Ако има некој во семејството што водел евиденција и собирал податоци, да. Да зборуваш со живи стари луѓе од селата. Или па на крај, во музеј? Можеби постојат записи од селата, не знам. Јас за моето презиме знам податоци уште од крај на 18 век/почеток на 19, ама тоа е благодарение најмногу на дедо ми и прадедовците. Многу ми е интересна темава за предци, сакам да си ја знам историјата и сѐ што може да се дознае за минатото.Би сакала да го направам и оној днк тест за потекло, чисто онака од љубопитност да видам што ќе дознаам.
Дедовци, баби сите ми се починати, а и во селата од кај што биле реално сите од нивни генерации се починати, а мајка ми и татко ми не се заинтересирале да дознаат. И мене ми е интересно, другар демек македонци цело семејство, христијани, успеа да појде наназад неколку генерации, некој прапрадедо му бил од Албанија дојден, муслиман, Искендер
Фамилијарната историја, т.е. имињата на предците можеш да ја провериш единствено во МВР. До 1944 матичната евиденција се вршела исклучиво во верските организации. СФРЈ ги конфискува верските матични книги и врз основа на нив започнува да се врши матичната евиденција.
Отоманскиот архив во Истанбул сигурно има податоци. Често во нивните дефтери може да се најдат податоци за цели населени места, е сега дали ги има со име и евентуално презиме, не знам. Ама сигурно биле бележани фамилиите, колку се, што се... Исто податоци има и Васил К'нчов, и тој собирал. Википедија ти е добра основа бидејќи има некои податоци достапни за родовите во населени места итн. И секако, во архивот од твојот град или некој друг, зависно од каде дошле. Инаку да, се случувало по предок или некоја друга карактеристика да се оформи презимето. Формата без наставки е задржана во Мала Преспа, охридско-струшкиот регион. Инаку ска/ски се својствени за прилепскиот говор и другите блиски говори. Пример, од кого е овој? Од Петкоскине... Не е погрешно ниту ов/ова ниту ска/ски. Пострашно ми е жениве што земаат машка форма на презиме, граматички скроз неправилно, ама може ова е некоја нова промена во јазикот што понатаму ќе се прифати, жива материја е.
Доколку знаеме историја, ќе знаевме, дека Бугарштината во Македонија била најјака во Прилеп и Охрид. Поради таа причина, за колку што е можно повеќе да се разликуваат македонските презимиња од бугарските, а со цел да се избриши сета бугарштина, баш во овие два града презимињата се -ски и -ска. Интересно е што во Битола и Ресен долго време машките презимиња биле -вски, а женските -ва. Како и да е, ние треба да си се држеме до македонската традиција и да не измислуваме нови традиции и да ја следиме глупоста, жени да користат презимиња во машка форма.
Авторот сака да каже баш тоа што кажал. А ако ти нема многу смисла е пошто мислењето не беше планирано да биде вовед на тема туку модераторите го одделиле од друга тема.
Има да, историски архив и во институциите каде што се води матична евиденција. Ако патот те води во Турција можеш и таму да провериш се е запишано и сеуште се чува. Во однос на темата, во мојата фамилија се води дневник и се запишува секој потомок со неговите наследници, исто како семејно дрво. Уште од мала дедо ми, на сите внуци ни ги кажуваше нашите предци и нивните фамилии заедно со семејното наследство. Од колено на колено за нашата фамилија, а со тоа и презиме знаеме од 16ти век па до денес, а татко ми успеа да најде и многу пред тоа од архивите во Турција. Предноста е што имаме ретко и единствено македонско презиме кое не трпело многу промени со текот на годините и окупаторите. А да, и во УСА на Ellis Island може да проверите потекло по презиме и место на живеење. Кога јас проверував само ги потврдив податоците дека во Македонија моето презиме го носат мал број, а повеќе има во Полска, Скандинавија, Австрија и Германија, а потоа УСА и Австралија (и сите сме роднини секако). И да се сложувам дека користењето на презиме во машка форма од страна на женската популација е лошо, пред се заради нашиот правопис кој се применува со векови, а потоа заради зачувување на културно наследство. Јас сум надвор и им објаснив како е во Македонија, па моите немаат проблем со визите и не сметаат за фамилија.
Родениот брат на Гоце Делчев се викал Милан Делчев. Секој втор Србин носи име Милан. Во Македонија тоа име скоро и да не постоело. Третиот брат се викал Тодор, латинска варијанта Тheodoros што значи “Господ“. Татко му на Гоце Делчев се викал Никола, латинска верзија Nicholas. Четвртиот брат на Гоце Делчев се викал Димитар, латинска или грчка верзија Demetrios. Ретко кој од семејство Делчеви имал словенско име и презиме, а во тој период многу од јужните и западните делови на географска Македонија носеле претежно латински имиња. Димитар и Константин Миладинов (Власи по мајка), класични латински имиња. Словенски имиња во Македонија се форсираат после Втората светска војна заради југословенскиот и советскиот мит. Имиња од типот Борислав, Мирослав, Страхиња, Снежана, Весна, Младен, Горан, Владимир, Здравко, Борис итн... Тие имиња биле многу ретки меѓу македонската популација. Денес многу имиња станаа помодарство и 'моето дете има уникатно име, мора да кралска крв'. Едно време се запукаа руски имиња; Ирина, Ирена, Олга, Олег, Саша, па латински имиња од Православниот календар Матеј, Лука, Јоана итн... Зависи каков тренд ќе се удри.
За презимињата е дискутабилно, но огромен дел од имињата на популацијата населена на географска Македонија немале словенски имиња, туку латински, византиски и хебрејски. Свети Кирил и Методиј. Латински имиња. Свети Климент и Наум. Латински имиња. Цар Самуил. Хебрејско црковно име. Гоце Георги Делчев. Латинско име. Димитар Поп Георгиев Беровски. Димитриос Поп Георгиос. Петар Поп Арсов. Грчко Петрос, инаку името има хебрејско потекло. Киро Глигоров. Големиот Словен со античко латинско име и по мајка Влав. Лазар Колишевски. Големиот Словен и комунист со еврејско име и делумно влашко потекло. Јане Сандански. Еврејско потекло. Стотици и стотици примери на познати македонски личности, кои имале латински или византиски имиња. Јас и не знам некоја позната личност пред еден век во Македонија да имала словенско име освен Ванчо Михајлов. Љупчо Зиков (познатиот бизнисмен и редовен гостин на политички емисии) има словенско име, но е Влав по потекло. Љупчо е словенско име.
Ооо, ова е скроз нова тема, што ли сака да каже писателот? Каква врска имаат имињата сега? И кои се словенски имиња, зар и такви постојат? Мислам список нешто, ако ти се наоѓа, да знаеме кои сме и што сме (или со каков ум бил кумот)
Кај мене е измешано, би требало да ми е ИЌ бидејќи дедо ми е Србин, али не ми е, бидејќи бегал за време Втора Светска и другачије ми е.Тие што знаат знаат
Да, да, постојат автентични машки и женски словенски/славјански имиња, кои биле многу послабо застапени пред 2 века на географска Македонија. Владимир, Борислав, Мирослав, Страхиња, Ирина, Олга, Олег, Гордана (автентично српско име), Милан (автентично српско име), Душан (автентично српско име) итн... Од постари генерации што среќавам словенско име е Стојан/Стојанка, но тоа име претежно се давало во 20-от век.
Можеш да ја прашаш бабати или дедоти ако се живи. Јас од мои роднини дознав од каде е дојдено нашето презиме, сигурно веќе еден век и повеќе ни трае презимето. Доколку си од поголемите генерации, незнам дали постојат шанси да дознаеш кои биле твоите предци доколку не се живи твоите старатели. Но сепак мислам дека има шанси да дознаеш бидејќи штом јас дознав дека нашето презиме е по таткото на мојот прадедо којшто бил роден кон крајот на 19-ти век или почетокот на 20-ти век, зошто и ти да недознаеш. Патем, можеш и роднини да прашаш, нив можеби им има некој кажено нешто за твоите предци.
A оние на -мир? Тихомир, Љубомир... Врска нема тоа со имињата, мода е и било отсекогаш. Кој бил во Солун, кој во Софија, кој дошол од Русија/Украина, нормално е да има и Олги, и Талии, и Марии До скоро мислев Јане и Ристо се типични македонски имиња, Јане и Ристо се исто така и типични фински имиња. И тоа многу типични, секој втор се вика Јане и Ристо и денес. Оди најди му нзс
Во моето село сите имаме презимиња според првото нешто што го имале старите за јадење пр: изварка -Изваркоски, -леб Лебовски, гуска -Гускароски, јајце- Јајцаровски, итн
Нема врска тоа. 95% од популацијата била неписмена, не патувале освен до поблиското село. Не станува тука збор за никакво помодарство, туку корени, кои се пренесувале од колено на колено. Каде исчезнаа македонски имиња како Сотир, Аргир, Димитра, Софроние, Апостол, Иконија, Ефтимија, Гаврил, Климентина, Арсение, Костадин итн, итн...Вангел Или твоето Билјана. Преубаво име.
Знам како произлегуваат, цело време поентата ми е дека презимињата со суфикс -ски изведени од лични имиња, стануваат застапени на територијава по ВСВ. Јас би била благодарна за извор дека краљевина СХС ја додава наставката -ски кон презимињата на Македонците? Прв пат слушам такво нешто. На првиот и вториот список што ги постираше сите се од Битола. Тука има и гркоманско-влашки и еврејски презимиња и пак речиси третина од оние на последниот список завршуваат на -в. Останатите очигледно кога им било побарано семејно име, спомнувале дедо, татко (патроним), којзнае до каде им бил познат концептот презиме. На -ов/-ев завршувале презимињата на безмалку сите револуционери, дејци родени во 19. век. Јас не напишав дека немало исклучоци, и денес не сите Македонци се презиваат на -ски, така ни порано не се презивале сите на -ов, -ев, но грото сигурно. Имам документирани докази дека мојата фамилија по таткова страна, од -ов преминале на -иќ, потоа во кралството не ми е јасно зошто, но уште еднаш го промениле презимето и земале друго на -иќ, а од ВСВ немам документи и не можам да тврдам, ама веројатно биле пак на -ов. По мајка е друга приказна, нејзиното моминско и моминското на нејзината баба се нетипични презимиња, ги чуваат повеќе од еден век и се карактеристични само за тие две фамилии.