http://www.youtube.com/watch?v=brW9EBBeBpk http://motika.com.mk/index.php?option=c ... &Itemid=23 Дечиња пеат поубаво од нашите такозвани таленти... И како после да поддржувам, да гласам, да аплаудирам на медиокритет побогу? Па не сакам. Девојки од гаражни бендови изгледаат подобро и имаат подобри гласовни можности од идолчињата (со по некој исклучок). Со цел да не бидам хејтер и кенкач и исфрустрирана (како што ме нарече дотичниот лојален поддржувач на екстра талентираната лепотица Емилија ) преслушав многу од изминатите настапи на интернет ... И пак ќе кажам - за срамота сме... За срамота.
Јас ретко гледам Идол ама сега кога стана жустро си навивам за Мики и за Виктор ама се разочарав од него (му пратив на фб покана и ме одби) и така ми стана одбивен,за Кико може да кажам дека ми оди на живци,а од женските идол ми е Бети
Билјана од женските,прекрасно пее Од машките...Па Иван и Виктор..Христијан е досаден веќе!Сите гласат за него поради неговата ,,Убавина''
Сите што сакавте да одите џабе е доколку немате карти од учесниците. Пробав да се дочепам до карти , ама јбг ќе требаше да чекам два часа во празна сала, па се откажав. Дури предходниот понеделник не влегле сите што имале карта, немало место. Идниот понеделник ќе биде во поголема сала. Еве ги песните.
Ми се допаѓа До сега не ги гледав, во понеделникот се најдов на гости и бев принудена на некој начин да гледам, ама од сега дефинитивно понеделников ми е резервиран за идоливе Мислев дека е тапа, ама многу сум задоволна од организацијата. Браво за идеата првиот понеделник да го отворат со песни од Тоше, иако овие идоливе ги немаат тие можности за да отпеат некога песна, сепак на неисфорсиран начин се оддаде чест кон нашиот Тоше. Се потсетивме сите на неговите хитови. И утре нема да го пропупуштам шоуво, ептен е добра и идеава за евергрини. Стварно се пеат песни кои се добри и тешки. Инаку фаворит немам некој, уште не ги знам кои се бидејќи ги неам гледано Се познава дека тој Виктор е многу препотентен, ко да победил веќе се понаша, сликата со стомачните беше ама ептен добро пее. Оној Христијан си мисли дека е најбољи шмекер у маало, зашо малолетнички трчат по него. Јана ми се виде многу некако себична, прво ми беше симпатична ама на крај моментот ми беше глуп. Се држеа за рака со девојката што испадна, и кога и кажаа на Јана дека продолжува понатаму, само ја пушти од рака и се затрча ко блесава накај другиве, ни да се поздави со овие што останаа, ниту да ги гушне, да каже дека и е жал....барем од култура Нико со гласот ми остави најмногу впечаток, дечково стварно има моќен глас, а ми кажуваа и дека опери пеел совршено Овие се единствените што ми влегоа во глава за другите во вторник
Виктор има добар изглед, добар глас, се' што треба еден иден пеач да има освен скромност!.. (па макар лажна) ... Чинам дека и на девојките кои се летаат по него, брзо ќе им одмили. Еве ме мене, жив пример. Доколку не поработи на приземјување, искрено многу ми е жал..... А баш си реков дека далеку ќе догура. ЗЕМЈАТА ГО ПОВИКУВА ВИКТОР!! ххахаха п.с. Од денес навивам само за ИВАН и МИКИ, а од девојките за Бети и Биле ..
Ајде да ги видиме вечер, сите имаат убави песни, а најубаво кој ќе ја интерпретира ќе следи вечер ко ќе ги слушнам од сега не можам да кажам, се надевам само дека Иван, Билјана, Нико и Бети нема да ме разочараат.
http://www.youtube.com/watch?v=8luVSRxa-hw Алал да и е на типкава. Немам зборови... Мислам дека нашиве од Македонски идол треба многу да учат и мнооогу да вежбаат за да можат нешто вакво да достигнат.
Јас сум спремна, овошје цела чинија имам за грицкање Билјана и Нико ми се фаворити, ама и Виктор сакам да го видам, бидејќи изненади минатиот пат. Сепак, салби беа изведбите, па беше лесно да се издвои еден.