Бреј оваа Иванна ама е здрвена Колку иритира тоа гласче, целата ми е антипатична. Нико. Јас ги повлекувам лошите зборови за овој чичко. Убаво отпеано, убав глас. Скромен дечко. Почна слабо, ама се поправи. Фино. Не ми е пак омилен, ама барем знае малку да пее. Високите тонови ги фаќа поубаво од ниските. Само некако многу завлекува на акцент кога пее. Јас го чувствувам. Лоши фармерки, лоша кошула ...
Проклето зулу!!! Те молев , барем Нико додека го слушам да не кочиш , ама не бе и не!!! гх, ајде ке си чекам после да ги стават видеата Иначе верувам дека преубаво ке ја испее Нико песнава и со многу емоции Гоуу Никоо!!! Иначе досега од она што можев да слушнам и видам со сецкање Дејан не испеа лошо , ама некако ми беше изгубен на сцената. Бети беше супер, Биљана не ја слушнав , за жал. Ама затоа она цвицалото го фатив!!! Се надевам ке испадне вечерва, не и е таму местото.
Бидејќи идниот понеделник 99% одам, на Нико има да му се поклонам. Секоја чест. Не е за тука, веќе е изграден пеач.
Дечково и да не победи,за мене е морален победник.Браво! Прекрасен е,ниту еден друг не ми се допаѓа.Ни од женските,ни од машките... Можеби физички не ги исполнува критериумите на публиката,ама...гласот.Имам впечаток дека е некој од Ил диво групата.