Па често не ги слушам,многу ретко ама вака кога ќе слушнам на тв или било каде некоја народна а ми се допаѓа цел ден си ја потпејнувам, хит ми е неделиве Судбо моја, Лихнида кајче веслаше и Каде сте македончиња? а ж чувството е незаменливо кога на некоја прослава, или свадба најчесто, свират некоја стара убава па се наежиш и неможеш а да не станеш од столот, песната сама си те тера a за ората порано многуу одамна одев на играорна група и вака мерак ми беше тогаш а и исто сега, играм по свадби
Јас искрено ја сакам македонската народна музика и традиција, ги слушам попознатие песни како : Стани моме да заиграш, Не стој Доне, Донке, Налеј или И ние сме деца на Македонија, не сум сигурна точно, Македонско девојче, Јовано Јованке, Бело лице љубам јас, Твојте очи Лено мориод помодерниве Кој да ти каже Ивана, песни на Тоше, Каролина, Калиопи, Ламбе, Свирете ја Зајди Зајди, Галебе мој тажен и уште многу други
Македонија има прекрасна народна музика. Многу ми е мило кога некој странец ги пее нашите песни. Еве имам пријателка од Франција, па на некој фестивал во нејзината здемја, таа ќе посвети вечер на македонските песни. Инаку, девојката е Французинка, не е Македонка. Мои омилени народни песни се „Јовано, јованке“, „Македонско девојче“, „Елено ќерко“. Листата е долга, но овие ми се во топ 3. Кои се вашите омилени и што мислите за македонските народни песни? Јас мислам дека тие се најголемиот амбасадор на македонската култура надвор од границите на државата.
,,Tуѓа си бескрајно”, ,,Ах што мерак имам бабо”, ,,Признавам”, и многу други а без онаа што не поминува ни една веселба е секако ,,Бисер балкански”:
Site stari pesni mi se ubavi.. a najveke sto mi ostanala vo srce e "Na veligden se zaljubiv" ne zaradi pesnata sto se lee tuku radi spomenite sto mi ostanale vo tie momenti koga sum ja slusala.
Ах каде е мојто либе, Кате Катерино, Јано мори, Шеќерна, Запеј песна мори моме,Судбо моја,Дејгиди луди млади години итн.
Не сум баш по народните песни, ама ако треба да бирам омилени тоа би биле песните: Море на сред село Свадба е голема Ајше Иле Илија (Пусти ти биле меаните Иле)