Како што е случај и со поголемиот дел од Европа и целата западна/христијанска цивилизација. Под византиски сигурно подразбираш (старо)грчки. Која е твојата поента, дека Македонците не се Словени?
Во Русија, Украина, Белорусија, и делумно во Полска огромен дел од популацијата има типични славјански имиња. Секако дека има словенизирани хебрејски и перскиски имиња, но најголем дел се словенски. Србија има многу словенски имиња типични само ним. Душан, Вукашин, Немања, Милан, Страхиња, Богољуб, Богдан, Бојан, Боривоје, Бранимир, Бранислава, Будимир, Вељко, Властимир итн...Тие имиња никогаш не поминале во Македонија, а граничиме со векови. После Втората светска војна почна ставање типични славјански имиња како помодарство и како дел од СФРЈ. Од друга страна кај Македонците секогаш доминирале латинските, византиските, персиските и хебрејските (православните) имиња. Македонија е крстосница низ која поминале многу народи и племиња. Нашето потекло во најголем дел е латинско/византиско/ориентално.
1. Влијанието на грчката патријаршија било премногу силно. 2. Се работи за мешанци на кои им било еднакво природно да говорат словенски јазик и да користат грчки имиња. По мое, и едното и другото е точно.
Една мапа кажува нешто Ако е тоа жолтото словенски елемент(повеќе од пола во Русија, Полска), отприлика, според регионот, Македонија има толку словенски елемент колку и ...Данска
Па, не би се сложил баш. Машката популација во Србије варира помеѓу 180-200 цм висина. Македонците помеѓу 170-185. Александар Вуќич 195 цм, Милорад Додик 195 цм, Иван Стоиљковиќ (ДПСМ ) 192 цм, Перо Антиќ 213 цм, Тони Симиќ 210 цм, Сања Николиќ 182 цм итн... Зоран Заев 172 цм, Никола Груевски 175 цм, Љупчо Георгиевски 172 цм, Влатко Лозановски 172 цм итн, итн... Во Србија има многу посветла популација отколку во географска Македонија. И, физички доста се разликуваат од нас по висина, црти на лице, масти на тело, влакнатост. Помеѓу Македонците многу е мал процент на луѓе со светла коса и светли очи, освен во пробиштипско каде се населувале Германи. Во географска Македонија има многу повеќе претопено античко/латинско население во далеку помалубројната словенска популација. Затоа и не личиме толку на Словени.
Не знам од кај излезе споредбава со Србите. Јас сум бела и светла, мојот тен е енглески како и на моето најтесно семејство, имаме и луѓе со пегички во фамилија Во Србија процентот на светли наспроти калеши луѓе е ист како во Македонија. Единствено дека се во просек повисоки држи вода, но и во Мк не се сите ниски. Па јас имам роднини дивови од 1.90.
Го имам прочитано ова истражување уште кога јас правев Myheritage тест и испадна дека имам над 50% Украински гени, што не е точно. Потоа докторот ми објасни дека R1a геномот е типичен за slav она што ние го нарекуваме словен (односно личност која говори на некој од словенските јазици). Едноставно Македонија е мала и по територија и по население па често не поврзуваат со останатите slavs. Значи, во Македонија преовладува R1a геномот што не прави различни од останатите соседи. Пример, Албанија и Србија имаат Е геном, Грција си го има G и Ј2, Хрватска I2a2, итн. @Abracadaver цела моја фамилија е светла со светли очи и коси, а знаеме потекло од 16ти век? Сакаш да кажеш дека светлите Македонци не се Македонци?
Знам дека е поретко, мене поради светлиот тен луѓе ме гледале чудно. И тие коментари како дете "зошто си толку бела".
Искрено немам впечаток дека повеќето Македонци имаат потемен тен? Јас сум многу светла, исто и други од мое семејство, ама и многу луѓе што ги познавам се баш онака бели како да немаат излезено на сонце.
@Аргентина * @Kanya @Angie1432 Зборуваме за генералната популација што ја гледаш кај Македонците. Не за поединци. Сигурно дека не има шаренило, но вадиме чист просек. Вие сигурно имате некое немакедонско далечно потекло од северните краишта, затоа сте и толку светли.
Meне странци ми рекле дека личам на Турчинка и на Шпанка, и ми објаснија зошто „имаш црни веѓи, црни трепки, темна коса“. Инаку, тенот не ми е нешто темен, ама и не сум како Германка. Немав што да кажам само реков „пет века сме биле под турско ропство“.