Виктор, има симпатичен лик, но повеке ми е антипатичен.. особено начинот на зборување.. добро бре па толку да не може политература да се изразува, зборовите ги влече, се чалами.. ме нервира Спојлер нејкете да знаете како ги пишува пораките а пеењето не му е ништо посебно..
Ауууууууу женската публика е во делириум!!!! (смајли штосе онесвестува) Колку и убаво да пее(што не ми се верува)препремногу е антипатичен и напудерисан.
Абе пее убаво, ама е многу, многу, премногу нафуран! И првиот пат многу катастрофално ја испеа Се` се враќа, се` се плаќа. Ама сите се попалија на неговото носе за сечење бурек. Јбг, каде што има сила, нема правдина.
Што е додавање на англиски зборови насред македонска песна? На ништо не личи...срамота е, не за друго.
Mоже ли некој да ми каже зошто сите вечерва клекнуваат ? Имаат ли недостаток на калциум, почетни знаци на остеопороза, не сфаќам... Не е ни чудо зашто се трескаат по овој Викторче. Па фино пее момакот. И даде и свој шмек на песната, уредно зачупан... Шала на страна, убаво пее ова момче. Beatboxing не е шала. Не го може секој, јбг. Носот нели му е малку чуден? Ама сака да е Џастин, потајно... или појавно. Добар, добар.
Мене Нико ми е најдобар од сите.Се знае дека женските сите ќе летаат.Машкиве имаат гласачко тело. Понекогаш се срамам што сум женско. Пискотници се слушаат од Галичник до Река.
Добро луѓе до мене е или што. Не ми се бендисува бре. Па и како ја криви она муцкана ко чукнат не дај Боже. http://www.sumlivo.com/x/so_verba_vo_bo ... ki_do_grob Бог да чува. Многу побожна станав од кога ги видов чудава што излегоа на сцена.
Антипатично копиле, ама добро испеа. Многу подобро од некои други и колку и да несакам да го гледам, не заслужува вечерва да излезе. После сликата со стомачните неможам да го сфатам, па како сака нека пее Ама "ееее" неможеше да го фати до крај
Билјана и Виктор до сегааа ми имаа најубав шмек и некако најубаво ми испееја..Нико ме изнервира со таа неговата самобендисаност, немало шанси да дојде до 3 столчиња..ајде деееее А баш ми беше фаворит до сега...
^ Па реално да збориме Нико може учител на сите да им биде, па дури и на Калиопи. Фини фалшови направи Виктор на краевите или јас трипам?
Жириво вечерва само фали...ама кого бре?? Многу се послаби вечерва...Може Биле, Нико и Бети да беа добри, другиве слабо,слабо...ко да не јаделе цела недела
Абе, не беше толку лош настапот. Е дека си се фура, си се фура. Мене ме нанервира прво со стомачните, а потоа и со боксериците, на прилогот што беше на почетокот. А баш ми беше фаворит. Ама јбг, што е тука е. Едит: Може некоја феминка што гледа онлајн да ми даде линк? Телевизорот во собава е расипан, па претрчувам од соба во соба, дур не си го срамнам носот.
Виктор, сонце мое! Супер испеа! Изгледа мене ме слушал ќе го тепам ! Ај сеа по телефонот да пуштам некоја порака. Леле оние девојчињана со телефонине ме нервираат, брее плачат за ќутек