Ц ц ц срамота Не ми беше меѓу омилените, ама добро пееше, многу подобро од Кристијан, Виктор, Јулијана...
СЕГА во овој момент најмногу ја чувствувам потребата и недостатокот од смајли што се крсти !! ПА ДОБРО БЕ ДАЛИ СЕ НОРМАЛНИ ????????? БЕТИ ????? АЛОООО БЕТИИИ !! СЕЉАЦИ БРЕ !! Браво !! Не можам да си поверувам на очите и ушите оние крекалата Еми и Јуле не ги ни ставија на трите столчиња БОЖЕЕЕ просветли ги луѓето ТЕ МОЛАМ Она па петлето штом му кажаа дека помина ја заборави Бети..петле едно никакво
Епа, јас и официјално више не гледам Идол! ЖИВИ МЕСТЕНКИ!!! Срам да им е, барем Иво да излезеше, ко толку многу сакаат она лиглено да оди понатаму!
КОГА се репризите преку неделата ги даваат понеколку кандидати како што беше или?? не ги догледав сите до крај па сакам да ги видам или ги има на некои клипчиња?ај кажете ми линк ако има
http://www.youtube.com/watch?v=mcdCmiknf30 http://www.youtube.com/watch?v=cTmhM5sKuXI Погледнете што излезе! Е ми иди да земам и да му мавнам клоца на секое детиште за Христијан што гласало Туф бре, тамам реков ќе ја начекам Бети да пее некоја побрза песна, таа испадна. Катастрофа, идиотизам! Добро бре луѓе оваа Емилија кој ја гласа навистина? Дејан, Ивица, кој ги гласа?!
Поради тинејџерките овој кристијан ке истурка...леле колку ме нервира ауууффф би го претепала ,мики,иван,ивица најдобри,и виктор тука некаде,од девојките бети ми беше најдобра...мн се изнервирав значи,и таа јана во пакет со кристијан само да се врескало да се кажува нешто,одвратни!
А заборавив да спомнам дека исто така и од Емилија ми се ама како што видов мислам дека има доста што ја поддржуваат, што значи ќе ја гледаме и понатаму
ни бети ни кристијан не ми се нешто посебно омилени ама помегу нив 2 мислам дека кристијан требаше да излезе според мене, мислам дека кико помина само на убавина зашто девојчињана гласаат за него
Иако Бети не е мојот фаворит мислам дека сепак прерано го напушти Идолов и стварно не ми е јасно зошто некои кандидатки како Емилија на пример продолжубаат понатаму...затоа што ги имаат парите од мама и тато за разноразни реклами што го гушат градот или талентот е тоа што ги води?
е така е кога гласаат недоклапани дечишта... кој им дал мобилен бе? во наше време немавме ние право на глас! А онаа Емилија, нека почне сеа и билборди низ Тетово да реди (а може и пошироко некаде по автопатине и околнине села) btw не знаев дека е дозволено да се рекламираш на тој начин?! Од денеска официјално прекинувам со гледање на идол! И уште ако победи некој од оние мутавине тинејџери има да се откажам од македонскава ни музика! (додуша после Тоше, не излегло ништо добро на естрадава, а како што гледам нема ни да излезе.)
И јас сакав Кристијан да испадне ,зш се замислува а нема некои посебни квалитети . Бети е најдобра од сите женски што се на идол. А од машките Нико , Иван , Мики
Доста прегризај јазик да не се јават на форумов сите нејзини алтер ега. Кај нас во Велес има само постери залепено за Мики и толку, а не реклами и што ти знам на телевизија демек гласајте за мене така гласате и за градот. Едно знам, да имаше да се гласа негативно, само од мене ќе имаше 100 пораки против Емилија и онаа што се треска од земја.
не гризете се,јас мислам дека сепак машко ќе победи мн се подобри од девојките.кога тогаш и емилија и јулијана ке си одат...
Според мене денес требаше Христијан да излезе,кога веке се одлучуваше меѓу него и Бети,не можам да го смислам,многу е самобендисан,а барем да има за што,воопшто не знае да пее. Најдобри се Мики од Велес и Билјана. А башка Мики е и многу скромен,а има квалитети. И Јана ми е некако многу слатка. Бети мислам дека прерано излезе,малку ми е криво,па и плус кога ке ми текне дека се бираше меѓу неа и христијан,се нервирам
Феминки мора да го погледнете ова Добро де, оние кои го немаат гледано Останав со подотворена уста на делот кога пее Нико А додека тој пееше, реакцијата на другите кандидати- бесценета. http://www.youtube.com/watch?v=SOU575YvTXI
Отпадна уште еден кандидат,за жал отпадна Бети која вечерва мене ми беше феноменална ! Гласаше публиката и таа одлучи кој си оди дома, па затоа безвезе е да коментираме дека била подобра од Христијан,дека требало Емилија или Јуле да отпадне и бла бла бла други коментари кои се малку значајни после заминувањето на Бети! Не случајно стигнале сите до финале, сите се добри...барем според мене! сите заслужуваат успешна кариера! Е сега нас ни е во крвта да плукаме по нашиот нефаворит, навика ни е да покажеме незадоволство и да јавно искажеме разочарување од резултатите Овие коементари ќе ги имаше и ако Христијан отпаднеше,е тогаш збудалени тинејџерки ќе пишеа колку е нефер,колку тие гласале и дека Бети била полоша од Христијан! Во секој случај незадоволството е неминовно Мене вечерва како и минатиот пат ми беше најдобар Виктор и ми е мило што продолжи! Не дека е убав (а убав е),не дека пее без грешка (а пее феноменално),не дека ја пали публиката (а ја крева цела на нозе) туку затоа што е најкомплетен, најуспешно ја елиминира тремата, најправилен избор на песна прави,едноставно ми е онака створен за да биде на сцена (како што и му рекоа од жирито) Најлоша вечерва ми беше Јуле иако и не беше баш лошо искоментирана од жирито...Ми се чини дека едвај ја допеа ,,многу солзи исплакав,,