Леле бе, не го доглеав Идолов, и сабајле у школо кога ми кажаа дека Бети испаднала ко што се клацкав ќе паднев од столче! Бети, бе Бети!Како можеше да испадне.Колку убаво пее, колку моќен глас! Се чудам како можеа да останат Јуле, Емилија и Дејан! Ај Виктор и Кристијан имаат фанови факт е тоа ( и јас сум фан на Виктор ),Нико и Мики најубаво пеат таму од сите (што е право право си е), Билјана и Иван прекрасно пеат (и изгледаат),ама овие 3јца? Сигурно поткупувале гласови и правеле местенки. Леле бе колку ми е мука, Бети испадна а оноа антипатичноно крештало Емилија остана. Лелеееееееееееее бе!!!!!!!!
Е вака сега, ја не бев присутна тука со вас во преносот во живо, ама сепак го следев идолов. Значи со ред не ги коментирам сите посебно она само најважното ќе го кажам. 1. Искрено изведбата на Бети од вчера не ми се допадна толку колку што ми се допаднаа нејзините претходни две, така да не требаше таа вчера да испадне (ако им се опрости на Емилија и Јана по два пати, можеше и нејзе еднаш) можеше да се истолерира вечерашниов настап искрено еден момент помислив дека Ноне пее, уште една шанса заслужи и место неа пореално ќе беше Емилија да испадне. 2. Најубава изведба имаа Нико, Билјана, Мики (се повеќе ме изненадува човеков иако на почеток признавам ми беше антипатичен и ко страшило со танката брада околку лицето) и Иван, за овие не коментирам ништо имам само пофални зборови, ама тие следен пат, да не ги дигнеме сега одма иако сите ми се ептен прибрани, нашла Опи на Нико да му кажува за самоувереност и дигнатост. 3. Виктор за пеење пее убаво рака на срце, и чист глас и без фалширање, а тоа за странски зборови, песната така ја свиреа (ако слушнавте кога рекоа дека негова била идејата да се испее песната на онаков начин, да си го покаже неговиот стил) , а тоа неговото однесување, кренатост, дигнатост, не е дигнат според мене, знаете како мене ми изгледа ептен срамежливо и тоа му е еден вид одбранбен механизам. Иван е проклето секси и привлечен, па не пиштат толку по него, значи Виктор има нешто во него што ги привлекува, иако кажувам поубаво ми пее од што ми е симпатичен, а си е скромен, па колку сака нека се дига. 4. Емилија не ја коменитрам, не заслужува до овде да оди, се надевав дека ќе испадне овај пат, ама ништо и Јулијана ја ставам тука некаде, ме разочара, во театарот ме воодушеви и преубаво испеа, ама сега секој нареден пат ми се чини ќе и се распука гласот од викање Тргнав сите и сега општо Дејан не испеа лошо, најдобар настап му беше до сега, Ивица ко да слушнав вчера дека бил најстар тука, не пее лошо, ама нема харизма и точка, мене не ме освојува со клекнувањто долу и не ми се облекува по мој вкус, барем не до сега. Кристијан, мајмуне прилепски го дрецнаа бе вчера малку од земја, му беше потребно тоа, а настапот просечен, си испеа на свој начин битно, доволно за да биде гласан од попалени тинејџерки од 13 год. Јана шмизла скопска вака би му дошло, толку преправање не ти треба на сцена бре, ама ако ти е тоа тебе начин за опуштање и одбранбен механизам, половина опростено, само ради тоа што вчера се поправи и солидно ја изнесе песната, а за другата ушница има уште многу да научи за музика, ако сака да стане прав идол И се нешто вчера (мистер сумничав ака Лукс ) забележа дека такозваните битолски ружи Опи им ги даде на машките кои според неа би требало сигурно да поминат и и се фаворити на некој начин. Се гледа тоа, на Кристијан била слаба, од Мики не можела да се соземе ја треснал од земја бла бла. Е сега не ме држете за збор, чиста претпоставка, а што побогу би требало да значи давање ружи ? Кратка ретроспектива за вчера, толку од мене.
не го слушав синоќа и многу сум пропуштила.. ама затоа сега ме наежи алал да му е а колку ми беше антипатичен на почетокот и јас нз, ме освои со гласот http://www.youtube.com/watch?v=SRl2DoLE7Dw најдобро до сега!!! е ова е македонски идол, ова е созреан прав галс, а не кико допрва ќе го учиме да се однесува па тек кариера подоцна, нареден пат гласам за МИКИ!
Една меѓу малкуте кои вистински знаат да пеат - и излезе. Резилана бреј, каков народ. Инаку, кога пишав вчера дека Викторче сака да биде Џастин, немав се' уште поим дека ја пеел What goes around...comes around. http://www.youtube.com/watch?v=9JilYSry ... re=related Големо залаче братче. Преголемо. Но, пофалба за изборот.
Кој од вас гласаше за Бети, нека крене раче, да видам Смешки п.с. Ние сме народот, ние гласаме- чисто да биде јасно
Мака ми е за Бети Си го сакам Кристијан. Многу Ама несакав Бети да испадне. Имаше некои кои беа многу полоши. Јас имам нови фаворити Јана и Иван !!! Најдобри..
Сеси бе оти така викаш, ами има луѓе што гласале за своите фаворити меѓу феминките. Башка, не е поентата кој гласал а кој не, туку малку постручен да биде изборот, да има удел и жирито, зошто вака има простор за преголеми манипулации. Мене Бети не ми беше фаворит, ама убаво пееше, во секој случај поубаво од некои што сеуште останаа во финалистите.
Значи едно е да си фан, а друго е да гласаш. Вие тука сте очигледно само фанови и се чудите зашто излегла. Епа не гласале! И велите малолетничките гласале за Кико и Виктор. Јас не би се сложила. Тие се трескаат од земја по нив и на фб, ама ретко ќе видеш некоја на 15 години да има толку кредит на телефон и да се утепа од гласање. Дајте ви се молам, па на тие години ретко кој од нас имал нон- стоп кредит па и на Идол да ги троши. Си гласаат повозрасните, еве и јас гласам и тоа за моите фаворите, зависи кој како ќе ми се допадне таа вечер.
не знам зашто ама се ми се чини дека најмногу ќе профитираат и ќе направат кариера квалитетните, а кои не стигнале до финале одколку самиот почеток. Лично мислам дека Калиопи има фрлено око на неколку кои би сакала да им помогне во кариерата без оглед дали ќе победат или воопшто ќе дојдат до финале.
Бети ми беше од омилените, ама сепак би рекла сеедно...сигурна сум дека и покрај нејзиниот глас немаше да победи...така да сеедно. Јас сметам дека таа самата ќе си изгради кариера, има еден куп луѓе кои ќе и понудат соработка инаку моментот кога требаше да кажат кој отпаѓа ми беше праислес, леле колку само ми беше само смешен биберов, како беше нанервиран, си ги наполни гаќичките Спојлер сеЉак лигав
Немам некој посебен фаворит,но секако ги делам идолите во различен ќош. За Иван можам да кажам дека пред се едно прекрасно,воспитано и интелигентно момче.Не се занесува,присебен е и секогаш свој.А,секако е и одличен вокал.Се труди да успее со свои сили,без да заведува,да скока и да прави глупости на сцена. Мики е исто така ОК,плени со неговиот глас. За женските нема нешто посебно да прокоментирам.Малку повеке ми се губат низ песните.
Грешка си за денешниве тинејџерки. Да, во наше време немавме кредит за размавање, ама сега тоа не е случај. Тинејџерките најмногу гласаат да знаеш. Еве пример кога беше првиот избор за М2, пред мнооогу години, јас гласав два-три пати за Димитар, не знам дали го памтите, ми беше фаворит. А што е најинтересно, немав тогаш ни мобилен телефон, украдов од татко ми Гласаат тинејџерките и те како гласаат. Ако на крајот не направат да има удел и жирито во изборот на идол, гарантирам дека ќе победи Кристијан или Виктор.
Мајгрл, тие што најмногу се нервираат овде и им најдоа еден куп маани на идолите, сигурна сум дека немаат пратено ни една порака А да, поентата е кој гласал а кој не, бидејќи ако веќе навиваш за некој- треба да му дадеш и поддршка А за жирито, па тие само даваат сугестии, а гласа публиката, како што беше и лани на бугарскиот Идол, како што е, мислам, и на другите идоли. А јас мислам дека нема да победи ни Христијан ни Виктор на крај, такво чувство имам
Епа дај боже тоа твоето чувство да е точно Како и да е, мене сепак ми е нереално само публиката да гласа. Ме нервира бре тоа, знам дека такви се правилата, ама ова Македонија е. И онака многу правила прекршија до сега, си го сменија идолот, па нека биде и ова некако. А не знам, на Американскиот идол само публиката ли гласа до крај или?
Да имаше жирито удел во изборот, немаше сигурно да ја исфрлат Бети! А и се согласувам со sesilija, некако осеќам дека нема да победи никој од тие двајца.