и јас мислам дека бети прерано го напушти идолот,требаше уште неколку души да испаднат пред нејзе.јас мислев дека ке испадне дејан,дечкото може не пее лошо ама премногу е некако сериозен,безживотен некако,нит се смее нит се шали..треба малце да покаже шарм и харизма,па на телевизија е мајка му стара,не пее дома пред огледало..а за јуле,незнам зошто толку негативни коментари,мене девојчето ми е ок,добро пее,и енергична е многу,дава се од себе на сцена..а за емилија се сложувам,девојчето е симпатично,ама нема глас за да ја донесе секоја песна,некоја ке и се погоди,ке испее добро,ама пак друга нема да и се погоди и ке испее катастрофа...уствари сите се добри бре,да не биле,немало да стигнат до тука
Многу мизерна станува работава !!! Идолите хммм некои рака на срце се држат цврсто на земја ама некои на пример ВИКТОР се гледа од авион малку се занесе дечкото Кико тежок пубертет го мавнал во глава па ај да пробам да сфатам... Секој статус на Викторче---- луѓе гала вечер гласајте и нешто во тој стил мислам алооо бе Мики за квалитет не му спорам ама кога пред некое време на македонски портал за спорт платил реклама за да стои слика на почетна аман бее Бети талент ама не ја нешто посебно сакав на моменти е ептен природна во друг ми глуми лудило Мислам со исфрлање на вакви кандидати се губи полека смислата на Идол ќе останат умислени фраери и запалени девојчиња кои ќе го изгласаат ПРВИОТ МАКЕДНОСКИ ИДОЛ
Ако Нико ми беше до сега фаворит,од денес ми е дефинитивно Иван.Секоја чест за дечкото како испеа и Мики исто така ,немам зборови кој од кој се подобри,посебно машките.Виктор испеа преубаво,штета што е многу лигав и не ми се допагаат такви самобендисани типчиња.За Христијан не сакам ни да зборам,би го пратила веднаш дома,нека порасне прво и да си ги смири хормоните па после да се натпреварува со некој како Мики,Иван,Нико... Од девојките,таа што испадна,а претпоставував дека ќе излезе уште кога остана со тоа лигушот,мислам дека е еден од најдобрите вокали што ги слушнавме на идолот и штета голема е што излезе девојчето.На почетокот ми се допадна Јуле,но денес ме разочара некако,премногу тешка песна во која сосема се изгуби а башка на почетокот и ја згреши ако не се лажам а може па и да не.Како и да е,многу ме зачудија коментарите на жирито за неа.Јана испеа најдобро денес,но ми изгледа како шмизла,а навистина не им треба такво понашање сега.Дејан ми е ок,убаво пее само што нема некоја харизма,којзнае...
Леле не ми се верува дека испадна Бети...вие сте ја наполниле темава ама јас ќе си кажам дека од понеделник во понеделник идолов се поглупав ми станува.
Бети излезе? Мојот фаворит ? Глуп идол бре. Македонски ГЛУП идол. Ова почна да личи на: Победува оној кој има најдлабок џеб. Срамота. Мислев дека Идолов ќе биде нешто реално и ненаместено. А заборавам дека тоа не е можно кај нас. Мис на МКД-наместено, Евровизија-наместено, се е наместено, та ова нема да е...
Сеуште не ми се верува како можеше ова да се случи -да испадне Бети мојот фаворит! Нема правда!!! Иако морам да признам дека во глобала ми се допаѓаа сите 13 што стигнаа до концертите.нормално кој повеќе кој помалце но мислам дека сите до еден имаат квалитет.Ако ништо друго пеат класи и класи поубаво од повеќето пејачи на Мк естрадата. Но како можеше да испадне Елизабета, ајде што мене ми беше фаворит ама дефинитивно на сите што ги знам им беше во првите 5, најмалце. Прекрасен глас, одмерена, симпатична....но тоа е што.Се надевам ќе оствари кариера понатака, идолот не е крај на светот, туку почеток на музичка кариера I hope
Зошто ако ви отпадне фаворитот одма е наместено? Бети има фантастичен глас, вечерва беше прекрасна немам зборови, но тоа е, испадна, а во иднина и така и ќе биде. Сакале или не од емисија во емисија ќе ни испаѓаат фаворитите. И нема врска дека овој бил богат, тој поткупил. Според мене е реално, не ми личи на наместено. И од кај ви се заклучоците дека за тој кандидат никој не гласа. Па ако на Фемина не е фаворит не значи дека право дека не го сака цела Македонија. И немојте погрешно да ме сватите ама овде излезе дека имаме премногу стручнаци. Штом стигнале доовде сигурно ги бива. Е сега има некои кои треба да си одат и се сложувам за Јуле и за Емилија и Јана, ама останатите се супер. И секако дека некогаш некој ќе потфрли, но затоа и се овде, за да станат подобри, и на крај оној кој ќе успее да стане и идол. И на крај мене фаворити ми се: Ивица- приземен, самоуверен, не се занесува, сакам такви типови Мики- излишно е да коментирам, од мене Нико- за изглед не би коментирала али дечково и те како пее Билјана- спред мене родена е за на сцена, секоја чест Иван- не го сакав порано ама оваа вечер ме освои И другите се добри, кај Виктор ми смета однесувањето и затоа го избришав од списокот на фаворити, али сеуште мислам дека е одличен, Христијан знаее да владее со сцената, лигло е ама си го бива бе и Дејан да се отпушти малку.
глупостиииииииииии не ми се верува а виктор глеам не се дига многу многу така да си го сакам а и убаво дете е го бива а срамота за бети стварно што не излезе јулијана проста проширена емилија селјанка бог да чува ако излезе виктор,нико,мики,биле или иван не гледам више
Абе сите викаме местено, а никој од нас не гледа само гледаме и се надеваме, и коа ќе ни испадне фаворитот се нервираме. Факт е дека Виктор, Христијан...незнам кои други беа имаат најмногу фанови. Се гледа тоа, нема местенка, на фб имаат најмногу фанови, на сцена рипаат дечишта по нив, се зборува за нив, безразлика сега колку години им се тие фанови сепак поверојатно е дека тие гласаат А тука се зависи од публиката, која начесто и негледа кој како испеал, туку кој е најубав
Абе да, ОК е за Кристијан и Виктор, разбирливо е зошто не излегуваат, со оглед на нивните фанови. Мене ме чуди за Емилија и за Јулијана, а за Дејан веќе ви кажав што слушнав. Инаку, мене Дејан не ми пее убаво и некако многу ми е здрвен, укочен и сериозен. И многу срамежлив ми делува и несигурен во себе.
...Бети ми беше фаворит, прекрасна во секој поглед, и изглед и глас и сценски настап, жал ми е што прерано ја отфрли публиката... Повторно во нашава мила Македонија се докажа дека кај нас важи правилото - колку пари толку музика или подобро колку ќе платиш толку ќе пееш. Ако можат да продолжат Дејан невидливиот, Виктор и Христијан кои немаат свој сопствен стил и имиџ и се copy-paste на Џастин и Бибер , лигавите и крекалата Ема и Јуле тогаш no comment... Понатамошни фаворити - Билјана, Нико и Мики, а во понатамошните емисии кога ќе настапуваат Ема и Јуле ТВ на mute, ги упропастија ремек делата на Лидија и Маја. едит-А може ли некој да ми каже што и беше поентата на Калиопи со битолските рози?
Нее ми се верва дека бети испадна, се гледа девојчето е на ниво, имаше и глас и убава е, има точност во пеењето, како шо и рече тони за тебе не се пплашам дека ќе исфалшираш. сите други се бебиња лазачиња на сцената со исклучок на Билјана, Нико, Мики.На овие четворица сите настапи му беа без грешка. сите другите се избламираја неколку пати со глупаво однесување , со несоодветни песни. ама тоа е западна македонија гласа за виктор, кристијан, ивица, емилија, до вчера и за бети. велес- за мики,. ама она јулијана шо си го извај вчера цел газ на сцена и шо не можеше да ја натпеј музиката, од ко почнаа малите концерти со душа ја чекам да испадни, ама тоа цела источна македонија за неа, за иван и за дејан гласа. И уште долго изгледа ќе чекаме да испадни. Бети беше дури и подобра од Билјана ама тоа е. барем емилија да отпаднеше или кристијан, ама мн гласови ќе изгубеа ако одпаднеше кристијан сите дечишта за него и за виктор гласат. се надевам ќе направат некое иненадување и ќе ја вратат бети. Се надевам ќе ја гледаме бети и понатму на музичката сцена, бидејќи мн од нашите “активни“ пејачки можат вода да и носат.
И мене ми е премногу криво што отпадна Бети. Кико не и е ни до колена. И сигурна бев дека ќе отпадне Кико. Кико верувајте има премногу врски, но мислам дека ги употреби уште кога беа аудициите за да стаса до овде - каде што е сега. Сега си собра фанови и тоа е, нас ќе ни биде криво, бидејќи реално не заслужува. Патем и самиот тој е свесен дека не знае да пее. Си признал дека е така, но велел дека пак ќе стаса на повисоко за разлика од останатите. И навистина така испадна ! Од останатите сум за Нико и Мики, прекрасни се и двајцата. Но кога ќе слушам дека правеле реклами, или плаќале пари за во некое списание ми се лоши. Немој Мики да ме разочараш на тој начин. (за Нико не важи, тој е најдобар во секој поглед).
Не го следам многу-многу Идол, ама од тоа што го имам видено и чуено, најголем впечаток ми има оставено Билјана. Уникатна е и знае како да се однесува на сцена. Тоа ни треба, свежина и уникатност......без навреда кон никој на форумов, но мене другите ми се некако веќе видено. Како да не се свои. Но, како и да е сите имаат неверојатни гласови
Значи не можам да ве сфатам Сите овде се жалите дека ви отпаднал фаворитот, а можам да се обложам дека речиси никој од вас не гласал. Епа како ќе помине Бети или било кој, ако не гласате за него? :geek: И не знам зошто сте толку против Јуле? Јас би сакала да испадне тој Дејан, или Емилија, другите ми се ок