, вербално некомпетентна за пред камера, меѓутоа ни одблиску не го отсликува мојот бес за тоа како нацијата аплаудира на некоја што е -РЕТАРДИРАНА. И тоа е тоа, мојот колоритен речник во случајов за ваквите умислени ѕвездички, не ја илустрира мојата домашна култура, ниту воспитување. Напротив, дел од нив буквално го навредуваат поимот квалитетен глас и поим за пеење и токму тоа е = на простотилук. Ама само затоа што знаеш - тоа дете ни е роднина, комшиче, сваќа од мојата стрина на прв братучед на татко ми и само затоа што сите имаме мобилни и ќе типкаме до бескрај да ја гласаме, затоа што Македонија е зрно песоче и успеала да се пикне и да прорика на телевизија, апсолутно не гледам потреба да не го искажам мојот коментар на начин каков што јас сакам. А кај нас си е така - децата кои што навистина убаво пејат, не се ни мачат да излезат на аудиција. Наместо нив, некои Емилии и Христијановци ќе го пополнуваат етерот, со лигавење.
Пријатно сум изненадена од Нико!Го обожавам дечкото..Харизматичен е..па каков глас има.. Си гласав јас за него Мики такоџе... Но штета што се фаворизираат други,само поради изгледот..им се крева цената до небо..а не се ценат вистинските квалитети.
Му благодарам на модераторот и на останатите што ме потсетија на правилата за употреба на кирилицата. Веднаш се корегирам. Трендафилке, мила, оди и прегледај се. Нешто не е во ред со тебе. Толку голем гнев насочен кон дечиња кои со пеење се обидуваат да постигнат нешто, во краен случај да се забавуваат, асоцира само на тоа дека ти си една фрустрирана личност која ништо не постигнала во животот и цел свет и е виновен за тоа. Ако некој не знаеше која е темата би можел да помисли дека се работи за сериски убијци!!! Исто така, со оглед на тоа дека во светот постои одредена категорија на болни луѓе со ментални дисфункции, не би требало да се дозволи да се навредува нивната болест или погрдно да се изразува и модераторот исто така би требал да реагира. Или можеби е дозволено и тоа? Голем поздрав од Наде ))
најдобрите изведби од концертите според мене No1: http://www.youtube.com/watch?v=exMBJdG5jZg http://www.youtube.com/watch?v=OiaUiAzqi7I http://www.youtube.com/watch?v=1yk3JSdC ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=mcdCmiknf30 http://www.youtube.com/watch?v=hihyn8H3 ... re=related и морав да ги избришам неколку пошто само 5 веб адреси се дозволени
Сите оф топици, навреди, и сл. ќе бидат избришани, а членовите предупредени. Држете се до темата, без навреди.