1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски предбрачен договор

Дискусија во 'Насмевка' започната од Responsible, 3 ноември 2012.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Еве како би можел да изгледа:

    1. Гледање серии е дозволено само кога се репризите, меѓу 2 и 5 часот наутро по средноевропско време. Тон не е дозволен.

    2. Гледање реални шоуа не е дозволено ниту во главен ниту во репризен термин затоа што го контаминира мозокот што може да има понатамошни последици по животот.

    3. Мир и тишина за време на фудбал е од витално значење за мирот и тишината во куќата. Во овој период забрането е движење на другарки низ домот затоа што произведуваат поголема галама отколку стадион со 100.000 навивачи.

    4. За време на гледање телевизија, сосема е нормално нозете да ги држам на маса.

    5. Телефонските одговори ако траат помалку од 10 минути, се одвиваат во просторија во која јас во тој момент не егзистирам. Ако се подолги од 10 минути, се одржуваат на тераса.

    6. Трошките ќе бидат избришани покасно.

    7. Гаќите и чорапите ќе ги соберам утре.

    8. Две ракии пред ручек и едно пиво после ручек се традиционален ритуал во моето семејство и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така се неизоставни.

    9. Ручек правиш ти. Гаќи переш ти. Ти пеглаш. Ти ја чистиш куќата. Јас цепам дрва, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци. Можеме да се замениме ако мислиш дека ти можеш да совладаш пијаница што дошол да ни го украде бојлерот.

    10. Киселата зелка не смрди и се става секоја година.

    11. Кумот во куќата е пожелен како хуманитарна помош во Сомалија.

    12. Пушењето во домот е дозволено и пожелно во неограничени количини и во сите простории.

    13. Името на синот му го давам јас. На ќерката можеш ти, ама секако сите ќе ја викаме „сине“.

    14. Синот уште од раѓање се облекува како машко. Нема да има ни дамка розева.

    15. Инцидент од типот твоите родители на гости, може да се случи само на роденден.

    16. Ако сме двајцата во кола, возам исклучиво јас. Ако сме двајцата во кола, ти трезна, а јас пијан, пак возам јас.

    17. Друштвото е институција. Еднаш во неделата задолжително посетувам кафана, а ти оди кај сакаш.

    18. Сексуалните односи не се практикуваат почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат во школо, само кога ќе донесат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет, само на денот кога ќе дипломираат.

    Со љубов, твојот иден маж.
    prevzemeno od crnobelo.com
     
    На alexa_dimoska и Saricko им се допаѓа ова.
  2. bubu1

    bubu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Ме изнасмеа хаха!
     
  3. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Хахааа, шо ти се вика машка психологија, не ми се верува, текстов е закон. Посебно 4,6 и 7, хахааа... :D:D:D
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    1.Ако лажеш, и те фатам, рицинус во манџите.Ама вцто сам ќе го чистиш
    2.Мајка ти и татко ти да не се забораваат од седење на гости
    3.Сите засмрдени гаќи и чорапи, ако не се на место, ќе одат во канта
    4.Смрдливи работи за ручек-не.
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.