Се заинтересирав периодов за тоа дали до сега нашата македонска музика некогаш е користена како саундтрак за холивудски филмови, видеа, игри и сл. До сега, пронајдов две песни кои биле искористени за саундтрак. Чаје Шукарије од Есма е вклучена во филмот ,,Борат". ,,Зајди, зајди" е дел од играта ,,Battlefield 1". Дали некој од вас знае за други филмови каде е застапена нашата музика?
Од Врчак некоја од песните од порано што ги имаше ја начекав во еден германски сериски филм со двајца полициски испектори, aко добро памтам. Ете прогуглав серијата се вика ''Аларм за кобра''